Не сконтаф баш што е бељата. Сега сум у нет кафето кај што работеф порано (пред два месеца престанаф) а бре хаос се машините, јас додека работеф таму беа пристојни за сурф, сеа само игрите се до некаде арни.
Сепак го видоф клипот но не го слушнаф, слушалките овојпат заебаа работа или подесувањето на соунд-бластерот, уотевер. Немам администраторски пас веќе па да чепкам.
А бре на вакви работи.... сум видел и јас и тоа у живо.
У основно на некој квиз што беше на ниво на општина у Дане Крапчев у Маџари. Од моето основно беа пратени трите најголеми бубалици (една дипломираше економски у рекорден рок, втората ке напраи тоа на фармација а третата не знам шо студира).
И пази ги кретенките... сеа не памтам примери ама имаше толку многу очигледни и лесни (барем за мене) прашања кои бараа енциклопедиско знаење и тоа не премногу (основни школи се натпреваруваа), и типките ПРОМАШУВАА!!!
Грешки сме луѓе праиме!!!