Миле Спировски, прв македонски пратеник во Српското собрание

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Миле Спировски од Демократската партија на Македонците во Србија, е првиот македонски пратеник што ќе седне во Српското собрание.
Демократската партија на Македонците на вчерашните парламентарни избори во Србија настапи како дел од коалицијата „Покренимо Србију“ во соработка со Српската напредна странка на Томислав Николиќ.
Според изборните резултати Спировски бил на 26. место на кандидатската листа, а партијата на Николиќ освоила 73 места во Собранието.
Демократската партија на Македонците во Србија очекува и 20 советнички места на локалните избори кои се одржаа во земјата.
Академски сликар и професор
Миле Спировски е академски сликар и професор. Работи во основното училиште "Гоце Делчев" во Јабуце, каде бил и директор од 1994 до 2000 година. Тој е основач и организатор на меѓународна ликовна колонија за деца во истото место.
Во Демократската партија на Македонците се зачленил во март 2008 година, а во 2010 година бил избран за претседател на партискиот Извршен одбор. Во мај 2011 година на вонредно собрание бил избран и за претседател на партијата.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3390460A1624444281C45F3366760899
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Веста е многу пријатна но Г-дин Миле Спировски никако не може да се нарече „ прв македонски пратеник во Српското собрание “
Петар Ичко, живеел многу порано:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Петар_Ичко
А да не зборувам за Никола Пашиќ:
http://en.wikipedia.org/wiki/Nikola_Pašić
Ако почнам понатаму да набројувам, три дена ќе ми бидат потребни а нема ни една дестинака да набројам од славните Македонци.
Ние Македонците, сме дале многу за нашите комшии...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Веста е многу пријатна но Г-дин Миле Спировски никако не може да се нарече „ прв македонски пратеник во Српското собрание “
Петар Ичко, живеел многу порано:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Петар_Ичко
А да не зборувам за Никола Пашиќ:
http://en.wikipedia.org/wiki/Nikola_Pašić
Ако почнам понатаму да набројувам, три дена ќе ми бидат потребни а нема ни една дестинака да набројам од славните Македонци.
Ние Македонците, сме дале многу за нашите комшии...
Добар ти е овој македонцов Пашиќ..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Спирковски: Ќе се залагам за изучување на македонскиот јазик

Миле Спирковски, единствениот пратеник Македонец во новиот состав на парламентот на Србија за Дојче Веле најави дека првенствено ќе делува за зачувување на националниот идентитет, вредности и интереси на припадниците на македонската национална заедница.
Согласно програмата на Демократската партија на Македонците Спирковски ќе ги штити интересите на Македонците во парламентот на Србија во насока на заштита на националниот идентитет и гарантираните права.
Од оваа учебна година за првпат е воведено факултативно изучувањето на македонскиот јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Јабука. Ќе се заложам за изучување на македонски јазик и во други градови во Србија, каде мнозинство се Македонците, потенцира Спирковски.
„Треба согласност од петнаесет родители за во училиштата да се воведе изучувањето на македонскиот јазик со елементи на националната култура. Тоа во Јабука веќе го имаме воведено, но имаме и места како Качарево, каде што има повеќе Македонци, потоа Пландиште, Глогољ и други места во Србија, каде исто така ќе се залагаме за воведување на македонски јазик во училиштата“, вели Спирковски.
Тој информира дека во соработка со Националниот совет на македонската национална заедница во Србија и натаму заеднички засилено ќе се залагаат - македонските деца во Србија уште во градинките да го изучуваат мајчиниот јазик.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83765/spirkovski__kje_se_zalagam_za_izuchuvanje_na_makedonskiot_jazik.aspx
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Добар ти е овој македонцов Пашиќ..
Вистина потекнува од Тетово значи потеклото му е такво ама тоа што воопшто не се осеќал така и што е еден од најголемите крвници наши тоа е друга работа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom