Миленко Неделковски Шоу

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
ти си знајш прашај си таму што бил
Сеуште етикетирањата ти се единствена контрааргументација во репликите.
Браво! Напредуваш :helou:
тоа што тие тројца се членови на одборот не го прави Панчевски нечлен :)
Тоа што тие троица се членови на одборот, значи дека денес "соросоиди" ни ја водат државата.
Ти беше оној кој во времето кога постоеше политиката на Кајгана секојдневно плукаше по (цитирам) "соросоидните изроди", не јас.

Извесниот Панчевски можеби некогаш бил член на СДСМ, но никогаш не бил функционер или раководно лице во партијата, што ќе значи, истиот може да зборува и дава осврт на настаните од негово лично име, но никако неговите мислења не треба да се персонифицираат со функционирањето и ставовите на партијата СДСМ, како што чобанот Миленко во неговата емисија сакаше да го претстави.
Еве, во моментов до мене имам еден пријател што до неодамна беше член на ДПМНЕ, па ми сугерира да те замолам да му пренесеш на Миленко да го покани како гостин во следната емисија во која тој би го објаснувал начинот на кој денес функционира криминалот на фамилијата во ДПМНЕ. Баш ме интересира како Миленко би го најавил ?
Реално, најавата беше предимензионирана, нема шанса никој од нив да се појави, убеден сум дека ќе продолжат да се кријат.
Миленко е само политички авантурист желен за егзибиционизам.
Хипотетички, дали утре тој би гостувал во мојата емиисија доколку го најавам како - гадот кој му се пика у гаѓи на премиерот. Човкот кој правеше криминал со лажни визи. Екологот за кој ОКТА чадеше само во времето додека не беше актуелен скандалот со писмата на премиерот. Btw, ОКТА сеуште чади, но Миленко освен мирисот на премиеровите боксерки, друго и не е во состојба на намириса. Одиме понатаму - Патриотот кој откако ќе згусти прашањето со името, веднаш почнува да прави оф роуд и НЛО емисии, и најавува дистанцирање од политичките теми. И за крај - претенциозното створење кое мисли дека околу неговиот часовник се врти целиот свет.
Ах ќе заборавев - Југоплачко, пеер, буљаш и самобендисана стока......и уште еден куп вистини, невистини, полувистини и конструкции.

Вака, по теркот на неговите најави, би требало да биде најавен Миленко Неделковски во мојата хипотетички замислена емисија.
Што мислиш, дали би прифатил гостување.
Не ми е јасно се плука на СОРОС значи сите луге што се блиски до сдсм а се во сорос се предавници. Членови на управен одбор биле и Паско Кузман близок човек до премиерот. Кој е промотор на македонската историја барм внатре во државата. Горги Иванов претседател изгласан од луге кој ги осудуваат сите оние кој се поврзани со сорос, па дури и тврдото крило на вмро Јован Донев кој се залага за прекинување на преговорите за името биле во управен одбор на сорос .
Забелешката ти е сосема на место, иако не верувам дека некој од претставниците на десната политичка провиненција ќе може да ти даде било каков одговор.
и да ти кажувам нема да ми веруваш, оти те гледам пристрасни коментари даваш
Како не му е срам така пристрасно да коментира.
Треба да се знае у ова држава дека единствен репер за незавсно политичко коментирање се ставовите на Миленко Неделковски и Алекс Тхе Големиот :pov:
Булшит!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Извесниот Панчевски можеби некогаш бил член на СДСМ, но никогаш не бил функционер или раководно лице во партијата, што ќе значи, истиот може да зборува и дава осврт на настаните од негово лично име, но никако неговите мислења не треба да се персонифицираат со функционирањето и ставовите на партијата СДСМ, како што чобанот Миленко во неговата емисија сакаше да го претстави.
Еве, во моментов до мене имам еден пријател што до неодамна беше член на ДПМНЕ, па ми сугерира да те замолам да му пренесеш на Миленко да го покани како гостин во следната емисија во која тој би го објаснувал начинот на кој денес функционира криминалот на фамилијата во ДПМНЕ. Баш ме интересира како Миленко би го најавил ?
Панчевски само даде реален осврт на настаните ништо повеќе ништо помалку
а за пријателот твој види исконтатирај го Миленко и сам прашај го
Миленко е само политички авантурист желен за егзибиционизам.
Хипотетички, дали утре тој би гостувал во мојата емиисија доколку го најавам како - гадот кој му се пика у гаѓи на премиерот. Човкот кој правеше криминал со лажни визи. Екологот за кој ОКТА чадеше само во времето додека не беше актуелен скандалот со писмата на премиерот. Btw, ОКТА сеуште чади, но Миленко освен мирисот на премиеровите боксерки, друго и не е во состојба на намириса. Одиме понатаму - Патриотот кој откако ќе згусти прашањето со името, веднаш почнува да прави оф роуд и НЛО емисии, и најавува дистанцирање од политичките теми. И за крај - претенциозното створење кое мисли дека околу неговиот часовник се врти целиот свет.
Ах ќе заборавев - Југоплачко, пеер, буљаш и самобендисана стока......и уште еден куп вистини, невистини, полувистини и конструкции.
за името организираше митинг кој беше масовен и уште неколку трибини
НЛО емисиите беа од сам почеток
оф роуд емисиите се нешто ново и одлично
за името посветени беа и ќе бидат многу емисии
за окта не ти коментирам ќе ти текне зошто
а за животот на Миленко пробај книга напишиму

Вака, по теркот на неговите најави, би требало да биде најавен Миленко Неделковски во мојата хипотетички замислена емисија.
Што мислиш, дали би прифатил гостување.
Забелешката ти е сосема на место, иако не верувам дека некој од претставниците на десната политичка провиненција ќе може да ти даде било каков одговор.
Како не му е срам така пристрасно да коментира.
Треба да се знае у ова држава дека единствен репер за незавсно политичко коментирање се ставовите на Миленко Неделковски и Алекс Тхе Големиот :pov:
Булшит!


1. Alex The Great не е тема на муабет, па ако имаш нешто со него повели на пп
2. Левицата е таа која одбива покани
3. ти барем немој да говориш за пристрасност
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Преку споредбата со Спрингер и Миленко мешаш баби и жаби, кои во твојата свест изгледа дека се едно исто. Не може да постои никаква споредба меѓу двајцата ни како концепт ни како содржина. Тоа само тенденциозен човек може да го каже.

Диускусиите кои Миленко ги води се далеку од плитки. Напротив, кај Миленко најчесто има што да се научи, а истовремено емисиите му се забавни.

Со Миленко се имам сретнато еднаш, моја оценка е дека се работи културен и добар тип, кој спрема мене -- дотогаш непознат човек -- беше максимално фер и коректен. Што не може да се рече за еден Чомовски и слични на него на пример.

Мене лично многу ми се бендисува емисијата и стилот што Миленко го фура, а мислам дека е така со мнозината гледачи.
Хаха и на Џери шоуто така му почна и продолжи да се деградира се поеќе и поеќе и денес најновите епизоди му се чудо во споредба со тие што ги даваа. А за водење ист тип се сега не сум јас крив што во ниту една посерриозна политичка емисија во УСА не се дава да ја водат вакви водители. Вајда имаат и амерканците некои стандарди и знаат до каде можат да одат.

А што се однесува до Џери он е попаметен и поучен најверојатно од сите пополуарни водители заедно, ама тоа е кога ќе видиш што води и како води малку му вреди. инаку и неговото шоу почна како политички ориентирано ама кога почна да се занимава со ниски стантови за да привлече внимание, па сега гледаме на што личи.

И од Цери може поеќе да се научи одколку од миленко, научив што се трансексуалци, како да мамиш, лажеш, изневеруеш успешно како да се тепаш и глупираш кога те снимаат со камер итн.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Панчевски само даде реален осврт на настаните ништо повеќе ништо помалку
Господинот X беше најавен како "ГАД", и прифати како таков да гостува. Зарем тоа не зборува доволно за него и за ниските страсти на водителот на емисијата ?
а за пријателот твој види исконтатирај го Миленко и сам прашај го
Тешко. Пробав, но со егоцентрист не можеш да делиш различни мислења.
за името организираше митинг кој беше масовен и уште неколку трибини
Зборувам за афтер Пела ефектот кога предавници и изроди беа сите оние кои ќе спомнеа некаков компромис. Денес власта компромисот не го вади од уста, но наместо предавник, Грујо е „лоунер“, осаменик....поединец против сите :tv:
Цццц...беда!
за името посветени беа и ќе бидат многу емисии
Бомо видјели, но доколку по утрото денот се познава, чисто се сомневам.
1. Alex The Great не е тема на муабет, па ако имаш нешто со него повели на пп
Знчи Алекс може да ја коментира независноста и пристрасоста на другите, а другите не смеат да ја чепнат неговата т.н. "независност".
Дај не биди смешен.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Господинот X беше најавен како "ГАД", и прифати како таков да гостува. Зарем тоа не зборува доволно за него и за ниските страсти на водителот на емисијата ?
со сила никој не го натерал да гостува
Зборувам за афтер Пела ефектот кога предавници и изроди беа сите оние кои ќе спомнеа некаков компромис. Денес власта компромисот не го вади од уста, но наместо предавник, Грујо е „лоунер“, осаменик....поединец против сите :tv:
Цццц...беда!.
Политика одамна ја укинаа

Знчи Алекс може да ја коментира независноста и пристрасоста на другите, а другите не смеат да ја чепнат неговата т.н. "независност".
Дај не биди смешен.
1. Alex The Great не е тема на муабет, па ако имаш нешто со него повели на пп
3. ти барем немој да говориш за пристрасност
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
А па не морам на секоја тема да пишам :)

Сериозно, не гледам многу ТВ (освен ако нема фудбал, а и тоа малку) така да не го гледам ни Миленко. Порано го следев, интересни емисии имаше, и како новинар ми е интересен. Ми се допаѓаа емисиите што ги правеше околу фудбалот.

Бидејќи сега во последно време емисиите се исполитизираа, а јас со политиката се скарав за век и веков (ороспија е да ми извините), немам воопшто намера да гледам. Мислам не критикувам, во ред си е да постојат такви емисии и луѓе да ги гледаат. Ама јас ќе прескокнам, фала многу.

Толку од мене на темава. И не ја политизирајте и не се расправајте за политика, ќе делам црвени ич не ме интересира кој е за кој е контра. :smir:
Нема да делам црвени. Но форумот политика се затвори. Овде се дискутира за емисиите само од аспект на квалитетот на програмата.

:locked:
 
Ф

Флеш

Гостин
НАПОМЕНА :

ДРЖЕТЕ СЕ ДО ТЕМАТА И НЕ ЗАБЕГУВАЈТЕ СО НАЦИОНАЛНИ НАВРЕДИ ... ПОЧИТ !!!





Late Night Show или Миленко Неделковски Шоу e македонска популарна емисија, кое е водено од страна на Миленко Неделковски и се емитува на Канал 5 телевизија,секој петок после Полноќ . Содржината на емисијата си е стандард, ИСТИ ГОСТИ - РАЗЛИЧНИ ТЕМИ. Секој петок ќе гледате најмалки петмина од 10 интелектуалци, аналитичари, експерти, уметници, доктори на науки и професори кои се колат меѓу себе на теми поврзани со политика,геополитика,историски случувања итн .... Секако не се забораваат и индиректни гости како од Странство ,така и Домашната сцена ....

Официјални линкови на емисијата се :

Миленко Неделковски ( FaceBook)
Миленко Неделковски ( YouTube )


Оваа тема е посветена за дискусија,фан база и останатото ....

Напомена : Не забегувајте, повторно ..... :)

Благодарам
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Терајте си ја темава како што си е почната. Форматот на емисијата не е посветен (исклучиво) на домашна политика и се надевам темава нема да ја уништите во првите две мислења бидејќи членот кој ја отворил темава не ни има за цел да се дискутира политика. Колку што имам загледано емисијава има обработувано теми за геополитика, историја и што ти ја знам кои можат да бидат искористени како предмет на дискусија. Ако видов во последната емисија имаше гостин некој Италијанец кој зборуваше за геостратешка политика, ете пример за што би дискутирале.

Ако не може да се контролира темата ќе биде заклучена или ќе ја фрлиме во канта. Многу е едноставно.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Емисијата ја имам гледано неколку пати од љубопитност,и не ми се допаѓа.Гостите му се самонаречени аналитичари и експерти,секоја втора емисија гости се Мирка и Латас,кои за мене се квази интелектуалци исто како и водителот,некои од гостите се тотални анонимуси без никаква позадина од областите за кои се претставуваат како експерти.Од моја гледна точка емисијата е само критикување на опозицијата,НАТО и ЕУ,сите се претставени како мразачи на Македонија.Ова е само мое мислење,немора да го сватиш како навреда против твојата омилена емисија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Како што реков, без оглед каква тема се обработува во емисијата, кои и да се надворешни гости како неколкуте од странство, не може да не се забележи фактот дека целата емисија со се водителот е обично пропагандно шоу. На времето ја следев навистина, и бев и член на неговиот форум, имав во тоа време позитивно мислење за човекот и општо за необичниот концепт на емисии. Најискрено мислев дека Миленко е интересен лик, патриот, дека е нешто ново на медумската сцена, но се уверив во спротивното, почнувајќи од се поголемото политиизрање на емисиите па до „демократијата“ на неговиот бивш форум.

Но сега речиси не сум ја погледанал емисијата повеќе од 5-6 минути, не можам да го сварам како лик, без оглед за што се зборува, он секогаш ќе најде начин тоа да го поврзе да ги исфали своите спонзори и нормално да ги сатанизира оние другите, шо во суштина му е работа, како шо реков си ја одработува својата слобода.

Апсолутно негативен и токсичен медумски лик.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не знам зошто ми беше избришано првото мислењето немаше ништо посебно што наведува во политички правец. Јас не знам во биографијата на овој човек и неговите емисии што вредно има да се спомне. Ај само емисиите во кој шеташе низ Р. Македонија и не запознаваше со прекрасни предели, му се признава. Ама во другите расни, верски и национални навреди и испади. Сметање на сите освен Македонците за нижа раса, поставувајќи ги Македонците како најинфериорни. Тие работи 21 век не фала, мислам дека од секоја страна на Балканов треба да се заборават некој работи и да живееме во мир. Звучам како Нобеловец за Мир со постовов, ама мака ни е на сите веќе..
 
Ф

Флеш

Гостин
Емисијата ја имам гледано неколку пати од љубопитност,и не ми се допаѓа.Гостите му се самонаречени аналитичари и експерти,секоја втора емисија гости се Мирка и Латас,кои за мене се квази интелектуалци исто како и водителот,некои од гостите се тотални анонимуси без никаква позадина од областите за кои се претставуваат како експерти.Од моја гледна точка емисијата е само критикување на опозицијата,НАТО и ЕУ,сите се претставени како мразачи на Македонија.Ова е само мое мислење,немора да го сватиш како навреда против твојата омилена емисија.
Во ред е, немам ништо да кажам,сепак не е само Мирка или пак Латас , го имаш и Владо Бучковски кој сепак е еден од централните актери на македонската политика . Во врска со темите на емисијата,не е само Нато ,Еу и СДСМ ... батали стереотипите дека е само тоа ... имаш теми како подемот на Кина, војната во Сирија , Револуцијата на Арапскиот Свет, Израел со односите во Блискиот Исток ... секако и за спорот со Грција,војната во 2001, значи за многу добри теми се говори,а не се само тие кои ги набројав ... ги имаше добри гости како пратеници од Полска,Италија ,секако и многу добро познатиот Thierry Meyssan кој е познат во светски рамки како зачетник на 9/11 заверата ,добро еден од зачетниците :)
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.958
Поени од реакции
11.762
Порано емисиjата му беше поинтересна. Сега само збори за античките словени и опозициjата. Досаден е.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Во ред е, немам ништо да кажам,сепак не е само Мирка или пак Латас , го имаш и Владо Бучковски кој сепак е еден од централните актери на македонската политика . Во врска со темите на емисијата,не е само Нато ,Еу и СДСМ ... батали стереотипите дека е само тоа ... имаш теми како подемот на Кина, војната во Сирија , Револуцијата на Арапскиот Свет, Израел со односите во Блискиот Исток ... секако и за спорот со Грција,војната во 2001, значи за многу добри теми се говори,а не се само тие кои ги набројав ... ги имаше добри гости како пратеници од Полска,Италија ,секако и многу добро познатиот Thierry Meyssan кој е познат во светски рамки како зачетник на 9/11 заверата ,добро еден од зачетниците :)
Знам дека има и други гости,ама се ретки,на 5 емисии по еден нов анонимус,а кога станува збор за Бучковски ќе мора да кажам дека беше еден од централните актери во македонската политика само кога беше премиер,ама ништо значајно не направи во неговата политичка кариера,освен со тенковските делови што направи нешто за себе.Потоа се доближи до позицијата поради неговиот судски процес,надеваќи се дека ќе биде поштеден.Такви политичари за жал не почитувам.Thierry Meyssan е човек кој мене ми делува како нестабилна личност,ја гледав емисијата,запознаен сум со него од порано и неговите теории се за мали деца,и не би сакал да навлегувам подлабоко во тоа.Темава беше за дискусија,да не испадне како препукување,само споделувам мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom