Мигрирање на PHP во .NET

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.685
Насловот е јасен... А инспириран е од секојдневието, поконкретно, огласниците, pazar3 и reklama5. Оние првите мигрираа на .net платформата пред повеќе време, и како корисник мислам дека се заебаа. Ем го сменаа дизајнот (на полош, според мене) ем Ajax-от им работи безвеза и безпотребно, сликите лошо се вчитуваат. Од денес гледам и reklama5 го следи нивниот пример, ама и нив не им работи како што треба. Пребарајте Mercedes во Скопје и пробајте да ја отворите втората страна... на првата резултатите се ОК, ама на втората ги отвара сите категории (пребарувањето по клучен збор го нема) од Скопје. Дизајнот го задржале, ама евидентно е побавното работење на системот.

Како и да е, еве го моето исуство:

Конкретно јас можам да кажам дека имам тестирано на празни бази (тестот го правев 6-7 пати и локално и на сервер резултатот беше приближно ист), креирање табела и запишување 15.000 записи во неа (sql) и времето потрошено за внесување изледаше вака
- MS SQL (околу 5 секунди)
- MySQL (околу 15 секунди)

што ме доведува до заклучок дека MSSQL е побрз (очекувано, се плаќа 3 пати повеќе). Реално гледно, сајт со MSSQL база треба да работи побрзо. A идиме до моментот, големи сајтови да работат побрзо и подобро на PHP отколку на .NET... Инаку имам познавање и од PHP и од .NET така да горе долу која технологија ќе ја работам ми е сеедно, најчесто пресудна улога има цената на хостингот.

Прашањето е, дали вие би направиле ваква миграција? ДА или НЕ? И зошто?
 
P

Princ

Гостин
Ако пресудна ти е цената на хостингот, не гледам што да се муабети, Linux хостингот е далеку поефтин од Windows :)
Инаку, чисто ме интересира, како го изведе тестот? На ист хардвер, итн, сите процедури за фер споредување?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.325
Дон'т НЕТ е срање платформа научно докажано.
Ова го зборам од директно искуство во работа со Ноу НЕТ сајтови и корисничко искуство кога базата на порталот вчитува запис два саати.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.685
Ако пресудна ти е цената на хостингот, не гледам што да се муабети, Linux хостингот е далеку поефтин од Windows :)
Mене не ми е пресудна, на корисникот му е... кога ќе му кажиш цена за Линукс хост, и Windows (со иста конфигурација) иди дека ем се 4-5 пати стартно поскапи, ем за Windows наплаќаат за се... за верзија на SQL наплаќаат да имаш на серверот бе замисли, имам сајт направено со Аccess база (на денешно време) само да немора да плати клиентот екстра за sql 2008 (во глобала исто функционира само што базата се поставува преку FTP и конекцијата треба да биде OleDbConnection наместо SqlConnection).

Инаку, чисто ме интересира, како го изведе тестот? На ист хардвер, итн, сите процедури за фер споредување?
На домашната машина, инсталиан Wamp 2.1 и SQL 2008. Кодот за запишување, обичен INSERT напишан во SQL (без никаков код од типот на PHP/.NET). Шо конфигурација беа серверите незнам, ама добив приближно ист резултат во време.

Дон'т НЕТ е срање платформа научно докажано.
Ова го зборам од директно искуство во работа со Ноу НЕТ сајтови и корисничко искуство кога базата на порталот вчитува запис два саати.
Сум немал ваков проблем досега, ама нити пак сум имал поголем сајт изработен во .NET... Најчесто сите се мали, нормални сајтови, без многу записи, па функционираат горе долу исто.

Инаку, темата ја отворив за да добијам размислувања и искуства, особено кога базата е полна со податоци. Пошто добар дел од “програмерите“ што ги среќавам низ државава, имаат сличен став : „Ако сакаш да ти биде добро, функционално, мора да биде Microsoft. Најдобрите компании го користат, од таму тргни“. Ме убија со тоа, никако неможам да им докажам дека бесплатен скриптен јазик (PHP e скриптен, не е програмски, за тие што не знаат) е далеку поарен од срањата шо ги продава Microsoft. Башка најдобрите компании, ветер во магла, на секој попаметен ќе му светни сијаличката дека освен име со .NET не се добива ништо. Барем исти да беа, гледам дека .NET -ов (барем кај македонските полни сајтови) е многу полош од PHP...

п.с. го исклучувам сајтот вработување. Тој е PHP базиран, ама еве вака ќе ви кажам. Имав прилика да погледнам, во базата има 1 табела со 130 полиња. Записи > 5 милиони. Логично е сервер да вчури на толкава обработка :)
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
И сеуште не разбрав дали споредуваш системи за база на податоци или асп.нет со ПХП.
Бидејки пхп работи и со MS SQL толку добро колку што работи и со МySQL тоа важи и за асп.нет.

130 полиња. Записи > 5 милиони

И сите 130 полиња ги зимат во секој селект?
 
Член од
16 септември 2011
Мислења
20
Поени од реакции
18
Јас како програмер у PHP , поддржувач на слободен софтвер , веб девелопер на доста големи проекти со многу бази ќе ти кажам неколку работи.
Прво , зависи од енџинот , дали InnoDB , MYISAM и други :)
Второ , како ги изведуваш инсерт? Дали командите се идентични?
Трето и многу важно , како ги добиваш временските резултати? Дали преку лоадинг на страната (фактори: timeout , кешинг , опции и многу други ср**а) , microtime или 3то лице еднина(Query Browser)?
Четврто , зошто не го изведеш експериментот без PHP/ASP туку само преку шел? Така ќе добиеш точни резултати околу тоа. А за PHP/ASP можеш други тестови да извршиш.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
.NET-от е наметнат уште од школските денови, затоа сите млади програмери мислат дека .NET е алфа и омега во ИТ светот.
Да сум он топик и да не го тупам уште со епската тема .NET vs PHP мигрирање од PHP во .NET е лудост и незнам кој разумен би го направил тој чекор. Причини?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.325
Наметнат е зошто нашите професори се добро нафатирани од Чичко Микроби.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.685
И сеуште не разбрав дали споредуваш системи за база на податоци или асп.нет со ПХП.
Бидејки пхп работи и со MS SQL толку добро колку што работи и со МySQL тоа важи и за асп.нет.
Споредувам општо, дали е рационално да се мигрираат страници... пошто гледам дека кај нас го прават тоа.

Инаку, можиш да ги мешаш базите на податоци независно од технологиите, ама ти би платил 60 евра за MS SQL база да хостираш една година? Ако треба да врзувам .NЕТ со MySQL, по автоматизам имаш и Linux хост, така да .NET отпаѓа од старт...

И сите 130 полиња ги зимат во секој селект?
Кузнај шо прат... од IP адреси до локации на слики имаат запишано. И да не ги земаат сите, доста е да речиш select * where datum between 'dat1' and 'dat2' па да вчури серверот.
--- надополнето: Oct 18, 2011 7:36 PM ---
Четврто , зошто не го изведеш експериментот без PHP/ASP туку само преку шел? Така ќе добиеш точни резултати околу тоа. А за PHP/ASP можеш други тестови да извршиш.
Е така е извршен де... директно, без програмски inserti, чисто copy-> paste на SQL
 

McMurphy

натчовек
Член од
14 ноември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
33
Ако сакате да тестирате бавни бази во микрософт технологија одете на т мобајл и т хоум сајтовите..
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Незнам по кој пат се прават вакви споредби, но за да не бегам офтопик ... миграцијата не верувам дека е поради подобрување на перформанси и сл, туку веројатно на барање за надградба програмерите налетале на ново решение со отворен код па им го протуриле :)
А за тоа што би одрбал ... па зависи од проектот нормално. Во моментов паралелно терам два сајта, едниот е PHP а другиот .NET (и тоа VB), но изборот не е направен затоа што некој од избраните јазици или платформи се помоќни, туку поради брзината на пристигнувањето до крајната цел - готов веб сајт.
 
Член од
25 декември 2007
Мислења
3
Поени од реакции
1
ke si stavite keshing i nema da mu treba 2 saati konekcija da pravi do baza, btw php vs .net e isto kako Bmw vs Mercedes :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom