Јас имам мигрена со аура. Значи сат - два пред болките, го губам видот т.е. не го губам буквално туку како да се загледаш во сонце 1 мин и после се со светки гледаш. Грч на раце и нозе, на јазик со шо губам говор. Од ко ќе завршат сите симптоми, тогаш почвит јаката главоболка и повраќање.
Чаре немат. Со то живеам веќе 15 години. Добро е шо не е често, еднаш годишно, некогаш двапати, некогаш еднаш на две години.
За тие шо имет симптоми пред болката добро е да се напијат аспирин од 500мг чим ги осетат симптомите и задолжително некое апче против болки. Да легнат во скроз темна просторија и да немат никаков звук и да заспијат. Така многу пати сум ја спречил. Во случаи ко ке нестигнам на време да го напрам ова има едни таблети ЗОМИГ. Кај нас ги немаше ги набавив од Србија а ги имат и во Грција. 13 евра 3 таблети. Се пие по едно дур не се намали болката, не повеќе од 2 мислам.
Овие таблети ми ги даде Др. Демерџиев од Систина.
Мада јас не останвав на тие само, земам и други пропратни за болка зошто стварно не е изджливо.
Имам читано дека кај секој човек различна работа ја предизвикуват мигрената, кај некој глутен, кај некој сонце и многу други... Али то е многу тешко да се откриет. Требит дневник да се водит и после години елиминација на предизвикувачите да се стигнит до вистинскиот.
Мене 80% ми се од сонце, али имав и 2 во зимски период кога немаше сонце. Никогаш немојш да си сигурен.
Се надевам ова ќе помогнит на некој.