Пулсирачки болки, бучење во главата - главоболката е масовна, а мигрената - едностраната болка во главата е посебно мачење. Оној кој страда од мигрена има само еден излез: целосна изолација, спуштени ролетни, мир, спиење.
Жените повеќе страдаат од ужасните болки, придружени од лошење, повраќање, неподнесување светлина и звук. Зошто мигрената ја претпочита фазата на спокојство, зошто се појавува токму во деновите за одмор - специјалистите не се едногласни во објаснувањата. Специјалистите се едногласни во врска со едно нешто: земањето силни медикаменти за намалување на болката е погрешниот пат. При редовна употреба на истите ве прави зависни, предизвикуваат оштетувања на црниот дроб.
Пет точки за отстранување на главоболките.
1 ЧЕКОР: Дијагнозата. Со истата зачестеност како мигрената се среќава и главоболката поради напрегање, а тоа се лекува на сосема различен начин. Тапата болка, чувството на притискање не се засилува при телесни движења. Типично за ваквата главоболка е што се појавува при стрес и после тоа бавно се засилува.
2 ЧЕКОР: Заклучете кои се причините. Причинители можат да бидат промените на времето, стрес, овулација, долго спиење, светлина, алкохол и одредена храна.
3 ЧЕКОР: Избегнувајте ги медикаментите. Доколку докторот ви препишал специјални апчиња за мигрената, тоа нема да ви помогне за подолг период. Токму обратно - вие многу лесно ќе влезете во еден круг: самиот медикамент предизвикува лошење, отежнато дишење или вртоглавици, а на тој начин повторно мигрена...
Совет: Се почесто докторите, приврзаници на природната медицина, препорачуваат при (инцидентни) болки во главата - ароматерапија. Мирисите делуваат на вегетативниот нервен систем. Тие опуштаат, освежуваат и стимулираат. Против главоболка се препорачува ментол масло кое се нанесува на челото и слепоочницата.
4 ЧЕКОР: Алтернативни методи на лечење. Информирајте се кај лекарот кои други можности, освен хемијата, би ви ги препорачал. На пример преку акупунктура, масажа, методите на Кнајп и акупресура.
5 ЧЕКОР: Самопомош. Тоа е најдобриот начин. Главната причина за мигрената се психичките и телесните оптоварувања. Тие можат најдобро да се отстранат ако човекот не остави да биде пасивно лекуван, туку сам да допринесува колку може повеќе за процесот на лечење и се грижи за претпазливоста. Општањето на мускулите, тренингот, џогингот ја разлабавуваат напрегнатата мускулатура и дејствуваат смирувачки.