Меѓународно право, договори, конвенции...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дали сакаш да ја оцрниш државата,
Не..
Qui iure suo utitur, neminem laedit
Ова што се случува со наплатата за паркирање во Скопје е спротивно на сите морални и правни норми. Такво нешто не требаше ниту да започне во Скопје. Во овие јавни претпријатија има цели правни служби кои секако ги знаат одредбите од Уставот и законите кои претходно ги цитирав. Според Законот за локална самоуправа, градоначалниците имаат надлежност да не потпишуваат одлуки спротивни на законите. А во Општина Центар има исто така, добро екипирана, правна служба. Јас најнапред се обратив, повеќе пати, на повеќе нивоа, во Општина Центар и усмено и многу пати писмено. Ги молев да не го праваат тоа, бидејќи со тоа не само што се кршат Усатавот и законите туку се прави општа штета. Погледај како е сега опустен центарот на Скопје, погледај колку дуќани се затворени во центарот.Тоа, мое молење и убедување на општинарите траеше речиси цела година. Единствено што постигнав со тоа е што Општина Центар писмено ми забрани писмено да им се обраќам - „ имале многу работа, сум ги попречувал во работата “. И сега јас сум најверојатно единствен на Планетата Земја кому општината му забранила да им пишува.
После ова и после други перипетии, јас поднесувам иницијатива до Уставниот суд. Таа иницијатива е многу издржана, јас можам да ти ја пратам да ја погледаш по која Уставниот суд, на мое запрепастување, се изјаснува дека одбива да поведе постапка по сите точки, дури и некој точки кои се очигледно спротивни на Уставот и законите.
На пример, во одлуката на општината има една одредба со која општината нешто забранува, а тоа е спротивно на основниот принцип на правната држава држава и владеењето на законите, по кој се е дозволено освен тоа што со Уставот или закон не е забрането. А општината не донесува закони.
Јас мислам дека се работи за следново. Во Уставниот суд иницијативите по однос на одлуки на општинско ниво, се разгледуваат од стручни соработници - така стои во Деловникот на Уставниот суд. И веројатно, тој стручен соработник им рекол на општинарите да прекинат со ова бидејќи ќе треба да враќаат пари. Но општинарите не го послушале.
Еве сега зошто општинарите го прават тоа. Тие знаат дека јас сум „ никој и ништо “, дека зад мене не стои никој. Тоа е општинско ниво и ние меѓусебно лично се познаваме. Во мое соседство живее еден општински функционер, ѕид не дели. А јас не ни сакам да бидам „ некој и нешто “ како што се тие.
Ето тоа ми е смачено, општинарите да ме третираат како „ никој и ништо “ и ако зад нас не стои некој и да прават што сакаат.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Многу си бил упорен значи, ако не друго барем си научил некои повеќе работи за уставот и казнениот законик :).
Чудно ми е зошто Општина Центар ти забранила да им испраќаш писмени барања, не смеат тоа да го прават, тие секогаш треба да одговорат на прашања од граѓаните. Во врска со Уставниот суд и прашањето зошто ја одбиле твојата жалба, можам да те упатам до Здружението за Уставно право на Македонија, да им се обратиш писмено или да отидеш лично и да се консултираш, да ти објаснат зошто судот те одбил, дали тоа што го направиле е според деловникот или не. Јас еве ти извадив информации од Златна книга за да не се мачеш ти, адреса бул.Крсте Мисирков б.б., телефон (02) 3117244 ок.123, локација Општина Центар. Таму може да ти објаснат зошто те одбиле од Уставен суд. Здружението за Уставно право се бават со областите што се занимава предметот Уставно право, а една од тие е и Уставниот суд на РМ. Прво јави се телефонски и прашај дали треба да се закажува средба/консултација, ако треба закажи, ако не треба право отиди, али имај писмено барање во тебе за секој случај.
Во врска со меѓународното право нема повеќе опции што можеш да си искористиш во врска со овој случај.
Барањето што си го испратил во Уставниот суд прати ми го на маил ако сакаш, ќе ти го напишам јас преку конверзација.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Иницијативите ти ги пратив по интернет.
Ако, некој друг сака да ги погледа, нека ми јави ја јави, преку ПП - конверзација адресата ќе му ги пратам. Се работи за пеесетина страни, околу 450 КВ.
Не знам дали си го гледал филмот „ Патриот “ со Мел Гибсон. Тоа е филм стар десетина години и се работи за Војната за Независност во Америка.
На почетокот на филмот, главниот лик Бенџамин Мартин ( го игра Мел Гибсон ), учествува на еден состанок на кој се агитира граѓаните да се приклучат кон Револуцијата. И таму се вели, дека ако победиме, нема повеќе со нас да владее Кралот на Англија туку ќе настане демократија, слобода и така натаму.
На тоа Бенџамин приближно вака одговара: „ Никогаш нема да се приклучам кон Револуцијата, бидејќи вие сакате еден тиранин кој е одалечен од нас 4000 миљи, да замените со 4000 тирани, одалечени една миља. “
И стварно... Пред 100 години, со нас управуваше Султанот од Цариград, кој беше Султан, но беше од нас одалечен 1000 километри. Сега, да парафразирам, со нас управуваат 1000 општински тирани, одалечени еден километар.
Ова не е само карактеристично за Општина Центар, слична наплата на паркирање и казнување има и во други општини. И не само тоа, пред неколку месеци, еден градоначалник од едно туристичко место изјавуваше дека ќе ставел рампи на влезот од градот за да наплатува за влез во градот од другите граѓани на Р. Македонија - наводно малку трошеле.
А кој знае колку вакви слични примери има. Секој општинар, си зел за право, да прави што сака.
За да живеењето со овие илјадници општински тирани биде подносливо, мора стрикно да се почитуваат законите. Тука нема место за Cornix cornici oculos non effodiet
Барањето што си го испратил во Уставниот суд прати ми го на маил ако сакаш, ќе ти го напишам јас преку конверзација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom