Меѓународно движење против промена на името

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
:pos:ојде јабана и ова знаме( првото од гејците, а ова од русите) :ROFLMAO:
Лигата за справедливост-руска патриотска партија си го присвоија
http://www.ligaspr.ru/news/1591/28-07-2010
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
slikava e minijaturna ( kaj mene e prob sto ne se otvara) i gledam mak zname i us edno zeleno
па незнам што да ти кажам, сликата е од истиот сајт..
да пробаш некако да отвориш - некој поупатен да ти каже- начин:unsure:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
па незнам што да ти кажам, сликата е од истиот сајт..
да пробаш некако да отвориш - некој поупатен да ти каже- начин:unsure:
otvoriv veke na gugl
gledam si go posvoile znamevo
samo ne go razviram bas tekstot
ke go prevedam sea
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Извонредно добар текст, многу ме радува што имаме некаде разумни и учени луѓе, само треба уште некој да ги послуша:

Што не знаеме за спорот со името?
Добар текст. Оние што треба да го видат и да го послушаат ова, тоа не го прават. Очигледно е дека нема расположение кај нас да се реши проблемот(прекинат преговорите).
Кој и каков интерес има од ова не знам, знам само дека владата, експертите, интелектуалците, опозицијата и сите релевантни фактори во земјава за решавање на спорот, имаат помала меѓусебна комуникација отколку на дел од нив со грчки структури. Од таму произлегува и немањето единствен став, и од таму произлегува ставот на јавноста дека дел од нашите политичари, професори, дипломати работат за други, заговарајќи компромис по секоја цена.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
и еден бонус кон горниот пост #1209
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
која е дојкава ?
Тамара Чаусидис. нит ја видел нит чул за неа = досега
http://www.6yka.com/novost/42510/makedonija-nekad-smo-bili-u-istoj-drzavi-a-sada-jedva-znamo-da-su-ovoliko-skrenuli
како можела такви бљувотини да кажува за државата во која живее :facepalm:
http://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/foto-izjavite-na-tamara-causidis-predizvikaa-golem-revolt-kaj-makedonskite-gragani-na-socijalnite-mrezi
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Унијата си игра мајтап со себе, не со Македонија
Силувањето на Македонија е резил за Брисел. Крајно непотребно, Унијата долгорочно се делегитимира на, за неа и светот - небитен проблем. Тимот кој еднаш брилијантно победи во Хаг, треба веднаш да се мобилизира.

Никој не е разочаран. Нема изненадувања. Се беше очекувано. Кога нешто се повторува петти пат, доминира рутината. Нема ни остри реакции од власта. Барем по ова прашање, конструктивен став и не може да се очекува од опозицијата. Единствено, новинарите ќе напишат по некој остар коментар, Македонскиот манифест аргументирано ќе ги осуди неправдата и манипулациите на Унијата... и тука завршува приказната.​
Од друга страна, во владеачката ДУИ сигурно – ликуваат. Брисел максимално ги верификува нивните политики, прецизирани во заложбите за брзо решавање на проблемот, се разбира со – прекрстување на Македонија и Македонците. Како, инаку, бргу ќе се финализира големоалбанскиот проект, менаџиран од страна на стратегискиот партнер - САД? Шефот на кабинетот на нивниот лидер, без да трепне, ни порача дека за него е целосно прифатлив предлогот – Горна Македонија. А кој е, ви се молам, тој? Ех, да требеше Албанија да се прекрстува за да влезе во НАТО или ЕУ, тој ќе правеше нов ‘ршум на Кале или ќе ставаше бомба под некој споменик на мост преку Вардар. Секоја планина, своја тежина, нели?​
Нејсе. Ни се случи и петтиот Европски совет кој, во случајот со Македонија, функционира како да е застанат некаде на почетокот од 20-тиот век. Такви му се капацитетите, ш’о да праиш.​
Нема веќе дилеми дека Брисел е упорен во спроведувањето на уцената – прво името, потоа членство. Тоа е политика на НАТО и ЕУ, не на Грција Паралелно, нема факти кои негираат дека медијацијата на Нимиц е потрошена и дојдена во ќор-сокак.​
Од друга страна, Атина не само што не е заинтересирана, поради тешката криза, туку нема ниту намера да го решава овој проблем, барем следните 10-тина години, освен со наша согласност за бришење на се’ наше македонско. Истовремено, за нас е неприфатливо проблемот да го решаваме со Атина која, досега, освен блокадата на границата, не беше никаде директно експонирана во нашите голготи. Немаше грчка улога, или вето - ниту при приемот во ООН, ниту во Букурешт, во 2008-та, ниту во Чикаго, во 2012, како ниту сега во Брисел и во претходните четири неодредувања на датум за преговори за членство. Во ООН, името ни го суспендираа и ни ја наметнаа референцата САД, во соработка со Франција, Велика Британија и Шпанија. Во НАТО, и во ЕУ, од 2008-та наваму, не блокира Брисел, а не Атина. Тоа треба да ни биде кристално јасно, ако сакаме да бараме решение. Ако Брисел, преку персонификација на Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Рим... смета дека Македонија треба да влезе во двете интеграции, за кои ги исполнува критериумите, со референцата, Грција, која се обврза да не не попречува, ќе биде немоќна. Арно ама, сите тие стојат цврсто на страната на Атина – заради сопствени, а не грчки интереси. И, тука е проблемот. Другите членки на НАТО и Унијата, со мали исклучоци, се само обичен декор.​
Ако тоа не го сфатиме, ќе се вртиме во маѓепсан круг.​
Сега, меѓутоа, клучно е прашањето – што понатаму? За никого не треба да биде спорно дека ножот е до коска и дека треба сериозно да се реагира. Ако држиме до себе и ако сакаме земјата да оди напред, за да не дозволиме некои сили, и од надвор, и од внатре, да продолжат со своите политики кои се погубни и за државата, и за македонскиот народ, мора да се преземат одлучни чекори.​
Владата е на потег. Ако ништо не се преземе после овој наш петти пораз (во суштината е токму тоа, иако нема наша вина), тогаш таа јавно ќе демонстрира дека не ја контролира ситуацијата. Дека нема ниту план, камо ли стратегија – како да излеземе од цајтнотот? Ќе испадне како онаа народната – селото гори, а бабата се чешла. Нема дилеми дека власта е активна на многу сектори и прави големи напори за да се решат бројни проблеми во земјата ама, ако затаи на ова, по многу што клучно прашање за опстанок и на државата, и на македонскиот народ, сето друго може да се покаже како – непотребно губење на време. Ако немаме капацитети за такво нешто, и останеме пасивни, разнебитувањето на македонскиот народ станува неизбежно.​
Првиот чекор, кој без одлагање МОРАМЕ да го преземеме, е отворање на нова постапка пред судот во Хаг. За блокадата во НАТО, Грција е санкционирана и сега ни треба сертификат и за ЕУ. Може да се цени дека за потребата од нова хашка пресуда, макар индиректно, ни најавува и самиот Брисел. Деновиве (декември 2013), во подготовките на сопствениот самит, во време кога ја игнорираат хашката пресуда против Грција,амбасадорите на членките во Брисел подготвиле стратегија за ткн. Западен Балкан, според која – „отворените прашања треба да се решаваат во согласност со меѓународното право и утврдените принципи, вклучително и преку спроведувањето законски обврзувачки договори“!? Звучи како ние да сме го напишале сето тоа, ама останува нејасно која е целта? Дали е во прашање врвен цинизам, според комунистичкиот систем - едно да се зборува, друго да се прави, а трето да се мисли? Или, се работи за отворање на простор проблемот со нашето име, чекор по чекор, да се сврти од политичките, во правните води? Впрочем, и ако не е таква намерата, употребениот речник ни дава одлична шанса да се избориме за примена на меѓународното право во случајот. Неспорно е дека првата пресуда од Хаг е неиздржливо бреме за сите во Брисел бидејќи, со нејзино игнорирање, флагрантно го кршат меѓународниот правен поредок.​
Одредена конфузија создаваат и пораките кои доаѓаат од Атина - дека проблемот со името требало да се решава во рамките на меѓународното право!? Силен е впечатокот дека тоа се некакви координирани формулации со Брисел, за да се девалвира пресудата од Хаг. Со овие манипулации, можно е сега да се обидуваат да покажат дека сите се „цврсто на линија на меѓународното право“, без истото да го есапат?!​
Во секој случај, за што и да се работи, новата стратегија создава за нас одличен маневарски простор. Ако не го искористиме, сами ќе си ја запечатиме судбината.​
Затоа, надлежните не треба многу да размислуваат. Нема аргумент зошто уште да се тактизира? Главно во чекање на решение за спорот, Македонија има во неповрат загубено 20 години. Цената која, на еден или друг начин ја плативме, без сопствена вина, се мери во милијарди евра. Крајно неодговорно би било да се правиме дека ништо не се случува и дека се’ е нормално. До Букурешт, во 2008-та, позицијата на Македонија во спорот зајакнуваше. Оттогаш наваму – слабее. Од сите аспекти. Неодложна обврска на власта е да направи пресврт ако не сака да доживее капитулација на клучниот проблем со кој е соочена државата.​
Тимот кој еднаш брилијантно победи во Хаг, треба веднаш да се мобилизира.​
За другите неодложни чекори, следниот пат.​
Ристо Никовски
.​
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа против забраната за употреба на знамето од Кутлеш

Само предлагачот, пратеникот на ЛП Ивон Величковски гласаше за предложениот закон за забрана за употреба за симболот на Кутлеш (Вергина). Пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беа против, а пратениците од ДУИ беа воздржани.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/i-vmro-dpmne-i-sdsm-glasaa-protiv-zabranata-za-upotreba-na-znameto-od-kutlesh
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Игор Јанев: Квазиексперти и дефетисти го кочат решавањето на проблемот со името
Мислам дека имаме релативно нестручни лица, кои се блиски до политичките елити, но далеку од елементарното познавање на проблемот со името и на правото на меѓународните организации. Овие луѓе не прават разлика меѓу човековите права и правата што се однесуваат на државите, правата на државите-членки на ОН, каде што, според мене, е и решението за одбрана на уставното име.

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност. Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН. И деновиве, за време на неговиот престој во Скопје, на средбите со разноразни политички репрезенти, тој упорно се обидува да ги убеди сите дека тоа е најдоброто, а во случајов и најбрзото можно решение не за компромис, туку за одбрана на уставното име. Денес Јанев работи како научен советник на Институтот за политички студии во Белград, а инаку е автор на 18 книги и досега има објавено во меѓународните списанија повеќе од 170 научни трудови од областа на дипломатијата и на меѓународното право.
Се согласувате ли со оценката дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак и дека тука веќе немаме што да бараме?
- Кратко кажано, јасно е дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак. Прво, како што гледаме од пресудата од Хаг донесена по тужбата на Република Македонија против Грција, ние според Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН бр. 817 не РАЗГОВАРАМЕ, туку, како што се вели во неа, ПРЕГОВАРАМЕ за името (односно, на сите места во Пресудата се користи поимот “Negotiations” , а не “Talks” или сличен израз). Само правно неуки квазиексперти сè уште сметаат дека ние РАЗГОВАРАМЕ, а не ПРЕГОВАРАМЕ за името! Преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак бидејќи три аспекти не можат никогаш да се доближат во овие односи. Прво е местото на кое треба да стои зборот Република (пред или по дополнителната одредница Горна или, на пример, Северна), и заклучуваме дека овде никогаш нема да може да се постигне компромисот. Второ, опсегот Erga Omnes за Грција е Conditio sine qua non (услов без кои не се може), а подразбира користење на компромисното име и во односите со сите 134 (или повеќе) држави што веќе не признале под уставното име, со државите и организациите надвор од ОН, како и користење во сопствениот правен поредок (лични документи, пасоши...). Ова подразбира откажување од правото на самоопределување за сопствен правен идентитет (името е правен идентитет во меѓународната правна комуникација), и правото на немешање во строгата внатрешна јурисдикција на државата. Опсегот Erga Omnes, како што гледаме, е апсолутно невозможен услов за Македонија. И трето, Македонија е зачленета во ОН со два нелегални услови, генерирана е и ситуација, според која и= се овозможува Грција да ја уценува Македонија и со поширок опсег на идентитетски прашања, кои Македонија никогаш не би можела да ги прифати, а тие се однесуваат, покрај името, и на елементите на историско-културниот идентитет, па и на името на народот и јазикот. Од сите спомнати аспекти и на лаик му е целосно јасно дека политички компромис и решение за името не се можни. Во меѓународното право, како општо правило, не е можно преку ваков механизам на преговори една земја, која принципиелно не признава друга земја во есенцијален елемент на субјективитетот, да се доближи до меѓународното признавање на таа држава со таков елемент.
Одамна ја заговарате идејата да се вратиме онаму каде што и почна проблемот – во Генералното собрание на ОН. Дали се согласувате со предлогот на претседателот Иванов да го покренеме прашањето пред Советот за безбедност ?
- Државите, како што е познато, немаат ексклузивни права на имиња. Оттука, државите како меѓународни јавно-правни субјекти имаат полна правна слобода да го избираат своето име. Името е правен идентитет во меѓународното право и есенцијален елемент на меѓународно- правниот субјективитет. Понатаму, менувањето на имињата не влијае врз територијалните права и обврски на државите (на својата држава или на туѓата држава). Проблемот со името за Македонија се создаде при приемот во Обединетите нации под дополнителни услови, надвор од тие што се пропишани во Повелбата на ОН! Како што е покажано во светската наука, референцата, или попрецизно (правнички изразено) деноминацијата (поранешна југословенска Република Македонија) претставува еден од двата нелегални услови при приемот на Република Македонија во ОН во 1993 година. Вториот нелегален дополнителен услов (покрај деноминацијата) при приемот е обврската за преговори за сопствениот правен идентитет (името на државата). Како што е докажано во науката, ваквите два услова во време го надминуваат чинот на приемот (временски го трансцедираат) и се спротивни на Советодавното мислење што е дадено од Меѓународниот суд на правдата од 1948 година, со кое се одговара на прашањето од Генералното собрание дали смее да се поставуваат посебни дополнителни услови, надвор од оние што се пропишани во членот 4 од Повелбата, и да се гласа за нив. Негативниот одговор на Судот на ова прашање е прифатен и од Генералното собрание на ООН како толкување на членот 4 од Повелбата. Мојот научен придонес е во тоа што ги поврзав познатото мислење на МСП од 1948 година со македонскиот случај со името. Меѓу другото, јас предложив да се користи преседанот од 1948 година и во решавањето на македонскиот случај со името, односно со нелегалната деноминација. Република Македонија треба да иницира (предлог) резолуција на Генералното собрание на ОН, со која се поставува прашањето дали специфичните услови за приемот и статусот на државата се во согласност со Повелбата на ОН. По прифаќањето на Советодавното мислење од МСП, Генералното собрание на ООН ќе треба да го воспостави уставното име Република Македонија во ООН. Во науката ова е единствениот начин за решавање на проблемот со името во ОН!
Гледаме дека наместо реализирање на ваков сериозен предлог во ОН, во медиумите фигурира предлогот на претседателот Иванов да го покренеме пред Советот за безбедност прашањето за ефектуирање на пресудата од Хаг. Очигледно е дека овој т.н. предлог нема да помине во Советот за безбедност. Право на ВЕТО имаат пет постојани членки, од кои двете се грчки сојузнички. Најмногу што можеме да добиеме во македонска полза е претседателско соопштение на Советот за безбедност за почитување на пресудата, без обврзувачки ефект. Предлогот на претседателот Иванов очигледно потекнува од т.н. експерти што немаат ниту еден труд во светската научна периодика, односно во индексираните научни списанија, кои се единствени релевантни извори за процена на стручноста и научната валидност. Од предлогот на Иванов можеме да заклучиме дека претседателот не го познава меѓународното јавно право и дека нема соодветна експертиза во меѓународните односи!

Што може да очекуваме од Советот за безбедност?
- Во врска со предлогот на претседателот, од Советот за безбедност во најдобар случај може да очекуваме, при најповолен оптимистички исход, резолуција на овој орган со која ќе се повика Грција да ја почитува пресудата на МСП. Но, дури и ваквата резолуција нема да има никаков ефект врз однесувањето на Грција и на сојузниците на Грција. Имено, ваквите акции во Советот за безбедност нема да донесат никаков конкретен придонес во процесот на решавањето проблемот со името! Проблемот со името потекнува од кршењето на Повелбата на ОН и има мултилатерална природа, и тоа на релацијата меѓу ООН и РМ. На Македонија и= се кршат членските права во ОН. Тој проблем не се решава во Советот за безбедност. Овој проблем мора да се решава по примерот на преседанот од Меѓународниот суд на правдата од 1948 година во Генералното собрание на ОН (преку поставување прашање до МСП за легалитет на дополнителните услови). Се= друго е губење време и енергија. Се чини дека планерите на стратегијата на Иванов лаички сметале дека одговорноста за името е се= уште лоцирана во Советот за безбедност, не сфаќајќи дека одговорноста за проблемот со името сега е лоцирана во надлежност на генералниот секретар на ОН, а не во Советот! За жал, овој факт им е познат на многу мал број македонски државници.
Би го поддржале ли предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг?
- Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во форма на тужба е очигледно губење време и претставува дефитистичка опција која, и покрај евентуално успешен исход, води до неповолен општ исход, губење време, пари и енергија. И со таквата евентуална постапка не се зафаќа основниот проблем со името во ОН! Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг е смешен.
Значи цврсто останувате на ставот за покренување на прашањето за продолжување на членството во ОН под уставното име, односно за покренување на прашањето за приемот и статусот на Македонија во ОН со дополнителни услови, што е против Повелбата на ОН. Како би требало да се изведе оваа процедура?
- Во Судското мислење од 1948 година јасно се кажа дека политичките консидерации не може да се земаат предвид при оценката за подобноста за прием („political considerations could be superimposed upon them, and prevent the admission of an applicant which fulfils them"). Овластувањата на Советот за безбедност и на Генералното собрание се правно ограничени, а признавањето од друга држава (случајот со Португалија, Финска, Ирска, Трансјорданија, Италија, Австрија и Ирска) е дополнителен услов. Имено, политичките и безбедносните консидерации на Советот не влијаат врз правото на прием без дополнителните услови, како што се вели во документот. Земајќи го предвид ова прифатено мислење, Македонија може да го заобиколи Советот за безбедност и со коспонзори прашањето за дополнителните услови да го постави директно на Генералното собрание на ОН! Република Македонија со коспонзори треба да иницира предлог-резолуција на Генералното собрание на ОН, со која се поставува прашањето дали специфичните услови за приемот и статусот на државата се во согласност со Повелбата на ОН. Ова прашање потоа се праќа до МСП, а Судот го донесува советодавното мислење за легалитетот на дополнителните услови. Одговорот се враќа на дневен ред на Генералното собрание на ОН. По прифаќањето на ова мислење, со истата Резолуција на Генералното собрание, Македонија со други држави, коспонзори, ќе го воведе уставното име во ОН.
Што се= треба да се направи пред да се напише тоа писмо или пред да се направи предлог до Генералното собрание на ОН?
- Тоа треба да се направи со држави-коспонзори на Македонија за стратегијата предлог- резолуцијата да се постави на Генералното собрание (со содржано прашање до МСП) и таа да се изгласа. Значи, прво треба да се реализира предлог-точка на дневен ред на Генералниот комитет на Генералното собрание на ОН. Генералниот комитетот донесува одлука за точки што ќе бидат на дневниот ред на Генералното собрание на ОН. Предлог-резолуцијата мора да содржи слична аргументација, односно да се повика на преседанот од 1948 година со соодветна аргументација за дополнителните услови и кршењето на членските права, а со ова и на правниот поредок на Организацијата на ОН. Должност на секоја држава - членка на ОН е да го штити правниот поредок на Организацијата. Процедурално, и во Генералниот комитет, и во Генералното собрание на ОН се гласа со просто мнозинство (од присутните што гласаат).
Можеме ли да го обезбедиме тоа мнозинство? И Грците нема да седат со скрстени раце?
- Со поддршката од државите-коспонзори, земајќи го предвид и фактот дека во ОН сме веќе признаени под уставното име од 134 држави, нема да имаме никаков проблем предлог- резолуцијата да помине во Генералното собрание. И покрај грчката противакција, дури и ако само половината од тие 134 држави во ОН гласа за поставување на прашањето од Собранието до Судот, ќе имаме поволен исход. Резолуцијата ќе биде усвоена. Држави-спонзори на резолуцијата најверојатно ќе бидат некои држави од поранешна Југославија, Турција… Овој дел од стратегијата нормално ќе биде тајна, но тие спонзори ќе бидат земји со кои Македонија има блиски односи.
Тоа значи дека за релативно краток период, во споредба со другите предлози, може да се очекува резултат?
- Судските мислења од овој вид се донесуваат за помалку од 10 месеци. Односно, мислењето ќе биде подготвено како одговор до следното Генерално собрание (кое почнува следната година). Значи, ние би требало да пратиме такво барање во мај-јуни, во септември Генералното собрание да побара мислење од Меѓународниот суд на правдата, кој мора да одговори до септември следната година, до следното Генерално собрание. Значи, се= на се=, околу 15 месеци.
Во што е тогаш стравот кај македонското раководство да го покрене ова прашање?
- Мислам дека имаме релативно нестручни лица или дефетисти, кои сметаат дека ние не сме способни да истуркаме една резолуција на Генералното собрание на ОН, дека ќе треба да поминеме на Советот за безбедност и слично. Има многу квазиспецијалисти, кои се без елементарно познавање на проблемот со името и на правото на меѓународните организации и тие се форсираат по медиумите, а врвните државни институции сметаат дека ваквите мислења на експертите се меродавни. Има и претседателски кандидати што сметаат дека ние сме всушност членка на ООН од 1945 (со ФНРЈ). Тие оваа теза ја туркаат дури и по пресудата, во која јасно се третираме како нова членка на ОН од 1993 година. Кај еден куп наши дипломати има и една таква банална заблуда за тоа дека кратенката ПЈРМ во сите случаи би требало да се користи во нескратената форма – поранешна југословенска... Демек било помалку навредувачки. И скратената и нескратената верзија на реферирањето во еднаква мера претставуваат нелегална деноминација. Се= додека оваа состојба со квазиспецијалисти е таква каква што е, македонското раководство нема да направи сериозни чекори во соодветен правец. Луѓе како претседателот Иванов, и покрај својата чесност и научна биографија, немаат допир до соодветните совети и овој проблем со името се обидуваат да го објаснат преку човековите права. И премиерот Груевски на претходното Генералното собрание на ОН се повика на правото на самоидентификација на народот, односно на колективните права на народот! Од овие изјави на премиерот Груевски се гледа дека македонските советници и дипломати или експерти не прават разлика меѓу човековите права (колективните права) и правата што се однесуваат на државите (сосема друга правна гранка) и, поконкретно, правата на државите-членки на ОН! Со други зборови, според мое мислење, сите досегашни влади се потпираа на самобендисаните неспособни или полуспособни дипломати или одделни професори од Правниот факултет, без да ја консултираат науката. Медиумите, од своја страна, заради политичките и партиските интереси, ги фаворизираа ваквите лица и нивните предлози, па поради таквото однесување и дојдовме до ова дереџе!

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/igor-janev-kvazieksperti-i-defetisti-go-kochat-reshavanjeto-na-problemot-so
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа против забраната за употреба на знамето од Кутлеш

Само предлагачот, пратеникот на ЛП Ивон Величковски гласаше за предложениот закон за забрана за употреба за симболот на Кутлеш (Вергина). Пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беа против, а пратениците од ДУИ беа воздржани.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/i-vmro-dpmne-i-sdsm-glasaa-protiv-zabranata-za-upotreba-na-znameto-od-kutlesh
Фала Богу, една работа барем.
А тоа што ни ВМРО ни СДСМ не направија да има барем еден национален симбол, било на знаме, било на грб, за овие 20 г, е друга работа....

Ништо ново, кога се во прашање Грците и Албанците:


„Албанската заедница е целосно отворена, таа се согласува со нас за името, понезначајно прашање во однос на идеолошкиот и историскиот проблем“, рече Венизлеос пред францускиот Сенат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom