Меѓународно движење против промена на името

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
O Нил:Ако не биде примена во НАТО, Македонија да бара прием во ОН под уставно име
23/02/2014 10:51:00
Големина на текст:

Македонија ги исполнува двата услови за да биде членка на НАТО, согласно формалната позиција на Алијансата дека членството е отворено за која било европска држава во позиција да ги унапреди принципите на договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област. Доколку не биде примена во НАТО на следниот Самит, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, смета Робин О Нил амбасадор и прв медијатор во грчко македонскиот спор околу името.

Затоа, смета О Нил, македонската Влада треба да лобира кај сите членки на НАТО и да ги замоли да прифатат дека во оваа работа, тие треба да бидат подготвени да дејствуваат со консензус, дури и со еден член со приговори, и да се прими Македонија во членство на Алијансата на следниот состанок на Самитот на НАТО, во Обединетото Кралство, во септември.

Во врска со посетата на премиерот Никола Груевски и говорот пред Северноатлантскиот совет (САС) на 12 февруари тој посочува дека е вашно што премиерот ја потсетил Алијансата на важноста на брзиот прием на Македонија во Алијансата. - Не знам навистина што се случи на состанокот на Советот на НАТО, но постојат две точки од прес-конференцијата, која премиерот ја одржа со Генералниот секретар на НАТО, Адрес Фог Расмусен, на која би сакал да коментирам. Прво, генералниот секретар изрази почит на придонесот што Македонија веќе го прави за НАТО, како на теренот во операциите на НАТО во Авганистан и во обезбедување на линии на комуникациите за НАТО во Косово. Тој јасно потврди дека Македонија веќе фактички игра целосна улога во НАТО, иако таа не е формално членка, вели Робин О Нил, во интервјуто за ТВ Сонце.

Коментирајќи ја неодамнешната посета на вицепремиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на Македонија, посочува оти тој има земено нова и уште потешка линија за нормализирање на односите со Македонија од кога било досега, што се однесува до прашањето за името и членство на Македонија во НАТО и ЕУ. - Вистината е дека Грција не сака решение на прашањето за името, бидејќи таа знае дека единственото можно решение е финално признавање на Република Македонија под нејзиното правилно и легално име: Република Македонија. Затоа Грција прави сè што може, и тоа за повеќе од 20 години, да нема завршување на овој спор. Причината е едноставно дека секоја грчка влада стравува дека да се прифати решение, ќе ја направи непопуларна дома. Грција вели дека единствен начин да се реши прашањето за името е да се продолжи со разговорите под покровителство на Обединетите нации, преку посредникот Метју Нимиц. Но и таму, и во целиот периодот пред Нимиц, Грција никогаш не преговара сериозно за прашањето за името со предлагање на било каков реален предлог, иако последователни македонски влади биле подготвени да бараат компромис, вели абасадорот и првиот посредник во спорот. Миа

Според мене погоре спомнатото е единствен можен начин да го откачиме од грб проблемот кој вештачки ни е наметнат.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Знае ли некој каде е и со што се занимава Атанас Ботев ?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
АНКЕТА: Македонците сакаат во ЕУ само со уставното име
Објавено во: Македонија Автор: Фаланга Датум: 23 Мај, 2014

На прашањето дали Македонија е подготвена за членство во Европската унија 47 отсто одговориле дека не е, а пет отсто помалку дека е спремна.

Се зголемува бројот на граѓани кои сакаат да влезат во Европската унија исклучиво со задржување на уставното име. Ова го покажува испитувањето на јавното мислење спроведено врз 1.600 испитаници, во март годинава. Според податоците што ги презентираше Институтот за демократија „Социетес Цивилес“, околу 60 отсто од прашаните одговориле дека се за влегување во Унијата со задржување на името, за разлика од пред три години кога нивниот процент бил за околу дваесет отсто понизок. На интеграција и со отстапки за името сега се подготвени 25 отсто од испитаниците.

Иван Дамјановски од Правниот факултет, правејќи споредба со поддршката на Европската унија во последниве десет години, вели дека таа се прекршува кон крајот на 2009 година и оттогаш досега почнува да опаѓа. Споредбата покажува дека поддршката во 2004 година била повеќе од 90 отсто, за сега да падне до нешто помалку од 70 отсто.

„Сите пикови на поддршката коинцидираат со најголемите напредоци на Македонија во интегративниот процес, 2006 на пример, после добивањето на кандидатскиот статус и 2009 година, почетокот на 2010 година после добивањето на препораката за почеток на преговорите за членство. После блокадата на целиот процес имаме логична тенденција на константен пад“, вели Дамјановски.

Во суштина она што најмногу и е потребно на Република Македонија во моментов политичка волја за отпочнување на процесот на евроинтеграции, меѓутоа не само декларативна.

На прашањето дали Македонија е подготвена за членство во Европската унија 47 отсто одговориле дека не е, а пет отсто помалку дека е спремна. Според Јулија Брсакоска-Базеркоска од Правниот факултет, државава треба да се посвети на исполнувањето на Копенхагенските критериуми за кои неколку години стигнуваат забелешки од европските институции.

„Во суштина она што најмногу и е потребно на Република Македонија во моментов политичка волја за отпочнување на процесот на евроинтеграции, меѓутоа не само декларативна, туку политичка волја која што ќе значи навистина работа на она што значи евроинтеграција во смисла на тоа дека внатрешната политика на државата е најдобра политика кога станува збор за приближување на Македонија кон Европската Унија“, смета Брсакоска-Базерковска.

Инаку испитувањето покажува и разлики во однос на поддршката за Унијата и перцепцијата за реформите зависно од етничката припадност. Имено речиси 80 отсто од Македонците не се за ЕУ со промена на име, а околу 75 отсто од етничките Албанци се за интегрирање и со отстапки за името.

Малинка Ристова Јордановска од Институтот за Европски политики смета дека треба да се процени дезинтегративниот потенцијал околу европското прашање на двете најголеми етнички заедници и до каде може да оди тоа.

„Јас лично мислам дека не може да оди до бескрај и дека не може да бидат одржливи ваквите несогласности во рамки и на владата во однос на едно од декларираните клучни прашања, односно европската интеграција“, оценува Ристова Јордановска.

Инаку резултатите од анкетата беа презентирани во рамки на проектот за зајакнување на улогата и придонесот на граѓанското општество во процесите на добро владеење и европска интеграција. Партнерски организации покрај Институтот за демократија се и Институтот Охрид и Македонскиот институт за медиуми.
http://falanga.com.au/anketa-makedoncite-sakaat-vo-eu-samo-so-ustavnoto-ime
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Робертс: Грција сака да се нарекува Македонија, зошто инаку би се противела за името?

Македонија е во тешка позиција. Да се приклучи кон ЕУ и НАТО значи дека Македонија мора да се откаже од својот суверенитет и контрола врз нејзината надворешна и економска политика и да стане дел од империјата на Вашингтон. Oдбивањето на приклучувањето со цел да се продолжат добрите односи со БРИКС значи да се биде ставен на листата на непријатели на Вашингтон, истакнува Робертс, кој е професор по Политичка економија во Центарот за стратегија и меѓународни студии на Универзитетот Џорџ Таун, Вашингтон.

Коментирајќи ја посетата на генералниот секретар на НАТО Расмунсен на Македонија и неговата изјава во Скопје, американскиот професор и аналитичар со став дека “барањето од ЕУ и НАТО дека Македонија мора да го промени своето име со цел да се приклучи кон, како што вели, „империјата на Вашингтон“ ја покажува целосната контрола што Западот ќе ја практикува врз Македонија.

-На Македонија дури не и е ни дозволено да биде тоа што е. Според мене, Грција, најслабата и најексплоатирана земја во ЕУ, се противи на името на Македонија. Но, освен доколку Грција сака да се нарекува Македонија, зошто инаку би се противела, прашува тој.

На прашањето што мисли за Македонија и нејзината историја, Робертс, кој е и поранешен уредник на Вол Стрит Журнал, посочува дека „Македонија е познато име - домот на Александар Македонски, најголемиот војсководец на сите времиња, освојувач на Персија и оти вакво големо име не треба да биде жртвувано од страна на Македонија.

- Македонците мора да разберат дека да се биде членка на НАТО и ЕУ значи дека Македонија ќе ја изгуби својата независност, вели Робертс.

Запрашан за новиот договор меѓу Кина и Русија, околу трговијата со рускиот гас, американскиот аналитичар вели дека „балансот на моќта во светот се менува“.

- Енергетскиот договор помеѓу Русија и Кина ќе биде финансиран вон системот на доларски исплати. Ова е прв голем потег на избегнување на американскиот долар како светска резервна валута. Исто така, договорот е почеток на свртување на Русија кон исток и на стратешкиот сојуз помеѓу Русија и Кина. Напорите на Вашингтон да го спречат порастот на овие две сили се осудени на пропаст, појаснува Робертс.

Едновремено тој нагласува дека западните економии страдаат од лошото управување и грабежите.

- Богатството се придвижи од масата кон богатите или кон „еден процент“ на луѓе. Западните народи се незадоволни и има протести во многу земји, посочува Робертс.

МИА
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Добро на овој не ми е вака незгодно во очи да не лаже. Каков идиот еј па колку и да си политичар биди малку и човек БЕ.

Што се однесува до прашањето за името амбасадорот Волерс повтори дека се преговара само за менување на името, но не и за промена на идентитетот на Македонците.

„Никој не може да ви го одрече вашиот идентитет. Вие сте тоа што сте, етничките Македонци се етнички Македонци и промената на името на државата нема да го смени идентитетот, едноставно ќе го сменува името на земјата. Мислам дека ако Македонците ја задржат насоката која ќе ги однесе кон иднината и не се грижат за минатото, ќе мислат на тоа што можат да бидат како Македонци во Република Македонија, а тие можности можат да бидат неограничени. Малите промени на името не го менуваат тоа што тие се. Јас сум Американец, па и да го смените името на мојата држава, јас и понатаму ќе бидам Американец. Нема да влијае на идентитетот и ние не сакаме да влијае на идентитетот“, истакна Волерс.
http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/11960-волерс-се-преговара-за-име,-а-не-за-идентитет.html
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Мирка Велиновска вчера кажа дека околу 92 одсто од населението на Македонија, е против промена на името. Што мислите, дали денес, оваа бројка е претерана или навистина толкав процент од населението (вклучувајќи тука и добар процент од Албанците) е за тоа, да не се попушта пред едно вакво барање, надвор од логиката и умот?
Сметам дека ако има барем едно нешто позитивно, во работата на оваа власт, (денес толку тешко да се најде и со микроскоп) - тоа е позицијата на неменување на името.
 
?

..........

Гостин

Ке го смениш мислењето кога ќе ги пуштат разговорите во кои грујота договара промена на името... :)

Налет јасно е дека името се користи за билдање плитички поени, реално мирка е исфрустрирана дебела неебана матроица, и реално ако сега се прави референдум за името, мое лично мислење е дека таквиот референдум едвај ќе помине..
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Ке го смениш мислењето кога ќе ги пуштат разговорите во кои грујота договара промена на името... :)

..
Не верувам дека Груевски би прифатил промена на името. Можам да ти цитирам неколку негови изјави, од кои цврсто се добива впечаток за ова.
А уште повеќе, ако он прифатил нешто такво срамно, од позиција на премиер, сигурно знае дека има снимки и за тоа и сигурно деновиве нема да бутка таква пропаганда преку мегафоните како Мирка, или пак сигурно немаше да се обидува да го дискредитира Љубе, преку снимки, за тоа како се сложува за смена на името (додуше од позиција на невласт и нефункција, што му доаѓа исто како и за мене да испадне снимка дека го продавам името).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Мирка Велиновска вчера кажа дека околу 92 одсто од населението на Македонија, е против промена на името. Што мислите, дали денес, оваа бројка е претерана или навистина толкав процент од населението (вклучувајќи тука и добар процент од Албанците) е за тоа, да не се попушта пред едно вакво барање, надвор од логиката и умот?
Сметам дека ако има барем едно нешто позитивно, во работата на оваа власт, (денес толку тешко да се најде и со микроскоп) - тоа е позицијата на неменување на името.
Тие 92% се малце испинувана работа. Пациентите имаат правено анкета, и 92% од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ таа точка ја истакнале за најбитна.

Генералната бројка е околу 60% од целовкупното население, и 75%-80% од Македонците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Генералната бројка е околу 60% од целовкупното население, и 85% од Македонците.
Да, тоа е сепак, прилично јак процент, кој укажува на свесната детерминираност на народот да опстои на нешто што е неодвоиво од неговата суштина. Нешто што нема право никој да го менува, или пак да преговара за тоа.
(како и што добив впечаток дека е, де факто, таа ориентација објективно, на сила, барем помеѓу членството на форумов).

Љубе е никој и ништо, а како и да гледаш грдо делува неговата согласност, на видеата, без разлика што многумина почнаа да го жалат. Тој е навистина обичен граѓанин, кој нема никакви ингеренции и легитимитет, добиен на избори, ама се трудел да дојде на власт (како и сите оние кои се занимаваат со политика, колку и да се минорни). Ете тоа го издвојува од обичните граѓани, во контекст на неговота одговорност околу ова прашање.
 
Не, ерга омнес е невозможно да пројде. Во секој случај ќе има референдум. Дури и да има наредба од „проевропските“ партии да се гласа за, половина од нивното гласачко тело нема да ги послуша. Најмногу што можат да извадат е 150.000 македонски гласови. Тоа е далеку од бројката од 400.000 што е апсолутен минимум на тие што би гласале против.

Љубе е небитен идиот. Јас не сум убеден дека спорот за името ќе се решава додека оваа генерација е носител на политичкиот живот. Кога ќе имаме нова генерациска промена, може да имаме и нови состојби таму. Ама во наредниве 10-15 години единствено што може да добиеме е ново времено решение.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.314
Поени од реакции
8.856
Не верувам дека Груевски би прифатил промена на името. Можам да ти цитирам неколку негови изјави, од кои цврсто се добива впечаток за ова.
А уште повеќе, ако он прифатил нешто такво срамно, од позиција на премиер, сигурно знае дека има снимки и за тоа и сигурно деновиве нема да бутка таква пропаганда преку мегафоните како Мирка, или пак сигурно немаше да се обидува да го дискредитира Љубе, преку снимки, за тоа како се сложува за смена на името (додуше од позиција на невласт и нефункција, што му доаѓа исто како и за мене да испадне снимка дека го продавам името).
Во целава фарса што деновиве е гладаме, тука заев има најголем минус, не дека на Грујо толку многу му верувам, ама да тврдиш дека Грујо направил договор за промена на име, а факт е дека ништо не е мрднато од мртва точка треба си крајно морон и неписмен, едноставно сам си дава автогол.Работава ке испадне дека еве Грујо договорил име ама Грција не прифатила. :unsure:
 
Или да си крајно неинформиран и наивен штом не знаеш или не земаш во обзир дека грција не прифаќа име кое содржи Македонија? а грујо може прифатил Р Македонија Скопје, или Северна Р Македонија, Грците не прифаќат такво име..
Впрочем во 2008 грујо прифати Р Македонија Скопје да оди на референдум, ама грците одбија...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom