Механизмот од Антикитера

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Не знам дали ова е најсоодветното место за оваа тема, но ова (не толку ново) откритие ме интригира веќе подолго време. Доколку некој тука има повеќе сознанија и интерес околу ова, во однос на тоа која била неговата функција, би било убаво да образложи накусо:

Antikythera mechanism

Decoding the Antikythera Mechanism, the First Computer

Не знам зошто, но ова ме потсетува на механизмот, иако не знам дали меѓу нив во основа има(ло) некаква реална конекција:

Astrolabe
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.238
Поени од реакции
27.577
Najverojatno se koristel ovoj mehanizam kako nekakov vid kalendar sto gi prati polozbite na dzvezdite i drugi vselenski tela. Toa e mojata pretpostavka. Interesno e da se procita i poveke za nego.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Najverojatno se koristel ovoj mehanizam kako nekakov vid kalendar sto gi prati polozbite na dzvezdite i drugi vselenski tela. Toa e mojata pretpostavka. Interesno e da se procita i poveke za nego.
Или да се одгледа нешто вакво. :)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.415
Поени од реакции
19.490
Ја сабајле сс кафе читна поише за овј вредан зар'ѓано брознен предмет.
У "Мистерије сфјета" од Артур Ц. Кларк има сфе. А одамна нa H2 глеа топ 10 древни изуми, механизам беше на прво место, багдатска батерија мислу дека беше фторо.
Предемет е најден случајно у 1900 у потонат брод натоварен сс антички кипови.Сс тек на године дискутира се зс старост потекло и намена на овј предмет.Предмет стои у Атину у музеј, утфрдено е дека е од 80 пне и служија за мерење на висину и положбу на небесни тела.
Дури после неколко декаде подетаљно се испитуе предмет од јаки професори и научници,а 1971 направена е ренгенска снимка, а Др. Прајс од Јејл уни. цртаја преко слику за да утфрди на кој принцип механизам работи и како е изгледаја ссфе сфи сфои делови кои фалиф.
IMG_20200317_132441.jpg
Сфи се чудиф као е тој изводљиво у тој хеленско доба.На њега имало и натпис, а меѓу њима имало и астрономски календар.
Др. Прајс вика дека такф сличан механизам после тој е направед дури после 1500 године.
Најмистичан најден предмет, сс оглед на намену и кд е напраен, кој знае што сфр крие антички сфет.
 
Прегледај го приврзокот 238496

Е, читајќи пред некое за Хипатија од Александрија, првпат налетав на ова подолу, посовремена направа, но во основа слична функција би требало да имаат.

И двете делуваат многу фасцинантно.
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.415
Поени од реакции
19.490
Функција е тај, движење на планете,соѕвездија,лунарно движење, па и астрологија.
Меѓу први овакфи цртежи е Небра скај диск, не е механизам ама е меѓу први предмети сс кој се следи солар или лунае календар.Напраено е у 1600 пне у Германију.
IMG_20200317_144451.jpg
А посовремен такф механизам е Армилари Сфера од 1725
IMG_20200317_143455.jpg
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Функција е тај, движење на планете,соѕвездија,лунарно движење, па и астрологија.
Меѓу први овакфи цртежи е Небра скај диск, не е механизам ама е меѓу први предмети сс кој се следи солар или лунае календар.Напраено е у 1600 пне у Германију.
Прегледај го приврзокот 238502
А посовремен такф механизам е Армилари Сфера од 1725
Прегледај го приврзокот 238504
Овие кои ти ги наведе ги знам вака од гледање, но не и по име.

Almagest

^ Сега се навратив пак на Хипатија. Тука веќе се збори за геоцентричен систем, пред да биде востановен и општоприфатен.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.618
Поени од реакции
10.242

Друже грешка си,ние живееме во хелиоцентричен систем без разлика дали тоа му се допаѓало некому или не(поздрав до рамноземјашите!).
А претставата на земјата како центар на универзумот е стара колку и човештвото до Галилео и Коперник. Така да било кој календар,храм,геоглиф и слично од античко време ја покажува земјата како центар. А и чисто од механички аспект кај кај полесно изводливо им било да земјата е центар околу кој се врти небото/ѕвездите/годишните времиња или whatever што и да покажува.
Како што некој веќе спомна,слични дискови се и многу постаро датирани,незнам само зошто механизмов стана толкава научно-популарна мистерија.На крај краева,незнаеме ни дали "работел" на прво место,а и ако работел колку бил точен?!Може се работи и за некаква античка "скаламерија" што немала никаква практична функција,или евентуално бил послужавник за чај! :cool:
 
Ништо за тоа не реков, туку зборев за геоцентричниот систем/модел на универзумот според античката филозофка, астроном и математичарка - Хипатија од Александрија и школата на која таа ѝ припаѓала, многу пред посовремените научници кои го востановиле хелиоцентричниот систем т.е. Галилеј и Коперник кои и ти ги спомна. Рамноземјашите се инаку за секој подјеб. :) Ова тука се некои високософистицирани направи за движењето на небесните тела воопшто, ѕирни ги астролабот и поубаво и детално и механизмот од грчкиот остров Антикитера погоре, последниот е фасцинантен и сè уште не е откриено како точно функционирал, иако има нагаѓања и реконструкции за тоа во објавените видеа тука. Не ќе да е скаламуција сепак. Во иднина читај повнимателно пред да се спориш. ;)

Поздрав.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.618
Поени од реакции
10.242
Ништо за тоа не реков, туку зборев за геоцентричниот систем/модел на универзумот според античката филозофка, астроном и математичарка - Хипатија од Александрија и школата на која таа ѝ припаѓала, многу пред посовремените научници кои го востановиле него т.е. Галилеј и Коперник кои и ти ги спомна. Рамноземјашите се инаку за секој подјеб. :) Ова тука се некои високософистицирани направи за движењето на небесните тела воопшто, ѕирни ги астролабот и поубаво и детално и механизмот од грчкиот остров Антикитера погоре, последниот е фасцинантен и сè уште не е откриено како точно функционирал, иако има нагаѓања и реконструкции за тоа во објавените видеа тука. Не ќе да е скаламуција сепак. Во иднина читај повнимателно пред да се спориш. ;)

Поздрав.
Иако признавам дека погрешно го протолкував твојот пост,сепак стојам на останатото!
Друга битна работа (што да признаам многу ме иритира),е самата Википедија која на моменти е неточна,нефактографска,полна со политички-дури би рекол и пропагандистички елементи.
Тешко на светот ако чекале античките грци да им кажат дека се центар на универзумот!
Па каков нон-сенс е статијата за алмагест е просто одвратно! Цитирам:
The Almagest (/ˈælməˌdʒɛst/) is a 2nd-century Greek-language mathematical and astronomicaltreatise on the apparent motions of the stars and planetary paths, written by Claudius Ptolemy(c. AD 100 – c. 170). One of the most influential scientific texts of all time, it canonized a geocentric model of the Universe that was accepted for more than 1200 years from its origin in Hellenistic Alexandria, in the medieval Byzantine and Islamicworlds, and in Western Europe through the Middle Ages and early Renaissance until Copernicus. It is also a key source of information about ancient Greek astronomy.
Значи и кинезите и ацтеките и инките и,и,и сите чекале Птоломеј да им објасни и утврди дека земјата е центар на светот?! Божем од праискона луѓето не го гледале небото над себе?!
Се извинувам за дигресијата,ама остаток од ваков пропаганден памфлет не читам!
Инаку поздрав и секое добро.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.415
Поени од реакции
19.490
Мислу дека Талес од Милет прф е спомнаја дека ми се вртимо около с'лнце,а и Аристарх.А и Ератостен нели сс помош на сенку и бунар у Египет,привлижно га измери обем на планету.Ама не било општо прифатено,само било претпостафка.Аристотел е криф за геоцентричност.А древни народи тачно су знале што су ѕвезде а што планете.Од туј и потекнуе збор планета,што на старогрчки значи скитник.
Исто и Џордано Бруно,за сфетли тачке на небо кажа дека су слнциња около кои се вртиф планете како наши.Па затој и беше у затфор.
А некои племиња например како Хопи,Анасази,Хохокам,у пештере су цртале сприрале,тоес имале претпостадку за наш универзум.Значи сфи различно,али на глобално ниво сфе до Галилеју и Коперника се мислеше дека сфе се врти около нас.
Што немора да значи дека некој анонимус е знаја за хелиоцентричност и е направија направу како овуј од Антикитера.
 
Проблемот е што незнаеме ништо за механизмот,не пак да тврдиме дека е хелиоцентричен модел на "нешто".
Логиката не тера на претпоставка дека е некаков календар,но која е гаранцијата дека не е обична играчка?! Всушност,кога малку ќе подразмислам... два зупчаника што се вртат би биле нешто импресивно за луѓе од пред 2000+ години! Можеби некогаш ќе ја дознаеме неговата намена,ама дури и под "најдобар случај" да е календар не би требало да паѓаме во несвест.
П.С.зборот "планета" или скитник доаѓа поради движењето на планетите на небото.Останатите ѕвезди се толку далечни што нивното движење/паралакса во однос на нас не е забележливо,па изгледаат фиксно како нацртани на платно.Далеку од тоа дека до Галилео луѓето имале некаква модерна претстава за нив,уште помалку за некаква хелиоцентричност.Всушност правилниот превод за планета би бил "ѕвезда скитник".
Ќе бидам малку нескромен,меѓутоа астроном-аматер сум(повеќе заебант со телескоп би рекол) :)
П.П.С. Џордано Бруно го запалиле за многу други работи,најмалку за неговата хелиоцентрична филозофија! Малце бил нетокму типот ;)
 
Нетокму? Хаха! Џордано Бруно, италијански филозоф од XVI век (и поранешен католички свештеник) бил запален на клада од страна на црквата заради придржувањето кон неговите тогашни неортодоксни верувања - вклучително и идеите дека универзумот е бесконечен и дека постојат и други соларни системи.

Не би рекла дека механизмот изворно содржел само два запчаника кои се вртат. Преведено од „Смитсонијан“, напис кој беше наведен и во воведниот пост, за оние кои навистина ги интересираше да прочитаат:

Експертите работеа на дешифрирање на натписите скриени во механизмот, особено за да ги разберат исчезнатите парчиња на механизмот, меѓу кои некои се и комплетно уништени, а некои се веројатно сè уште на дното на морето. Иако покажувачите на предното лице на механизмот не преживеале, Александер Џоунс, историчар на Институтот за проучување на античкиот свет во Њујорк, вели дека еден натпис открива дека носеле обоени топки: огнено црвена боја за Марс, а златна за Сонцето.

Исто така, недостасуваат деловите што ги движеле планетарните покажувачи, што доведува до дебата за тоа како точно се движеле. Бидејќи планетите орбитираат околу Сонцето, кога се гледаат од Земјата, тие изгледале како да талкаат напред и назад на небото. Грците ова движење го објасниле со „епицикли“, мали кругови суперимпонирани на поголема орбита. Според Мајкл Рајт, поранешен кустос во Лондонскиот научен музеј, кој го проучувал механизмот подолго од секого, механизмот прикажувал епицикли со мали запчаници кои се движеле околу поголеми.

Други натписи навестуваат каде е направен механизмот: Пол Ајверсен, класичар на универзитетот "Case Western Reserve" во Кливленд, известува дека календарот вклучува имиња на месеци користени во Коринт и неговите колонии во Северозападна Грција. Механизммот бил направа која го прикажувала времето на случувањето на поголемите атлетски фестивали во античка Грција, вклучувајќи ги и Олимписките игри, меѓу другите. Можеби механизмот потекнал од Родос и бил истоварен на брод кон север. Античкиот филозоф Посидониј имал работилница во Родос, која можела да биде изворот за него, имено според Цицерон, Посидониј направил сличен модел на небесата во првиот век п.н.е.

Традицијата за правење вакви механизми би можела да се лоцира и многу пред него. Цицерон напишал за бронзен уред направен од Архимед во III век п.н.е. И Џејмс Еванс, историчар по астрономија на Универзитетот Puget Sound во Такома, Вашингтон, смета дека застапениот епициклусот кој е претставен на механизмот е всушност со вавилонско потекло и започнат во 205 година п.н.е. Можеби самиот Хипарх, астроном од Родос кој работел околу тоа време, ја развил математиката која стоела зад механизмот. Тој е познат по тоа што ги измешал аритметичките предвидувања на Вавилонците со геометриски теории фаворизирани од страна на Грците.

Без оглед на сè, механизмот Антикита докажува дека античките Грци користеле сложени аранжмани со прецизно исечени тркала за да ги претстават најновите научни сознанија. Механизмот е истовремено и прозорец кој ни прикажува како Грците го гледале и сфаќале универзумот. Тие верувале дека природата работи според претходно дефинирани правила, како машина - пристап којшто ја формира и основата на нашите современи научни ставови. Едмундс тврди дека оваа „механичка филозофија“ мора да се развила како двостран процес. Античките механизми што ја претставувале вселената изведени во бронза, не само што моделирале астрономски теории, туку и ги инспирирале.

Некои современи реконструкции на механизмот:

ма.png

Exploded-computer-reconstruction-of-the-new-Cosmos-model-of-the-Antikythera-Mechanism.png.jpg

antikythera-reconstruction.jpg

И кратко видео за механизмот, иако погоре беа наведени и други:

Прегледај го приврзокот 248643

Прегледај го приврзокот 248644

Прегледај го приврзокот 248645

И кратко видео за механизмот, иако погоре беа наведени и други:

Natan вие побаравте кратко мислење за механизмот? Незнам дали го исполнив критериумот за кратко,меѓутоа очигледно не го исполнив сугестивниот критериум според кој требаше да бидам воодушевен и импресиониран!
Нејсе,ова е "популарна мистерија",и знам за него од дете.Навистина ;)
Бек он топик:
Има едно златно правило во науката,злато вредно кога има повеќе теории за нешто. Occam's razor се вика.Ај да видиме како ќе "пресече"?!
1.Антички аналоген компјутер кој пресметува триста работи,орбити и свашта.
2.Античка скаламерија која немала богзнае каква функционалност,туку служела за импресионирање на луѓето.
Hint:одбери го најпростото,наједноставно објаснување/теорија.

Друг аргумент,е што вашите аргументи се лажни! Запрашај се:Кој гледа 38 зупчаници во тој р'ѓосан куп?Кој претпоставува за исчезнати елементи и уште зупчаници? Кој прави компјутерски симулации и замислува механизми што не постојат? Кај се доказите? Кај се сликите?

Или двајца(па макар и професори биле) си направиле кариера во животот со "носење и продавање вода во решето"?! Нејсе,нема да бидат први и свака им част! Па со бркање НЛО и слики од Јети се збогатија луѓето,исто му доаѓа.
 
Па имате пласирано тука еден куп реконструкции од моја страна врз база на модерната технологија во вид на слики и видеоматеријали, а тоа што Вие и покрај нив одбирате да останете слеп при очи, е исклучиво Ваш проблем!

Всушност, освен употребата на терминот „скаламуции“, античко шарлатанство и во најново време претпоставена „лажност“ на моите контрааргументи, не видов дека нешто научно успеавте да ме побиете, а Ви цитирав и многу кредибилни извори како „Википедија“ и списанието „Смитсонијан“, меѓу другите.

Ако Ви е целта дебанкирање на нешто што реално не умеете да го дебанкирате научно, Ве молам заобиколете ме!

Поздрав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom