Методија Шаторов-Шарло -- неправедно оцрнет во Македонската историја

Член од
1 август 2007
Мислења
153
Поени од реакции
10
По изтрагата на бугарскио професор Балкански и наjдени от Георги Жеков податоци во архивите на бугарската комуњрска државна безбедност Методи Шаторов - Шарло е убиен лично от Атанас Семерджиев - поранешен 25+ годишен началник на комунистичкиот Генералштаб и потпретседател на Б'пгарија во првиот мандат на претседателот Желев!

Види: Диагноза со Георги Ифандиев от 30.01.2012:
http://vbox7.com/play:b29cbbe725

Video file:
http://media32.vbox7.com/s/b2/b29cbbe725.flv
.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Кон крајот на 2005 година во ИНИ се одржа научен собир под наслов "Методија Шаторов-Шарло и неговото време 1897-1944".

Еве кратка статија од магазинот "Македонско Сонце" во врска со организацијата и одржувањето на овој научен собир.
Клик на линкот за статијата.

Македонско Сонце за Шарло 2-12-2005

Две години после одржувањето на собирот т.е. во 2007 година ИНИ издаде и книга-зборник во кој се собрани и објавени сите реферати и дискусии од собирот.

Еве како изгледа насловната страна на зборникот:



Кој го интересира нешто повеќе за Шарло нека ја побара и прочита оваа, или книгата на Ристо Бунтески-Бунте со наслов "Методија Шаторов-Шарло, политички ставови".

.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Шаторов чекори кон целосна рехабилитација

Промовирањето посебен документарен филм, на Зборникот на лични документи и материјали, поставување посебна спомен-плоча на местото на загинувањето на планината Рила во Бугарија наскоро, ќе бидат нов придонес во долгиот процес на рехабилитирањето на личноста на Методија Шаторов-Шарло, еден од лидерите на комунистичкото движење во Македонија пред и во текот на Втората светска војна. Зад новите проекти со кои конечно треба да се отстранат дамките од личноста на овој револуционер стојат Државниот архив на РМ, како и повеќечлена група на негови потомци и почитувачи од родниот Прилеп. Мотивот за тоа на виделина да излезат сите сознанија врзани за животот и за контроверзното загинување на Шаторов тие го гледаат во потребата неговата рехабилитација да заврши и тој да го добие заслуженото место во македонската историја.

- Овој револуционер, чие дело и околностите во кои загинал пред 68 години и натаму треба да се истражуваат, заслужува да добие споменик или со неговото име да се именува јавна установа или улица бидејќи дал голем придонес за македонското дело. Со тоа, истовремено, ќе се исправи историската неправда која му била направена од македонското и југословенското комунистичко раководство во периодот на Втората светска војна - ни рече вчера Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив, кој стои зад сценариото за документарецот што наскоро ќе почне да се емитува на МТВ, „Методиј Шаторов-Шарло - документи и материјали“. Трудот ги содржи сите документи, материјали, полициски досиеја и повици и прогласи што се врзуваат за Шаторов.

Kако што е познато, по Втората светска војна личноста на Шаторов исклучително негативно беше третирана во македонската историографија, под влијание на тогашната владејачка комунистичка идеологија. Тој, поради наводните опструкции во кревањето на востанието против фашистичкиот окупатор, е посочуван како застапник на „пробугарската опција“, поради што бил исклучен од Kомунистичка партија на Македонија.

- Неговите писма, анализи, истапи на партиски собири, од кои голем дел првпат ќе биде претставен во јавноста во рамките на Зборникот, јасно го потврдуваат она што и досега сум го тврдел, дека тој целиот свој живот го посветил на македонската кауза. Тоа се гледа од секој негов настап и заложбите низ борбата - ни рече вчера Тодоровски.

Документите што ќе бидат објавени се собрани од полициските архиви во Бугарија, но и од архивите во Русија, во кои се пронајдени многу материјали од дејствувањето на Шаторов во рамките на Kоминтерната.

- Постои документ од 1937 година кога тој во Москва, на заседанието на задграничното биро на Бугарската комунистичка партија, се залага за формирање самостојна македонска организација, за неговите заложби целта на таа организација да биде ослободување и создавање самостојна македонска држава. Пиринска Македонија, на пример, ја нарекува македонски крај. Тука се и други анализи што ги правел, документи за подготовки за кревање на востанието, а кои укажуваат дека е на чисто македонска линија. Сите тие најдобро зборуваат за негова личност - истакнува Тодоровски.

Бранко Ѓорѓевски

Обележје не местото на загинувањето

Илија Димоски-Шаторот, потомок на Шарло од Прилеп, ни рече дека е разочаран што местото на неговото загинување на планината Рила не е соодветно обележано. Подалеку од ова место, во 1964 година бугарските власти подигнале споменик на загинатите партизани и на Шаторов.

- Ќе покренеме иницијатива за поставување паметник на просторот каде што мојот предок бил убиен. Не е чесно една значајна фигура од поблиската историја, која е рехабилитирана, да се остави без сведоштво во беспатица на високите планини. Неговите потомци и сите граѓани на земјава се должни да ги почитуваат луѓето што паднале на браникот на слободата - вели Димоски, кој заедно со поранешниот скопски градоначалник Миле Талевски биле дел од седумчлена група роднини и почитувачи која го посетила местото каде што загинал. (Љ.М.)

ИЗВОР
.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
На чело на ПК на КПЈ за Македонија Шарло не само што не беше дораснат туку ниту сакаше да ја разбере и свати вистинската ситуација во која се најде македонскиот народ, ниту да преземе мерки соодветни на стремежите на македонскиот народ, обратно тој е под влијание на БРП(к) и неговата активност во тој период е предавство на македонскиот народ.
Во мартовските настани 1941 година, кога организациите на КПЈ во Македонија се приклучија во општите демонстрации против предавничката политика на кралската југословенска влада, Шарло не се согласувал со тоа.
Проблемот со колонистите - срби, што живееле во Македонија, Шарло бил за нивно иселување, што практично значело дека и овој проблем одел на рака на окупаторот. Сосема е јасно дека сите срби-колонисти или службеници - не можеле да се третираат подеднакво, зашто сите не биле потпора на великосрпската реакција. Меѓу нив имало голем број прогресивни луѓе и политички неориентирани.

По окупацијата на Југославија а со тоа и Македонија Шарло не одел на состаноците на ЦК на КПЈ, не поднесувал извештај за ситуацијата во Македонија и слично.
Ја отцепува партиската организација во Македонија од КПЈ и ја приклучува кон БРП(к), а едновремено со ова го менува и нејзиното име, така што Покраинскиот комитет го именува: ,,ПК на работничката партија во Македонија,,. Само овој акт на Шарло е доволен и ја докажува неговата штетност за интересите на Македонија што значи акт на предавство на својот народ.

Шарло донесува одлука да не се собира оставеното оружје од распаднатата југословенска војска и ги прекинува врските со партиските организации во западна Македонија.

Приклучувањето на партиската организација во Македонија кон БРП(к) (Бугарска работничка партија) ја објаснувал со фактот дека Македонија е окупирана од Бугарија, па според тоа ,,една држава,, треба да има ,,една партија,,. Во таа ситуација, кога Македонија била насилно приклучена кон фашистичка Бугарија, овој акт е кон санкционирање на окупацијата и анексијата на Македонија извршена од страна на фашистичката Бугарска цар Борисова царска влада.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: RTM

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На чело на ПК на КПЈ за Македонија Шарло не само што не беше дораснат туку ниту сакаше да ја разбере и свати вистинската ситуација во која се најде македонскиот народ, ниту да преземе мерки соодветни на стремежите на македонскиот народ,
...
1. Дали ги прочита предходните постови на темава?

2. Од каде ги препиша блуенициве и ЛАГИВЕ за Шарло што си ги наредил во твојов пост? Од дебилните книшки на Колишевски ли, или сам ги измисли?

Прво одговори ми на прашањава, пред да ти ги раскринкам сите лаги и измислици што си ги наредил тука.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47

Методија Тасев Шаторов – Шарло, Панајот, Стари, Стариот Бугарин ( Прекар со кого го ословувал Тито ) е роден во Прилеп на 10 јануари 1897 г.
Основно образование и гимназија завршил во Прилеп, во Битола педагошка школа а во Скопје 1914/1915 година завршува учителски курс.
При крајот на 1919 г. емигрира во Бугарија. Во 1920 г. и се приклучува на Бугарската комунистичка партија (БКП). Во 1923 г. земa учество во Септемвриското востание.
. Во 1925 г. е еден од основачите на ВМРО (Обединета) а подоцна станува активен член на Окружниот комитет за Софија. Во декември 1927 година учествува на Втората конференција на БКП во Берлин, при што е избран за член на ЦК на БКП. Кон крајот на 1928 година затворен се до јули 1929 година. По излегувањето од затвор Шарло емигрира во СССР, каде што работи како функционер во Коминтерната. Во Бугарија илегално се враќа во 1934 г. и се вклучува во активностите на ВМРО (Обединета). Во 1935 година повторно се води постапка против него како член на Обласниот комитет на ВМРО (Обединета) заедно со Димитар Влахов, Васил Ивановски и други каде што од судот е осуден на 5 години затвор и глоба од 50000 лева. По ослободувањето повторно заминува во СССР. Во фебруари 1937 г. заминува во Париз каде што останува се до октомври 1939 г. како раководител на задграничниот пункт на ЦК на БКП за учесниците во Шпанската граѓанска војна.
Кон крајот на 1939 г. кога се враќа во Прилеп.
Врз основа на договор помеѓу КПЈ и Коминтерната, во пролетта 1940 година Шарло преминува во членство на КПЈ и на Првата партиска конференција за Македонија одржана на 8 септември е избран за политички секретар на ПК КПЈ за Македонија. Учесник е на Петтата земска конференција на КПЈ во октомври 1940 година во Загреб, на која зардно со Милован Ѓилас и Јосип Броз Тито е избран за член на ЦК КПЈ. Во мај 1941 година, Шарло го пишува прогласот „Писмо до Стојана“ упатен до Македонскиот народ кој е напишан во форма на писмо. Во прогласот се истакнува дека Македонија не е ослободена од страна на бугарските војски, туку дека една туѓа власт е заменета со друга туѓа власт и дека народот всушност не ја добил својата слобода. Набрзо потоа, согласно тогашната политика на СССР и Коминтерната, ја приклучува Комунистичката партија во Македонија кон Бугарската комунистичка партија, но се противи на нејзината организациска поделба на два обласни комитети (Скопски и Битолски), аналогно на окупаторската административна поделба, и бара од БКП партиската организација во Пиринска Македонија да ја припои кон партиската организација во Вардарска Македонија.
На 17 август 1941 г. Методија Шаторов-Шарло свикува партиско советување во Скопје. На ова советување присуствуваат секретари на месните комитети во Македонија под бугарската управа. На ова советување, по покана од Шарло, присуствува Петар Богданов, член на ЦК на Бугарската работничка партија (комунисти), а не е поканет Драган Павловиќ, делегат на ЦК на КПЈ, кој на 17 август бил присутен во Скопје да присуствува на ова советување. Бане Андреев, учесник на советувањето соопштува следното: „Шарло го отвори советувањето и констатира дека од цела Македонија присуствуваат делегати, освен од партиските организации под италијанска окупација. Сите го потврдија ставот на Шарло и на Бугарската работничка партија, се изјаснија против ставот на Комунистичката партија на Југославија и осудата (од ЦК на КПЈ з.м.) против Шарло. По завршената дискусија и завршниот збор, била поднесена резолуција од страна на Шарло со која му се дава доверба, се одобрува неговата досегашна политика и работа, се одобрува политиката на Покраинскиот комитет под неговото раководство, како и приклучувањето на македонската партиска организација на Бугарската работничка партија (комунисти). Сите присутни делегати гласале за Шарловата политика со што ја одобриле неговата политика, со исклучок на Перо Георгиевски-Чича.
Припојувањето на организацијата за (Вардарска) Македонија кон БКП од страна на Шарло наидува на осуда кај раководството на КПЈ, кое реагира во врска со тоа кај Коминтерната. Коминтерната зазема став во прилог на КПЈ, по што Комунистичката партија во Македонија е вратена во составот на КПЈ, а Шарло е сменет од функцијата секретар на Покраинскиот комитет и е исклучен од КПЈ. Како причина за тоа е и истакнувањето на паролата за Советска Македонија од страна на Шарло, која била спротивна на тогашната ориентација кон народни фронтови на комунистичките партии и која се сметала за секташки ориентирана.
По исклучувањето од КПЈ, Шарло заминува во Скопскиот партизански одред, но набрзо добива писмо од Покраинското раководство за Македонија да го напушти одредот. Шарло упатува и писмо до ЦК КПЈ во кое бара да се вклучи во партизанското движење во Македонија, но не добива позитивен одговор. Целосно отфрлен од КПЈ, во октомври Шарло оди во Софиjа, каде што се става на располагање на ЦК БКП. Во јануари 1942 година станува секретар на Софискиот окружен комитет на ЦК БКП. До 1944 година извршува разни задачи во рамките на бугарското антифашистичко движење, при што меѓу другото е политички комесар на Третата оперативна зона со средиште во Пазарџик. На 4 септември1944 година, само неколку дена пред навлегуването од страна на Црвената Армија, при една акција на бугарската војска против партизаните, во фазата на повлекување пред непријателот, Шарло загинува под неразјаснети околности во месноста Милеви Скали кај Пазарџик. Според официјалната верзија, Шарло е убиен од непријателски оган, но подоцнежните истраги посочуваат на моменти кои се во спротивност со првобитната верзија. Имено, се знае дека Шарло бил во судир со Љубчо Гумнаров и е можно неговото убиство да било испланирано од негова страна, па дури и со знаење на раководството на БКП. Меѓу верзиите што кружат е и таа дека Шарло е убиен со цел да се одоброволи југословенското комунистичко раководство на чело со Јосип Броз Тито.
Шаторов е погребан во Пазарџик, каде што му е и подигнат споменик .
Методија Шаторов-Шарло се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на Македонскиот народ.
Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување.
Дури во ноември 2005 година, на посебно организиран научен собир во МАНУ, тој беше рехабилитиран како македонски борец.




4 Октомври 1923 г.
Методија Шаторов Шарло уапсен како учесник во Септемвриското востание во Бугарија.

Споменикот на Методија Шаторов - Шарло во Пазарџик, Република Бугарија.

Споменикот на Методија Шаторов - Шарло во Брацигово, Република Бугарија
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
1. Дали ги прочита предходните постови на темава?

2. Од каде ги препиша блуенициве и ЛАГИВЕ за Шарло што си ги наредил во твојов пост?
Од дебилните книшки на Колишевски ли, или сам ги измисли?
ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА , генерал МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ

Од тука ги прочитав, од овој неранимајко неписмен генерал што се осмелил такво нешто да напише.

Повеќе читам од Колишевски, дирекни учесници во војната и народни херои кои се бореле против германскиот и бугарскиот окупатор и биле во фашистички затвори отколку од некои кои чуле и пишувале со претпоставки.
Прво одговори ми на прашањава, пред да ти ги раскринкам сите лаги и измислици што си ги наредил тука.
Што не раскринкаш некој врховист, бугарин ако ги прочита нивните гомненици постирани на темата.

DSC00206.JPG
Овој генерел на сликата во неговите пишувани 6 тома книги за историјата на македонскиот народ, во продолжение пишува, (кратки цитати):

Шарловата дејност денес со сигурност моше да се тврди дека се развивала под влијание на тогашните ставови и гледишта на ЦК на Бугарската комунистичка партија по проблемите на оруженото востание и по прашањето на националната самобитност на Македонскиот народ.

Кога се разгледува улогата на Методија Шаторов - Шарло во ПК КПЈ за Македонија, нужно е да се согледа стратегиската концепција на БРП(к) спрема македонскиот народ и неговото востание. Анализирајќи ги досега познатите документи, произлегува дека нејзината концепција да се попречи востанието во македонија, Шарло е еден од реализаторите на таквата стратегија.

Методите за реализирање на оваа стратегиска цел на БРП(к) се:
1. Партиската организација во Македонија да се отцепи од КПЈ и приклучи кон БРП(к), а кога тоа не успева, се испраќа Бојан Блгарјанов, делегат на ЦК БТП(к), таа цел да ја реализира.
2. Да се негираат стратегиските концепции на КПЈ за оружано востание. Преземени се низа активности за таа цел, на пример;
* на окупаторската војска да и се припишува позитивна улога,
* Мобилизираните Македонци да одат во бугарската војска,
* Да се тврди дека во Македонија нема услови за востание
и други активности.

Може секој да ги раскринка лагите на генерал Михајло Апостолски.
***************************************************
--- надополнето: 21 септември 2012 во 00:21 ---
 

Attachments

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Споменикот на Методија Шаторов - Шарло ...
Бугар,

1. Кога веќе си тргнал да го постираш тука целиот текст, требало да дадеш ИЗВОР т.е. од каде си го земал.

Еве јас ќе го направам тоа наместо тебе:
http://www.oldprilep.com/prilepcani/metodija-satorov-sarl.html

2. Оти не ги пренесе и другите слики што си ги видел на овој сајт, па си земал да постираш слики од facebook?
Еве на пример оваа:



1940 година... Факсимил од прогласот во илегалниот весник „Искра“ пишуван од Методија Шаторов - Шарло
:rolleyes:
--- надополнето: 21 септември 2012 во 01:44 ---
ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА , генерал МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ

Од тука ги прочитав, од овој неранимајко неписмен генерал што се осмелил такво нешто да напише.

Повеќе читам од Колишевски, дирекни учесници во војната и народни херои кои се бореле против германскиот и бугарскиот окупатор и биле во фашистички затвори отколку од некои кои чуле и пишувале со претпоставки.
Ете така, треба извор да се наведе.
За да биде правилно, дај точни страни од каде се извадени цитатите.

Македонскиот генерал Михајло Апостолски воопшто не бил неписмен, ниту некаков неранимајко, туку напротив е еден од најзаслужните за времето на НОБ и АСНОМ-ска Македонија, и јас како и секој Македонец кој барем малку се разбира од случувањата во Македонија за времето на Втората Светска Војна има целосна почит за улогата на генерал Апостолски во македонската борба за слобода!

Сепак, во случајов за Шарло АПСОЛУТНО не е во право, и напишаното му е според желбите на Колишевски и неговата клика за оцрнување и плукање по Шарло, а не врз вистината и фактите.

Неговата вина е уште поголема зашто тој едно време беше и претседател на МАНУ и член на Институтот за Национална Историја (ИНИ), што значи имал пристап до оригиналните документи во врска со дејноста на Шарло.
Еве едно интервју околу работиве коишто очигледно не ти се јасни со сегашниот директор на ИНИ, проф. д-р Тодор Чепреганов.
Погледни го целото, а особено делот од 12:40 некаде до 16:00 минута.



Gevara напиша:
Што не раскринкаш некој врховист, бугарин ако ги прочита нивните гомненици постирани на темата.
Ако не ти станало до сега јасно, еве да ти кажам лично = тоа што го бараш од мене јас го правам на скоро секоја една тема овде.
Арно ама истото го правам и за србомани, Срби, гркофили, Грци, Албанци или било кои што сакаат да ја искривуваат и плукаат по македонската историја.

Ај ти погледни на темава КОЈ на твојот пост кликнал "ми се допаѓа", па размисли малку што е и како е околу Шарло.

Gevara напиша:
Овој генерел на сликата во неговите пишувани 6 тома книги за историјата на македонскиот народ,
Очигледно слабо ги разбираш работиве...
На генералот Апостолски му беа давани некои титули и места во граѓанскиот живот на повоена Македонија (претседател на МАНУ) како што некои зборат "за да се тргне на страна" и да не им смета на Колишевски и неговата клика во целосната узурпација на власта. И тоа најверојатно беше зашто генералот има беспрекорна заслуга во НОБ и не можеа туку-така да го тргнат на страна.
Значи книгите за историјата на македонскиот народ се ЗБИРНИ ТРУДОВИ, од повеќе историчари (секој стручен за одреден период кој е третиран во книгите), а името на генералот Апостолски се јавува како главен редактор и издавач на истите. Секако дека има и работи напишани лично од него, за периодот на НОБ во кои лично учествувал.

Gevara напиша:
во продолжение пишува, (кратки цитати):
Веќе потенцирав погоре, еве да ти повторам = ДАЈ ТОЧНИ БРОЕВИ НА СТРАНИТЕ ОД КАДЕ ГИ ВАДИШ ЦИТАТИТЕ, и година на изданието на книгата од која ги препишуваш.

Gevara напиша:
Шарловата дејност денес со сигурност моше да се тврди дека се развивала под влијание на тогашните ставови и гледишта на ЦК на Бугарската комунистичка партија по проблемите на оруженото востание и по прашањето на националната самобитност на Македонскиот народ.
Жалам, ама ова е голема ЛАГА!
И тоа го потврдуваат ОРИГИНАЛНИТЕ документи и прогласи кои ги напишал и издал Шарло до МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, а кои (што е уште пострашно) беа објавувани во некои од изданијата на ИНИ и МАНУ уште во времето на 50-тите и 60-тите и последователни години во времето кога Македонија беше дел од СФРЈ.
Ако сакаш ќе ти покажам некои од нив.

Gevara напиша:
Кога се разгледува улогата на Методија Шаторов - Шарло во ПК КПЈ за Македонија, нужно е да се согледа стратегиската концепција на БРП(к) спрема македонскиот народ и неговото востание. Анализирајќи ги досега познатите документи, произлегува дека нејзината концепција да се попречи востанието во македонија, Шарло е еден од реализаторите на таквата стратегија.
Пак ЛАГА!
Како може да се обвинува Шарло за некакво наводно "попречување на востанието во Македонија", кога тоа е човекот под чија организација на терен беше исфрлен ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ (СКОПСКИ) ОДРЕД, уште во август 1941 година..?!?

Gevara напиша:
Методите за реализирање на оваа стратегиска цел на БРП(к) се:
1. Партиската организација во Македонија да се отцепи од КПЈ и приклучи кон БРП(к), а кога тоа не успева, се испраќа Бојан Блгарјанов, делегат на ЦК БТП(к), таа цел да ја реализира.
2. Да се негираат стратегиските концепции на КПЈ за оружано востание. Преземени се низа активности за таа цел, на пример;
* на окупаторската војска да и се припишува позитивна улога,
* Мобилизираните Македонци да одат во бугарската војска,
* Да се тврди дека во Македонија нема услови за востание
и други активности.
Ако приметуваш овде генералот, и со целосно право, ја напаѓа политиката на БРП(к) кон Македонците.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ја отцепува партиската организација во Македонија од КПЈ и ја приклучува кон БРП(к), а едновремено со ова го менува и нејзиното име, така што Покраинскиот комитет го именува: ,,ПК на работничката партија во Македонија,,. Само овој акт на Шарло е доволен и ја докажува неговата штетност за интересите на Македонија што значи акт на предавство на својот народ.

.
Znaci promenata od PK na KPJ vo PK na KPM i otcepuvanjeto od KPJ e акт на предавство на својот народ?
Cudno razmisluvanje, a i clenovite na komitetot se soglasile.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Ете така, треба извор да се наведе.
За да биде правилно, дај точни страни од каде се извадени цитатите.
Вадам цитати од учесници во ноб, борци против окупаторот признати историски факти изнесени од признати историчари напишани во историски книги според вистински оригинал документи и сеќавања.
Иако секој се служи со такви извори но и со помош на интернет, извори од википедии, блогови, форуми итн.
Македонскиот генерал Михајло Апостолски воопшто не бил неписмен, ниту некаков неранимајко, туку напротив е еден од најзаслужните за времето на НОБ и АСНОМ-ска Македонија, и јас како и секој Македонец кој барем малку се разбира од случувањата во Македонија за времето на Втората Светска Војна има целосна почит за улогата на генерал Апостолски во македонската борба за слобода.
:cuc:


Кој вика дека бил М.Апостолски тоа што велиш.
Ова го напишав :
,,Од тука ги прочитав, од овој неранимајко неписмен генерал што се осмелил такво нешто да напише.,,
заради оваa твоjа констатација:
,,2. Од каде ги препиша блуенициве и ЛАГИВЕ за Шарло што си ги наредил во твојов пост?
Од дебилните книшки на Колишевски ли, или сам ги измисли?,,
Сепак, во случајов за Шарло АПСОЛУТНО не е во право, и напишаното му е според желбите на Колишевски и неговата клика за оцрнување и плукање по Шарло, а не врз вистината и фактите.
Лесно е сега да се негираат неговите твдења кога го нема од 1987 година. Секое време има своја историја. Кој знае после нас што ќе се пишува и што некој ќе измисли за некој.

И од каде толку голема убеденост дека не пишувал Апостолски врз вистината и фактите, 50 години е учено по тие вистини и факти кои веруам дека се вистинити, иако имало некои пропусти кои се разбира дека во секое уредување има а нарочно после војна во која постоела окупација од фашистички окупатори ама и од домашни предавници, да не ги наведувам, ги знаеш.
Неговата вина е уште поголема зашто тој едно време беше и претседател на МАНУ и член на Институтот за Национална Историја (ИНИ), што значи имал пристап до оригиналните документи во врска со дејноста на Шарло.
Еве едно интервју околу работиве коишто очигледно не ти се јасни со сегашниот директор на ИНИ, проф. д-р Тодор Чепреганов.
Погледни го целото, а особено делот од 12:40 некаде до 16:00 минута.
Не можам да си дозволам негирање на кажувањата на М.Апостолски во книгите заради мојата определеност а најповеќе заради учеството на моите родители во војната против гарманско-бугарско-италијанско-албанскобалистичка фашистичка окупација кои се одликувани со медалји кои ги имам постирано.
Апостолски бил заробен ид италијанците и одведен во логорот Вестоне.
Ако не ти станало до сега јасно, еве да ти кажам лично = тоа што го бараш од мене јас го правам на скоро секоја една тема овде.
Арно ама истото го правам и за србомани, Срби, гркофили, Грци, Албанци или било кои што сакаат да ја искривуваат и плукаат по македонската историја.
Тоа јас го барав само заради ова твое:
,,Прво одговори ми на прашањава, пред да ти ги раскринкам сите лаги и измислици што си ги наредил тука.,,
затоа што не видов со ист таков заклучок да се обратиш на некој од бугарашите негатори на македонската историја, врховистите, само за оваа тема, не ми е зборот за општо реакциите спрема нив на подфорумот историја, за тоа таман работа, не сум ни помислил.
Ај ти погледни на темава КОЈ на твојот пост кликнал "ми се допаѓа", па размисли малку што е и како е околу Шарло.
Видов:facepalm:, па од такви шарлатани што може да се очекува. Значи дека се радува за тоа што Апостолски тврди дека Шарло сакал ПК КПЈ за македонија да ја приклучи кон БРП(к) тоа му е ќеф кој уште постои кај нив, што не може да им се оствари оти СКЈ/КПМ се распадна.
Очигледно слабо ги разбираш работиве...
На генералот Апостолски му беа давани некои титули и места во граѓанскиот живот на повоена Македонија (претседател на МАНУ) како што некои зборат "за да се тргне на страна" и да не им смета на Колишевски и неговата клика во целосната узурпација на власта. И тоа најверојатно беше зашто генералот има беспрекорна заслуга во НОБ и не можеа туку-така да го тргнат на страна.
Значи книгите за историјата на македонскиот народ се ЗБИРНИ ТРУДОВИ, од повеќе историчари (секој стручен за одреден период кој е третиран во книгите), а името на генералот Апостолски се јавува како главен редактор и издавач на истите. Секако дека има и работи напишани лично од него, за периодот на НОБ во кои лично учествувал.
Имаш право не ги разбирам, јас сум неписмен.
Му беа давани титули кои ги заслужил како што се даваат титули и сега на не заслужни.
Во издавачкиот одбор на неговите трудови се:
Ивановски Д-р Владо, Коробар Перо, Куцуловска Галена, Ташковски Панде, Терзиоски Д-р Растислав.
Веќе потенцирав погоре, еве да ти повторам = ДАЈ ТОЧНИ БРОЕВИ НА СТРАНИТЕ ОД КАДЕ ГИ ВАДИШ ЦИТАТИТЕ, и година на изданието на книгата од која ги препишуваш.
Еве ти точни страни од ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА од Михаило Апостолски , НИК ,,Наша Книга,, Скопје 1973 година, страна 51,52,53,54.
Некој препишува од оригинал историски книги кои се најрелевантни а некој/и препишуваат од разни википедии, и слични дандара бандара интернет блогови, форуми во кои да не грешам душа повремено сум и јас како сите.
Жалам, ама ова е голема ЛАГА!
И тоа го потврдуваат ОРИГИНАЛНИТЕ документи и прогласи кои ги напишал и издал Шарло до МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, а кои (што е уште пострашно) беа објавувани во некои од изданијата на ИНИ и МАНУ уште во времето на 50-тите и 60-тите и последователни години во времето кога Македонија беше дел од СФРЈ.
Ако сакаш ќе ти покажам некои од нив.
Кој брани некому да верува во она што напишал, кажал, муабетел Шарло. Значи, во неговото и после распадот на СФРЈ ново пишувано за историјата на Македонија треба безусловно да се верува а се она за време социјализмот е ништавно и да се напаѓа, тоа не е исправно.
Ете за некои работи се слагам ама за повеќето не.
Пак ЛАГА!
Како може да се обвинува Шарло за некакво наводно "попречување на востанието во Македонија", кога тоа е човекот под чија организација на терен беше исфрлен ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ (СКОПСКИ) ОДРЕД, уште во август 1941 година..?!?
ЦК на БРП(к) одлуката на коминтерната дека партијата во Македонија и натаму останува во составот на КПЈ ја прифаќа, и во едно писмо од крајот на август 1941 меѓу другото пишува дека е ,,согласен оти другарот ,,Стари,, - направил груби политички и организациони грешки - предавање на оружјето, советска Македонија, непартиско однесување спрема југославија, за што го осудуваме и за што заслужува казна."
ЦК на КПЈ по запознавањето на работата на Шарло го разрешува од секретар на ПК за Македонија на 24 јули 1941 и го известува за ова ПК на Македонија. Бидејќи Шарло одбива да да се повлече од раководството на ПК на КПЈ за Македонија, тогаш ЦК на КПЈ го суспендира целиот ПК на КПЈ за Мкаедонија, а Шарло го исклучува од КПЈ.

Делегатите Л.Колишевски и Д. Павловиќ во првата половина на септември 1941 по упорна борба против ставовите на Шарло , формираат нов ПК на КПЈ за Македонија во состав: Л.Колишевски (секретар), М.Нацева, Б. Талески, Б.Мучето и б.Андреев.

Ако Л.Колишевски бил дебил останува сите други да се наречат дебили ако мислеле како него и ЦК на КПЈ во ПК за Македонија.
Ако приметуваш овде генералот, и со целосно право, ја напаѓа политиката на БРП(к) кон Македонците.
:cuc:

Во ред, ама Шарло бил за припојување на ПК за Македонија кон БРПК(к) тоа никој не може да го негира.

Верувам дека ги гледаш неговите споменици ширум Бугарија.

----------------------------------------------------------
--- надополнето: 21 септември 2012 во 22:13 ---
Znaci promenata od PK na KPJ vo PK na KPM i otcepuvanjeto od KPJ e акт на предавство на својот народ?
Cudno razmisluvanje, a i clenovite na komitetot se soglasile.
Prvo prochitaj pa ti, posle komentiraj.

Otcepuvanje na PK za Makedonija od CK KPJ za pripojuvanje kon BRP(k).

Shto e toa ta ne e predavstvo ako bugarite vechno chekaat nekoj povod vo korist na vecniot niven son za goljama San Stefanska Bl'garija.

Jasno li ti e, ili vo geometriski nacrt treba da ti se razjasni.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Вадам цитати од учесници во ноб, борци против окупаторот признати историски факти изнесени од признати историчари напишани во историски книги според вистински оригинал документи и сеќавања.
Иако секој се служи со такви извори но и со помош на интернет, извори од википедии, блогови, форуми итн.
Ништо не вадиш, туку си препишал нешто за што немаш никакво знаење.
Дали си прочитал ти барем еден од прогласите или директивите напишани лично од Шарло до македонскиот народ и неговите македонски сопартијци во периодот 1940-41 г..?

Еве како на пример овој што го покажав погоре, или "Писмо до Стојана"...?


Gevara напиша:
Лесно е сега да се негираат неговите твдења кога го нема од 1987 година. Секое време има своја историја. Кој знае после нас што ќе се пишува и што некој ќе измисли за некој.
Никаква врска нема тоа што генералот е веќе починат.
Веќе ти кажав дека јас, а и секој Македонец има почит за несомнената заслуга на македонскиот воен стратег без чие воено водство којзнае како ќе се одвиваше НОБ.
Тоа ни најмалку има врска со ПОГРЕШНИТЕ интерпретации и квалификации за работата на еден виден македонски деец како Методија Шаторов-Шарло, со кого Апостолски којзнае и дали воопшто некогаш се видел или имал некаква комуникација.
Дефинитивно Апостолски не е вклучен во ниедно од овие случувања за кои е неправедно обвинет Шарло.

Gevara напиша:
И од каде толку голема убеденост дека не пишувал Апостолски врз вистината и фактите, 50 години е учено по тие вистини и факти кои веруам дека се вистинити, иако имало некои пропусти кои се разбира дека во секое уредување има а нарочно после војна во која постоела окупација од фашистички окупатори ама и од домашни предавници, да не ги наведувам, ги знаеш.

Не можам да си дозволам негирање на кажувањата на М.Апостолски во книгите заради мојата определеност а најповеќе заради учеството на моите родители во војната против гарманско-бугарско-италијанско-албанскобалистичка фашистичка окупација кои се одликувани со медалји кои ги имам постирано.
Апостолски бил заробен ид италијанците и одведен во логорот Вестоне.
Веќе ти реков, си постојат ДОКУМЕНТИ за дејноста на Шарло коишто не може да ги измени или избрише ниеден друг авторитет од времето на НОБ, колку и да е тој заслужен за Македонија, како што е Апостолски.

Не ги мешај тука твоите родители или било чии други родители, баби или дедовци што учествувале во НОБ.
Негирањето или потврдувањето на пишувањата на Апостолски од историски аспект се прави врз база на изворна документација и факти, а не врз пиететот или заслужената почит кон некоја личност како во неговиот случај.

Веќе ти ги споменав прогласите и директивите на Шарло, од кои една од поважните е "Писмото до Стојана" од мај 1941, за кои очигледно не си слушнал.

Ајде земи внимателно прочитај што пишува овде Антун Колендиќ, еден од директните учесници во многу од овие настани и човек кој професионално се занимавал со историски истражувања.

Белите дамки на македонската историја



Gevara напиша:
Еве ти точни страни од ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА од Михаило Апостолски , НИК ,,Наша Книга,, Скопје 1973 година, страна 51,52,53,54.
Некој препишува од оригинал историски книги кои се најрелевантни а некој/и препишуваат од разни википедии, и слични дандара бандара интернет блогови, форуми во кои да не грешам душа повремено сум и јас како сите.
Со цел памет ти МЕНЕ ме обвинуваш дека се користам со нерелевантни извори тука..?!?


Gevara напиша:
Кој брани некому да верува во она што напишал, кажал, муабетел Шарло. Значи, во неговото и после распадот на СФРЈ ново пишувано за историјата на Македонија треба безусловно да се верува а се она за време социјализмот е ништавно и да се напаѓа, тоа не е исправно.
Ете за некои работи се слагам ама за повеќето не.
Нема никакво ново пишување на историјата, има повикување на ФАКТИ и ДОКУМЕНТИ, дел од кои за воља на вистината беа публикувани уште додека Македонија беше во СФРЈ, ама на некој не му одговараа па ги занемаруваше како да не постојат.

Gevara напиша:
ЦК на БРП(к) одлуката на коминтерната дека партијата во Македонија и натаму останува во составот на КПЈ ја прифаќа, и во едно писмо од крајот на август 1941 меѓу другото пишува дека е ,,согласен оти другарот ,,Стари,, - направил груби политички и организациони грешки - предавање на оружјето, советска Македонија, непартиско однесување спрема југославија, за што го осудуваме и за што заслужува казна."
ЦК на КПЈ по запознавањето на работата на Шарло го разрешува од секретар на ПК за Македонија на 24 јули 1941 и го известува за ова ПК на Македонија. Бидејќи Шарло одбива да да се повлече од раководството на ПК на КПЈ за Македонија, тогаш ЦК на КПЈ го суспендира целиот ПК на КПЈ за Мкаедонија, а Шарло го исклучува од КПЈ.

Делегатите Л.Колишевски и Д. Павловиќ во првата половина на септември 1941 по упорна борба против ставовите на Шарло , формираат нов ПК на КПЈ за Македонија во состав: Л.Колишевски (секретар), М.Нацева, Б. Талески, Б.Мучето и б.Андреев.
Не верглај на празно, ти освен пишувањето на Апостолски очигледно немаш поим за ова.
Прочитај го Колендиќ, а после ќе ти дадам уште некои други работи од директни учесници во настаните.

Белите дамки на македонската историја


Gevara напиша:
Ако Л.Колишевски бил дебил останува сите други да се наречат дебили ако мислеле како него и ЦК на КПЈ во ПК за Македонија.
Не мешај работи. Колишевски си бил и останал еден од најголемите македонски дебили, заради чии интриги и глупости од позиција на власт еве очигледно сеуште не можеме да си ја исправиме историјата за која сеуште има и живи сведоци!
Жално ама вистинито.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Тие наводни лаги незнам за кој се расчистени. Во 4 годишната борба против фашистичкиот бугарски окупатор и по ослободувањето додека не се исчисти Македонија од предавничкиот џган минале тешки години и прилагодувања.

Ако робијата на Л.Колишевски во бугарските фашистички затвори и заедничката борба на ЈУ и македонските партизани под водство на Тито во содејство со Англија, Русија, Америка, Франција против фашистичките окупатори не значи ништо тогаш нешто не е во ред.

Никаде немам напишано дека Шарло не бил Македонец ама за неговите разидувања од ПК КПЈ за Македонија не е пишувано само од М.Апостолски, затоа таквата негова постапка не е за оправдување.

Секое ново време пишува нова историја. Сите историски факти и кажувања треба да се почитуваат било од кој ... НЕ од бугарин, чест на искрените и поштени бугари.

Такво било времето после војната така се учело.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Тие наводни лаги незнам за кој се расчистени. Во 4 годишната борба против фашистичкиот бугарски окупатор и по ослободувањето додека не се исчисти Македонија од предавничкиот џган минале тешки години и прилагодувања.
Ако робијата на Л.Колишевски во бугарските фашистички затвори и заедничката борба на ЈУ и македонските партизани под водство на Тито во содејство со Англија,Русија,Америка,Франција против фашистичките окупатори не значи ништо тогаш нешто не е во ред.
Повторувањево веќе станува банално.
Маките или борботе на некои личности не ги поништуваат истите такви на другите за кои од ЛИЧНИ причини на овие првите им сметал поменот на вторите во практикувањето на власта па решиле неправедно да ги анатемисуваат иако фактите и документите зборуваат друго.

Gevara напиша:
Никаде немам напишано дека Шарло не бил Македонец ама за неговите разидувања од ПК КПЈ за Македонија не е пишувано само од М.Апостолски, затоа таквата негова постапка не е за оправдување.
Инсинуацијата за некакви негови наводни про-бугарски ставови се влечеше со децении после војната, пропагирана на големо од Колишевски.
Нема никаква погрешна постапка направено Шарло, туку напротив.
Колишевски е тој што во континуитет правел погрешни постапки и буквално им ги зацрнил животите и на Шарло и на Ченто подоцна.

Gevara напиша:
Секое ново време пишува нова историја. Сите историски факти и кажувања треба да се почитуваат било од кој ... НЕ од бугарин, чест на искрените и поштени бугари.
Нема старо-ново време и историјата се пишува во континуитет.
Кажувањата може да се релевантни во недостаток на оригинална документација и несоборливи факти, коешто не е случај во врска со Шарло, за кого што документите и фактите си кажуваат дека се работи за врвен македонски патриот.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Ни на крај памет не ми е да се конфронтирам со тебе а посебно да го делам твоето мислење. Гледам, дека ако не го подржувам твоето мислење ќе го повторуваш она што знам дека ќе кажеш за документи и факти.

Останувам на моето и верувам исто така во други документи и факти кои останале запишани од други кажувања како што ти мислиш дека се релевантни и оригинал твоите иако верувам во поединечни некои факти во твоите пренесени според за тебе релевантните и оригинал документи а ти не веруваш во ничии други освен само во оние за кои мислиш дека се релевантни.

Само ако си фер и искрен : зошто тој Шарло голем македонец сакал да ја припои ПК на КПЈ за Македонија кон БРП(к). Ако малку се размисли ќе се дојде до заклучок дека таквиот негов потег претставува чекор кон вечниот сон на големо бугарашите кои за жал низ цела Бугарија имаат направено негови споменици и ден денес го величат како бугарин.... не дај боже.

Не го оспорувам комплет неговото делување за кое во некои работи имал право на мора да признаеш дека затранил и за некои негови потези не може да има опрост.

Да се негираат други кажувања за неговиот однос во некои моменти а да се земаат во предвид како факти други за оправдување фрлајќи ги другите во ѓубре, треба илјадници документи и книги да се стават во карантин во кои е напишано спротивното за него.

Два три поста или реплики ти станаа банални со мене а не ти стануваат убедувањата банални со оние од исток врховистите, сантефанистите цар борисовите тенекии на кои не може човек да им докаже вечно.

Секое мое дрндање овде на темата за Шарло кое мислиш дека не е во контест со него и темата бришај, секое мое прекршување на правилата банирај од тема но имам право да ги кажувам моите мислења чуени од други, прочитани, пренесени од книги, линкови и од други извори.

Не е се идеално не е се сончево, има и минуси има и плусеви затоа се историските и други форуми и подфоруми да изнесуваме како било и што се случувало порано, како ќе биде ќе видиме ако останеме на овој бел свет.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Само ако си фер и искрен : зошто тој Шарло голем македонец сакал да ја припои ПК на КПЈ за Македонија кон БРП(к). Ако малку се размисли ќе се дојде до заклучок дека таквиот негов потег претставува чекор кон вечниот сон на големо бугарашите кои за жал низ цела Бугарија имаат направено негови споменици и ден денес го величат како бугарин.... не дај боже.
Дали ова што го напиша, ти делува логички издржано?

Поради состојбата во Македонија, нашите членувале во партиите на соседните земји, како што и самиот напиша - КПЈ (СХС), бидејќи КПМ како таква не ни постоела до пред војната.
Доколку не било проблем да се членува во Српската КП, зошто би било проблем тоа да биде Бугарската КП?

Од ова произглегува дека ти ги оправдуваш српските вазали за Македонија, како што ти би ги нарекол ’големо србоманите’ во редовите на комунистичката партија од Македонија, но сите останати ги квалификуваш како неподобни.

Ова е веќе втор случај да ги застапуваш просрпските гледишта, претходно ги бранеше за режимот и убиствата во Македонија, а сега ги фаворизираш како „боље“ Македонци оние кои им служеле на српските интереси, како Колишевски и оние кои само заземале спротивна страна од бугарската КП.
Сите останати без да ти трепне око, ги нарекуваш “големо бугараши“, без разлика на нивната јасно изразена свест за припадност и недвосмислена позиција околу македонската нација и државност, во однос на соседните држави.

Да ти биде јасно, дека истрчување со такви квалификации, те прави идентичен со Бугарите на форумов.

Не заслужуваш ништо повеќе во третманот отколу тие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom