- Член од
- 30 октомври 2020
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.931
Општа тема за метафизиката во философијата и религиите, мистицизам, езотерија, псијологија, космологија.
Метафизиката (грчки - μεταφυσικά) е дeл од филозофијата коjшто се занимава сo објаснување на природата и потеклото на овој свет. Метафизиката претставува идеалистичка филозофија за прапочетоците на постоењето, за суштината на светот, за предметите што се непристапни за сетилното искуство, како на пример Бог, душата и др.[1] Метафизиката е метод на мислење спротивен на дијалектиката. Таа не ги набљудува работите во нивниот развиток и во нивната заемна врска, туку поединечно, изолирано, во состојба на мир и неподвижност, на застој и непроменливост.
А би го оставил тука и ова за Пиковите од Маслов, можеби како некој стартер на муабетот.

Автоматски споено мислење:
Да се напраи тема за општи дискусии/муабети во области на психологија, филозофија, езотерија, метафизика би било супер
Во ред е, „Има нека тајна веза...“
Ако погледнеме емпириски сите ние како личности имаме некакво метафизичко искуство, тоа ќе ни помогне да ја препознаеме во секојдневието. Можеби е добар примерот со Ж. П. Сартр, кога доживува метафизичко искуство чекајќи го својот пријател во ресторанот кој доцни и е отсутен, но она што во таа ситуација го перцепира е многу интересно, имено, преполниот ресторан со луѓе за него одеднаш станува “празен“, чудно, а дотолку исполнет со неговиот, отсутен пријател кој го исчекува да дојде.
Сега ова можеби некој ќе го толкува како психолошка состојба, но искрено и реално, тука нешто се случува што има и егзистенцијална димензија, “отсутното да биде присутно“, “присутното отсутно“...
Токму метафизичкото искуство зависно од јачината мислам дека ги дели луѓето на материјалисти или дуалисти. Интересно е и од психолошка гледна точка, Маслов со Пикот, а мислам дека е во сржта на сите учења, само е различен јазик.
Покана и до @Hyperion VI како претставник на дијалектичкиот материјализам.Ретко кој е способен да смени парадигми на размислување....сите бараат докази за веќе закоравени ставови кои им се прифатени. Јас на пример сум бил склон на прифаќање на нови учења со леснотија, така да до некои мои 20 и кусур год. сум бил редукционистичко-материјалистички задоен. У принцип и паметот ми функционира многу добро на овие принципи у поглед на решавање на проблеми. Проблемот е што не ги решава егзистенционалните прашања.
Не ми било тешко да ги отфрлам сите тие срања...најтешко ми било да се откажам од концептот за Бог-креатор. Иако сум се сметал атеист доста време право тргање од таа догма ми се случило кога сум се тргнал од материјалистичките сфаќања колку и да звучи парадоксално.
А би го оставил тука и ова за Пиковите од Маслов, можеби како некој стартер на муабетот.
Последно уредено: