Метаболички тренинг

S

Stef Bachatero

Гостин
Метаболички тренинг е тренингот кој е структуриран и вклучува комплексни вежби со малку пауза 30-45 секунди помеѓу една рунда(една рунда е сите вежби заедно) за да се зголемат топењето на калориите при изведување на вежбите и после тоа.
Тоа е кратката дефиниција но да погледнеме што значи тоа.

1.Метаболичкиот тренинг користи повеќе мускулни групи
Структурирани и комплексни вежби е тоа што се користи во метаболичкиот тренинг,бидејќи користат максимално количество енергија,затоа што повеќе зглобови се корситат како чучњеви и преса.Стоењето и правењето на бицепс потисок е спротивно од тешкиот метаболички тренинг.
Метаболички тренинг може да биде многу предизвикувачки и стресен за кичмата но се додека тежината на другите вежби што не ги вклучуваат нозете е доволно тешка,може да се избегне преголемиот стрес од правењето чучњеви.
На пример правењето бенч прес,потоа вратило е метаболички тешка вежба.
2) Метаболичкиот тренинг е висок интензитет
Метаболичкиот тренинг е висок интензитет што ве остава без здив,користејќи го анеробичниот пат.Ако вие не се потите и не дишете тешко,нешто правите погрешно.Идеално треба да кревате тешко и после секој одмор,колку и да е краток и звучи лудо.
Единствениот нешто негативно во овој пристап е тоа што може стварно да биде стресно,што вашите усни ќе станат бели и ќе ви се повраќа.Нашиот систем на скала од 1 до 10 е 5 - 8 се почнува со лесна тежина и полека зголемувате секоја недела,се со цел да прогресирате со топењето масти.
Екстремното на метаболичкиот тренинг е Кросфит,каде што неколку интензивни вежби ќе се повторат во вид на кружен тренинг,со малку или скоро без пауза помеѓу вежбите.Овој тренинг е резервиран за војската и за атлетичарите,но во последно време е тренд во фитнесот.
3)Метаболичкиот тренинг со сигурност го осеќате
Метаболичкиот тренинг треба да овозможи да почустувате жештина во вашите мускули како што вежбате.Затоа на секој последно повторување мора да почустувате малку болка и жештина во вашите мускули.Сеуште не знаме зашто предизвикува толкаво горење на калориите,се верувало дека е до зголемувањето на млечната киселина,но сега се верува дека заради зголемувањето на одредени хормони после вежбање,кои помагаат да се изградат мускули и да се топат маснотии.
Предности на метаболичкиот тренинг
1.Зголемен кардиоваскуларен капацитет
Иако метаболичкиот тренинг не е аеробично вежбање како џогирање,пешачење,неколку студии кажуваат подобрување на кардиоваскуларната ефикасност (ВО2 макс).Исто така е најдено дека е подобро дури и од програма што само дава аеробни вежби.
2.Повеќе истражувања покажуваат дека хормоните што помагаат со липолизата(технички термин за топење масти) се зголемува со вежбањето на ваквиот тип на тренинг.Не сакам да ве замарам со студии но главниот заклучок на сите овие истражувања е дека вежбањето интензивно ја подобрува хормоналната слика,исто така и метаболичкиот тренинг предизвикува најголемо зголемување во хормоните од сите други видови на тренинг за сила.
3.Сериозно топење на калории
Иако многу истражувања викаат дека топењето на калории е слично со аеробичниот тренинг,тоа што се разликува од аеробичниот тренинг е дека топењето на калории не е само во моментот,туку продолжува после 24-48 часа и тоа 15-25 % зависи до колку интензивно се вежба.Тоа значи зголемено топење калории и после вежбањето што е доста полезно за луѓе што се на режим на топење масти.
Тој ефект е затоа што телото добива шок(стрес) и губитокот на кислород мора да го надокнади и да ги поправа мускулите.EPOC е малку тешко за мерење но неговиот ефект е осетен кога вистински се предизвикувате и тоа го гледате после вежбањето.
Пример за метаболички тренинг
Ова е пример за тренинг за метаболички тренинг:
1.Чучњеви
2.Преса за рамења
3.Мртво кревање со прави нозе
4.Веслање во претклон
5.Power Clean
6.Склекови
Ова е напреден тренинг и е со 15 повторувања и стварно е тежок.
П.С пробајте и кажете.
http://www.atletiks.mk/bodibilding-nauka/2013-04-06-18-54-48/topenje-masti/307-metabolicki-trening
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Стеф пази ја кичмата друже, ќе си ја бараш за некоја година ко шо ги правиш вежбите.
На мртвото, чучањот и веслањето многу „шлибаш“ и не го држиш телото фиксно.
Он добра ти е темата макар што има некои работи кои би можело да се сменат и да се додаде уште нешто за ваквите тренинзи. Јас правев ваков метаболички тренинг 40 дена годинава од април до мај во фаза на чистење и работеше доста добро, единствена забелешка имам што изгубив премногу мускул. Се добива експлозивност особено ако се распоредат добро вежбите и тежините.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Метаболички тренинг е ,...
треба некако да се комбинира овој тип тренинзи со тежинските тренинзи. Да се вклопат во неделниот распоред. Башка и исхраната, од што и како да се состои.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 09:13 ---
единствена забелешка имам што изгубив премногу мускул. Се добива експлозивност особено ако се распоредат добро вежбите и тежините.
точно, многу се губи на мускулатура. Пробав 2-3 пати (по совет од лице) и е напорно, не ме бидуваше, посебно да направам комбинација со тежинските тренинзи, а што е можно помалку да се изгуби мускулна маса. Затоа му се вратив на редовните во комбинација со трчање или качување.
Секако и овој метаболичен кружен тренинг е без цел (доколку целта воглавно е согорување калории и намалување на маснотиите), измачување доколку исхраната се состои од леб, ајвар и пита :)
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 09:13 ---
точно, многу се губи на мускулатура. Пробав 2-3 пати (по совет од лице) и е напорно, не ме бидуваше, посебно да направам комбинација со тежинските тренинзи, а што е можно помалку да се изгуби мускулна маса (изгубив 14 кг за 3 месеци но и прилично мускулна маса). Затоа му се вратив на редовните тежински (посебно комплексните) вежби и трчање или качување.
Секако и овој метаболичен кружен тренинг е без цел (доколку целта воглавно е согорување калории и намалување на маснотиите), измачување доколку исхраната се состои од леб, ајвар и пита :)
по мое мислење ваквите тренинзи се повеќе за други видови на спорт, или за луѓе кои немаат голема мускулна маса а се прасиња прави па треба да скинат килажа така да може да го пробаат макар што е доста тежок и прашање дали би го издржале такви луѓе, мускул се губи претереано колку и да внесуваш протеин пак ќе изгубиш многу мускулатура.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
мускул се губи претереано колку и да внесуваш протеин пак ќе изгубиш многу мускулатура.
Мускул не се „губи“ од било каков тежински тренинг ако внесуваш повеќе калории одошто трошиш.
И не само протеин, туку сите макронутренти кои му се потребни на телото за раст и развој.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Стеф пази ја кичмата друже, ќе си ја бараш за некоја година ко шо ги правиш вежбите.
На мртвото, чучањот и веслањето многу „шлибаш“ и не го држиш телото фиксно.
Он добра ти е темата макар што има некои работи кои би можело да се сменат и да се додаде уште нешто за ваквите тренинзи. Јас правев ваков метаболички тренинг 40 дена годинава од април до мај во фаза на чистење и работеше доста добро, единствена забелешка имам што изгубив премногу мускул. Се добива експлозивност особено ако се распоредат добро вежбите и тежините.
Метаболичкиот тренинг е добра алатка во топењето масти и зачувување мускулна маса.
Тоа е се до колку често го правиш и секако другиот вид на тренинг и неговата фрекфенција.
Ако правиш целосен тренинг за сила,а немаш калории во себе,тоа ќе ти дојде големо разочарување и ќе губиш сила и мускулна маса.
Затоа се кратат сериите на 1/2 или на 1/3 за да ја зачуваш мускулатурата и силата исто.
После тоа можеш да додадеш метаболички тренинг.
Ова ми е за да не се угојам премногу :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Јас сепак преферирам спринтови/тренинг со интервали 1-2 пати неделно а другото нормално вежбање.
Стеф, немој да ми кажеш дека од 52 секунда што ти почнува вежбата, ја сметаш за overhead press?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Битно е да се троши калории,, да е експлозивно и да се видат резултати :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Go hard or go home.
Пробајте:
1.Power Clean
2.Military press
3.Вратило
4. Burpees
5. Подигање на платформа
6. Jumping jacks.
Направете 5 рунди од ова и бегајте од теретана.
Со добра музика,се надевам дека ќе ви се допадне
 

Kajgana Shop

На врв Bottom