Разгледај го возниот ред на ЈСП за приградски линии:
http://jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx
Со Google Maps Terrain View можеш да добиеш претстава колку е рамен теренот,
Прегледај го приврзокот 225323
А со насоките за пешки и точната висинска разлика:
Прегледај го приврзокот 225324
Иако за толку долго пешачење би ти требало околу 6km, простор што би требало да може да се најде било каде.
Во однос на тоа што сакаш да пешачиш околу 1 саат, за голем дел од околината на Скопје повеќе време ќе потрошиш во патување (напред-назад + чекање автобус) отколку пешачење.
Плус проблем е што е зима, односно рано се стемнува, па ќе треба да се движиш во темница на непознат терен.
Дополнително, во голем дел од местата или нема патеки за движење, или нема што да се види (но, јас на овие делови обично се движам со кола, па не знам подетално). Можеби некој што живее таму може да каже повеќе.
На Скопска Црна Гора воздухот би требало да биде чист цела зима.
Неколку предлози:
- Паркот Гази Баба (Железара и паркот се на мало ридче, па обично таму е помалку загадено)
- Бањани - Манастир Св.Илија
- Кучевиште - Манастир Архангели Михаил и Гаврил
- Зелениково - Ново Село (нема патека, туку патот за автомобили, но нема многу сообраќај), дел од нивите се покрај Вардар
Во делот на Скопје зад Водно (општините Сопиште и Студеничани) не сум бил многу, па не можам да кажам за таму.
И да, голем проблем е што во Скопје нема места за тегнење нозе.