Места достапни со автобус во околина на Скопје, со почист воздух?

Член од
21 јули 2017
Мислења
217
Поени од реакции
143
Здраво. Обожавам пешачење, но воздухот во Скопје е загаден како по обичај во зима, пошто нема што да го дувне згарежот од колите и фабриките.

Дали може да ми препорачате места во Скопската околија, приградски села кои се достапни со автобус, а каде има помалку сообраќај или погони што прават чад?

Знам ќе кажете Водно, ама Водно е планина, а движење на планина е позаморно одколку на рамна површина.
Ова го кажувам од проста причина што сакам да пешачам и во работни денови, значи навечер во главно.
Качи се на автобус, стасај до таму негде, пешачи саат време, качи се на истиот автобус и врати се :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
15.337
Поени од реакции
10.092
проблемот е што има бајаги да се чека автобус, посебно за назад...ова може кога денот ќе се зголеми, ама тогаш и во Скопје загадувањето ќе се намали..
Друг проблем е што пристапните места се веќе доста урбанизирани, нема каде да шеташ а по тесните улички коли одат...
За летно време, мене ми се допадна делот кај Вила Веранда, значи од Пантелејмон до џамијата Лака, има тука и некој автобус достапен, блиску е Вардар и не се осеќа жештината, а блиску е за жителите на Хром па и цел Карпош, а не е многу стрмно за назад и пешки да се симне до главните сообраќајници
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.047
Поени од реакции
3.134
А кој знае каде е почист воздухот, посебно навечер, па уште да не е планина околу Скопје? Деновиве Сопиште, Бардовци, Миладиновци се загадени, токму во тој период. Кога Охрид, на кејот е загаден, што друго да се бара? Сепак, повисоко место
 
Член од
17 август 2009
Мислења
2.133
Поени од реакции
2.130
Кеј на Вардар. Увек има некое ветре и колку толку го раздувува смогот.
Иначе овие приградскиве места по некоја логика се позагадени пошто нели немаат парно и сите се греат на дрва или што ти не бутаат у ќубмињата.
До Април/Мај ќе си трпиме за воздух, тоа е ...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.919
Здраво. Обожавам пешачење, но воздухот во Скопје е загаден како по обичај во зима, пошто нема што да го дувне згарежот од колите и фабриките.

Дали може да ми препорачате места во Скопската околија, приградски села кои се достапни со автобус, а каде има помалку сообраќај или погони што прават чад?

Знам ќе кажете Водно, ама Водно е планина, а движење на планина е позаморно одколку на рамна површина.
Ова го кажувам од проста причина што сакам да пешачам и во работни денови, значи навечер во главно.
Качи се на автобус, стасај до таму негде, пешачи саат време, качи се на истиот автобус и врати се :)
Одлучи се, сакаш „рамно“ или незагадено. И јаре и паре нема.
65ка на ЈСП с. Раштак ако сакаш незагадено.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.497
Поени од реакции
3.823
Здраво. Обожавам пешачење, но воздухот во Скопје е загаден како по обичај во зима, пошто нема што да го дувне згарежот од колите и фабриките.

Дали може да ми препорачате места во Скопската околија, приградски села кои се достапни со автобус, а каде има помалку сообраќај или погони што прават чад?

Знам ќе кажете Водно, ама Водно е планина, а движење на планина е позаморно одколку на рамна површина.
Ова го кажувам од проста причина што сакам да пешачам и во работни денови, значи навечер во главно.
Качи се на автобус, стасај до таму негде, пешачи саат време, качи се на истиот автобус и врати се :)
Маркова Сушица, рамно е имаш и чист воздух,почист здравје! Од таму до манастирот имаш 2 км, ако ти се оди повеќе можеш накај Малчиште уште километар два и назад!
За викенди автобус од град 80 ка оди до маркетот на раскрсницата, во работни денови и сабота имаш 181 ама од Драчево тргнува, треба 2 автобуси да мењаш.
Има 80а од транспортен за Дражилово и Патишка река ама не ти препорачувам, едни скапаници што пушта ЈСП, никад не си сигурен кај ќе застане.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.171
Поени од реакции
13.868
Од Волково обично идат некои пешачат накај Кучково, само сам не би ти препоручал
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.497
Поени од реакции
3.823
@fennel Сушица 68 нели оди?
Или не е исто Сушица со Маркова Сушица?
68 оди до Сушица преку Коњари, тоа е на пола пат до Св.Николе. Маркова Сушица е кај Марков Манастир, се оди во правец накај езерото Козјак, Пинтија, Батинци, Варвара и Маркова Сушица!
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
234
Поени од реакции
182
Разгледај го возниот ред на ЈСП за приградски линии:
http://jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx

Со Google Maps Terrain View можеш да добиеш претстава колку е рамен теренот,
skopje_topo.png

А со насоките за пешки и точната висинска разлика:
peski.png

Иако за толку долго пешачење би ти требало околу 6km, простор што би требало да може да се најде било каде.

Во однос на тоа што сакаш да пешачиш околу 1 саат, за голем дел од околината на Скопје повеќе време ќе потрошиш во патување (напред-назад + чекање автобус) отколку пешачење.
Плус проблем е што е зима, односно рано се стемнува, па ќе треба да се движиш во темница на непознат терен.
Дополнително, во голем дел од местата или нема патеки за движење, или нема што да се види (но, јас на овие делови обично се движам со кола, па не знам подетално). Можеби некој што живее таму може да каже повеќе.

На Скопска Црна Гора воздухот би требало да биде чист цела зима.

Неколку предлози:
- Паркот Гази Баба (Железара и паркот се на мало ридче, па обично таму е помалку загадено)
- Бањани - Манастир Св.Илија
- Кучевиште - Манастир Архангели Михаил и Гаврил
- Зелениково - Ново Село (нема патека, туку патот за автомобили, но нема многу сообраќај), дел од нивите се покрај Вардар

Во делот на Скопје зад Водно (општините Сопиште и Студеничани) не сум бил многу, па не можам да кажам за таму.

И да, голем проблем е што во Скопје нема места за тегнење нозе.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.094
Разгледај го возниот ред на ЈСП за приградски линии:
http://jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx
Може и ТрансИнфо системот http://info.skopska.mk да ги види координатите на крајните точки на линиите, плус најточни времиња има тука, според распоред и GPS на автобусите.

Google maps и ЈСП сајтот не се realtime data.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
234
Поени од реакции
182
Може и ТрансИнфо системот http://info.skopska.mk да ги види координатите на крајните точки на линиите, плус најточни времиња има тука, според распоред и GPS на автобусите.

Google maps и ЈСП сајтот не се realtime data.
Истиот распоред го има и на сајтот на ЈСП.
(Btw, комплициран е за користење, тоа беше забелешка и кога го пуштија во употреба на ЈСП, па паралелно го вратија и планскиот распоред).
Google Maps и ЈСП сајтот ги пишав за планирање на патувањето, не за real-time времиња на автобусите.
 
Член од
15 декември 2019
Мислења
3
Поени од реакции
0
Aman od vakvi sektasi, site nezni stanavte, ebate americka propaganda, se nesto ne vi cini, da ne ke umres ako pesacis niz grad , zagadeno bilo.

Se poveke vegani, ankciozni, depresivni i nezni luge.
 
Па јас одев на факултет до машински пешки, во зима навечер. Закачив добар бронхит и се лечев месец ипол од тоа.
Сега во петокот исто, од дома до архитектонски факултет пешки. Почна да ми струга плуќата, и имав блага кашлица.
Дишење нечист воздух не те кали и не те прави супермен. ;)

Пробај и самиот пешачи околу топланата во зима, додека е густа магла, ќе видиш како непријатно чуство е загаден воздух...
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.426
Поени од реакции
10.578
Aman od vakvi sektasi, site nezni stanavte, ebate americka propaganda, se nesto ne vi cini, da ne ke umres ako pesacis niz grad , zagadeno bilo.

Se poveke vegani, ankciozni, depresivni i nezni luge.
Немој да си пешачел,запали голфот и со него и по пиво до малската продавница,никако пешки или па со точак не дај Боже како некој стечаец да си.

А и не гледај многу емисии на Васко Ефтов,не се добри за здравје,поготово еве последнава гледам влијаела врз тебе.
 
На врв Bottom