Месечен лимит за уплата на физичко лице на трансакциска

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Ова што го кажуваш е многу општо. Кажи ми по кој Закон сум обврзан и врз основа на што ќе ја почестам државата со тој процент
Автоматски споено мислење:


Тој Закон е донесен, дека ете, влегуваме во Европа. Донесен е колку да се донесе. Претходно требаше да биде донесен закон кој ќе го регулира потеклото на имотот. Сега нешто, предизборно се силат, дека ќе го донесат барем за политичарите. Кај нас докажани криминалци не ги прашуваат од каде им се парите, обичен смртник ќе се тресе во банка за некоја ситна сума
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Да, Куманово 2016-2018-та доживеа бум со заработки од Адсенс, и ги проверуваат дали кој, колку има платено данок на парите кога ке купат нешто поголемо. Имаме сограѓанин кој заработи околу 1,500,000 евра за една година.

Другар купи стан во готово од околу 80,000 евра, и му дојдоа 2-ца инспектори + 1 џандар и мораше да потпишува изјава за потекло на пари. Нормално, со платен данок на истите. Не знам што им е на луѓево.
Толку пари од Адсенс? :несвест:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Кај нас докажани криминалци не ги прашуваат од каде им се парите, обичен смртник ќе се тресе во банка за некоја ситна сума
Колку и да се сложувам за ова но запамти, луѓе прљавите пари си ги перат легално преку фирми.
Кај нас мислам дека законот беше до 10 000 евра да не треба потекло. Е сеа 10 000 евра на плати од 300-500 не се мала пара, затоа и бараат потекло. Овој закон е проблем само за нас обичните смртници пошто секој којшто работи со кеш пари си има и начин како тие да си ги „легализира“. Мислам дека законот е донесен пред повеќе од 4 години пошто познаник кога купуваше стан со кеш пари мораше роднина од странство да му префрли дали пари на сметка дали да му го поклони станот, не ми текнува како беше. Не можеше со своите пари во кеш да го земе станот.
Не знам дали го изменија законот за купување само, до која сума смееш у кеш да платиш. Ама во секој случај без потекло на парите можеш само проблем да си направиш. Се надевам дека членот погоре се распрашал убаво во која банка ќе може да ги стаи не знам за која сума се работи ама ништо чудно уште да е тоа до 10к месечно, што значи 9500 евра месечно комотно може да ги уплати на сметка.
 
M

Macedon1um

Гостин
Абе учете нешто од политичарите, ете пример градоначалникот на Скопје. Во 2015 зима кредит од банка 200 и нешто илјади евра и истата година купува станови/куќа со приближно таа вредност, од платите и други приходи ги плаќа ратите за кредитот а од црните пари во сеф вади и си троши за животни трошоци.

Плаќаш рекет (камата) на банките, ама ги пушташ во оптег црните/непријавени пари. Нит лук јал, нит лук мирисал :)
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Колку и да се сложувам за ова но запамти, луѓе прљавите пари си ги перат легално преку фирми.
Кај нас мислам дека законот беше до 10 000 евра да не треба потекло. Е сеа 10 000 евра на плати од 300-500 не се мала пара, затоа и бараат потекло. Овој закон е проблем само за нас обичните смртници пошто секој којшто работи со кеш пари си има и начин како тие да си ги „легализира“. Мислам дека законот е донесен пред повеќе од 4 години пошто познаник кога купуваше стан со кеш пари мораше роднина од странство да му префрли дали пари на сметка дали да му го поклони станот, не ми текнува како беше. Не можеше со своите пари во кеш да го земе станот.
Не знам дали го изменија законот за купување само, до која сума смееш у кеш да платиш. Ама во секој случај без потекло на парите можеш само проблем да си направиш. Се надевам дека членот погоре се распрашал убаво во која банка ќе може да ги стаи не знам за која сума се работи ама ништо чудно уште да е тоа до 10к месечно, што значи 9500 евра месечно комотно може да ги уплати на сметка.
Станува збор за два закони, Првиот со кој се служи УЈП, е за персоналниот данок. Точно е, тука се спомнува несразмерен приход, нешто што не си можел да го заработиш според евиденциите. Но, навистина си можел да имаш пари од родители, баба, дедо... Тие пари не се приход и, никако не би требало да се оданочуваат. Кај нас не се направи пресек како во други земји, Хрватска, на пример. Ги повикаа сите граѓани да пријават колку средства имаат, независно од каде потекнуваат. Практично, ги легализираа парите. После таков пресек УЈП може да ти тврди дека имаш несразмерен приход.
Другиот закон е за Перење пари. Тој е поврзан со кривично дејство значи, парите треба да се докаже дека ти се од криминал, а потоа да те гонат по Кривичен Закон. Да, постои Агенција, која има увид на сите трансакции, дури и на тие од 9500 евра, како што спомнуваш. Меѓутоа, и во првиот и во вториот случај, теретот на докажување е кај нив. Институцијата треба да докаже дека тие пари потекнуваат од криминал, а тогаш веќе не е важен износот. Имам впечаток дека тоа што им е наумено, сакаат да го истераат на сила. По закон, да ме прашале, колку имам оставина од дедо Смиле, ќе сум пријавел. Никако не сакам да се правдам за свои пари. Мислам дека се разбираме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom