Како прво тоа не е професија, туку е работа, а второ, името е само фенси начин да кажат продавач, без да кажат продавач.
А зошто женско продавач... можеби затоа што има два екстра атрибути што никое машко неможе да ги има.
Без навреда но подобро е прво да научиш нешто во случајов што е мерчендајзер, па после да ги подучуваш другите
ако може некој што има сознанија за оваа работа да сподели искуство, дали е тешко, дали е исплатливо, и зошто на огласите за мерчендајзинг повеќе се заинтересирани да биде женска особа. Ако може некој што работел вакво нешто да даде совет дали вреди да се возиш со колата по цел ден низ продавници
Мерчандајзер или појасно кажано преведено на македонски Унапредувач на продажба, главна обврска му е грижа за производите односно правилно изложување на производите по рафтови, грижа и пратење на роковите на производите. Дали се исплака работата зависно од фирмата за која работиш најчесто платите се 12-15000ден, тешкотијата во оваа работа е тоа што никогаш нема да може се да ти е средено затоа што после твојата работа во маркетот настапуваат купувачите и други мерчендајзери и ке ти ја заебат работата, 80% од мерчендајзерите се жени затоа што поприлично е полесна работа за разлика од продажбата ( комерцијалисти ) во која 80% се мажи, и жените се понадарен и пострпливи за средување на нереди кој го прават купувачите, Дали вреди да се возиш по цел ден по продавници треба ти да си одговориш на ова прашање јас ке ти ги кажам придобивките од оваа работа
- ке земаш плата
- проширување на познанствата со голем број луѓе најчесто сопственици или раководители во маркети
- запознавање на поголем терен односно повеке градови ако не си од СК
- динамичност на работниот ден нема да знаес кога ти поминало времето наработа
Се надевам ти одговори доволно другото нека ти го кажат во фирмата каде можеби сакаш да се вработиш