Менување на white balance на фотографија во Photoshop

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
На секоја постоечка фотографија, во Photoshop можете да и го промените белиот баланс многу едноставно. Како?

Многу лесно. Отворете ја фотографијата во Photoshop и во менито изберете Image > Adjustments > Color Balance, или едноставно на кратенката Ctrl + B.

Ќе ви се отвори бокс со три лизгачи. Со нивното лизгање ја менувате температурата на бојата (топла-ладна) на фотографијата. Едноставно, мрдајте ги додека не ви фати око.

Еве пример:

Oргиналната фотографија со топли бои:

whitebalance_1.jpg

По извршената промена:

whitebalance_2.jpg
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Втора алатка која може да се користи е Маtch color. Во менито изберете Image > Adjustments > Match Color и штиклирајте ја опцијата Neutralize. Видете што ќе се случи.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Mистичен, би сакал да те прашам.
Доколку имам две слики, од кои едната е премногу темна, а другата е пресветла, како можам едната да ја направам со истите елементи(brightness,contrast и слично) што ги има другата? Постои такво нешто? Сложен процес е? Би можело да се олесни?
Однапред благодарен, Спајдер. :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Постои, ама не се прави со брајтнес и контраст кои имаат сосема друга намена, а тоа што ти сакаш да го направиш се прави сосема поинаку. Ке биде објаснето во посебен туторијал :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom