Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.397
- Поени од реакции
- 7.847
Сите гледаме на секој чекор менувачници, кои покрај размена на кеш нудат и други услуги како Western Union, Money Gram итн. со што се отвора прашањето колку и како е доходовна оваа работа?
Во еден ден во две различни менувачници разменував помали суми на девизна валута во денари, и симптоматично беше што и на двете локации истите девизи беа разменати по различен курс, во едната не добив апсолутно никаков документ за размената, додека во другата имаше некое ливче слично на фискална а на кое ја пишуваше само и само сумата исплатена во денари и тоа само бројки без никаква деноминација и ништо повеќе, без никаков податок кој, кога и по кој курс ја извршил размената.
Ова е интересно затоа шо НБРМ на својата страна објавува Курсна листа која е на сила на ниво на цела Македонија извесен временски период,
Со исклучок на банките каде кога сум вршел размена се добива детална потврда за тоа колку девизи и во кои апоени сум дал за размена, и додатно на тоа колку и во какви апоени ме исплатиле и пред се по кој курс е изврешна размената, менувачниците не издаваат никаква потврда. Фактички тие се лиценцирани пералници на кеш кај кои никој нема појма реално каков е протокот на пари, а често се и параван за лихвари според тоа кои ликови се во сопственичка структура (формално и неформално).
Ако има некој поупатен може слободно да објасни кој и како врши контрола на тоа колку и како откупуваат девизи менувачниците, и дали на дневна база на шпекулативно работење преку манипулација со откупни цени на девизи се оштетуваат огрмна бројка на граѓани.
Бујрум на дискусија...