Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.610
- Поени од реакции
- 88.105
Судејќи по ова заклучив дека нема тема за една од најпознатите музички групи во Македонија, Меморија.
Бендот е основан во 1984 година, од страна на басистот Петар Георгиевски - Камиказа. Пред да станат познати, настапувале по Скопските локали, а Македонската јавност ги запознала со нивниот прв хит наречен "Нена". Врвот го доживуваат при крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со нивниот прв студиски албум, наречен "Оган Под Ѕвездите", кој беше објавен од Музичната и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје. Потоа следуваше уште еден прилично успешен албум наречен "Октомвриски Дождови" каде што најголем хит им беше преработката на песната од Дадо Топиќ, "Македонија" каде што потоа ја пеат во живо на плоштадот на денот на независноста на Република Македонија. После овој албум, пеачот Апостол Поце Икомонов го напушта бендот, а на негово место доаѓа Ристо Самарџиев. Бендот има уште два студиски албуми, но не ја надминаа популарноста на последните два... Крајот на групата се надзираше веќе во 1995/1996 година, каде што сите членови решаваат самостојно да продолжат по своите патеки...
Состав на бендот:
Вокал: Апостол Поце Икомонов, Ристо Самарџиев
Бас Гитара : Петар Георгиевски - Камиказа
Тапани : Антонио Димитриевски
Клавијатури: Дејан Кузмановски, Валентино Скендеровски
Гитари: Ицо Јовковски, Бане Поповиќ
Дел од хитовите на Меморија
Македонија
Оган Под Ѕвездите
Нена
Зошто Боже
И потоа со Ристо, како вокал
Дирлада
Нашите Слики
Последен пат можевме да ги видеме во целосен состав пред две години (2012), кај Миленко, ја барав цела емисија по интернет, но неможев да ја најдам :/