Медицински и стоматолошки факултет

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Ќе им текне на тие од стоматолошки да го апдејтираат тој посраниот сајт што го имат и да стаат некоја информација за 15ти, кога, каде и зошто ?
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
И некој уствари да не знае кај е влезот на Амфитеатарот кај Деканатот ?
 
P

Patience

Гостин
Амфитеатар 1 ( амфитеатарот каде што ќе ви се одржи презентацијата од продеканот а и ќе ви бидат предавањата за прва година ) е во склоп со зградата на микробиологија. Поточно кога одите од деканатот надолу кон рампата, ја преминувате рампата и ќе свртите само лево. Ќе видите надвор скали железни, ќе се качите по нив и тоа е влезот на амфитеатарот нема шанси да утнете. :) А амфитеатарот каде што ќе ви ги доделуваат индексите е во самиот деканат, на горниот кат. Кога ќе влезете во деканатот прашајте таму ќе ве насочат.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Епа тој де.

Добро е, ставија 2 нови вести последните 2 дена.

ИМ СООПШТУВАМЕ НА СИТЕ НОВО ЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2011/12 ГОДИНА НА НА СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, УНИВЕРЗИТЕТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ДЕКА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 15.9.2011 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК), ВО АМФИТЕАТАРОТ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ СО ПОЧЕТОК ВО 08.00 часот.
НА СТУДЕНТИТЕ ОД СИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ИМ ГО ЧЕСТИТАМЕ ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА И ИМ ПОСАКУВАМЕ УСПЕХ И РЕЗУЛТАТИ ДОСТОЈНИ ЗА ПОЧИТ.
 

thekillagorilla

Мортус
Член од
20 февруари 2007
Мислења
610
Поени од реакции
12
МОРАМ да прашам ова:
Кај има листа да се види во која група сум и кај се наоѓа локацијата на амфитеатар 1, за анатомија 1?
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
МОРАМ да прашам ова:
Кај има листа да се види во која група сум и кај се наоѓа локацијата на амфитеатар 1, за анатомија 1?
Подобро прашање : Има ли некој мапа од сите предавални во склоп на факултетот ?
Инаку Амфитеатар 1 е во склоп на институтот за Микробиологија.
 
Член од
28 јуни 2010
Мислења
63
Поени од реакции
15
Мапа тешко да има пошто на секоја клиника и институти речиси си имаат свои предавални...Амф.а е кај микробиологија (задна страна на зградата) спроти патологија.., амф.2 во иститутскиот дел итн.. другите ќе ги научиме со текот на времето
 

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Подобро прашање : Има ли некој мапа од сите предавални во склоп на факултетот ?
Инаку Амфитеатар 1 е во склоп на институтот за Микробиологија.
Амф 1 во којшто ќе бидете веројатно цела година е пред рампата помини го хипократ и пред рампа вртиш десно
Амф 2 е внатре во институти во средина на ходник е нема да го промашите тука во втора
Амф 3 е хирургија
Амф 4 Интерна
па натаму гинеко, инфективно, педијатрија, судска, онкологија и секако тој у деканат - најубавиот ама тој само за нив е и за гости од страна
 

thekillagorilla

Мортус
Член од
20 февруари 2007
Мислења
610
Поени од реакции
12
Е ова не го свајчам, за предавање сум паралелка А, а ме пишува во група Б-10.. Ова значи дека сум во групата за распоред Б-4 ???И дали сега мои се Б-предметите или А по распоред?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom