Медицинска астрологија - iatromathematics !

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.654
Сите ја знаеме „Хипократовата заклетва“, но дали знаеме нешто друго од негово време?

ice_screenshot_20210228-181536.jpeg

... гјатроматематичарите (од грчки ἰατρική „медицина“ и „математика“)тоа биле лекари во Италија од 17 век кои се обиделе да ги применат законите на математиката и механиката за да го разберат функционирањето на човечкото тело, повикувајќи се на студиите на Леонардо да Винчи за анатомијата на човечкото тело и списите на Аристотел за движењето на животните поврзани со геометриската анализа,

200110083657995a3602290i.jpg

... областа на гјатроматематика е поврзана со науката, но денес се уште нема применливост на соодветниот научен метод и затоа се смета за форма на псевдонаука (студијата за астрологија на медицината) и се уште неодобрен од Америчката Медицинска Асоцијација, но треба да се спомне дека во 2015 година направена е анкета, чиј резултат од 29% од американците да веруваат во астрологија значи и промена на прифаќање на овој метод во некои сегменти за подобро здравје како што е и медицината базирана на докази,

... како што на пример до 1973 год Америчка Психолошка Асоцијација хомосексуалноста ја имаше како ментална болест, да денес тоа биде само една „нормална“ сексуална ориентираност или определеност но никако психолошко растројство, ни се допаднало нас или не и покрај последиците што сеуште се присутни денес и негативната конотација,

... дали има некој лично искуство и примена во денешно време поврзаноста на хороскопскиот знак, небесните тела со анатомијата на човекот и влијанието или алтернативна испомош за неговото здравје, мислам дека ретко ќе се најде, барем не во овие балкански простори,
или имаме искуство, кое би било еден вид алтернативна испомош во лекувањето на пациентот заедно со докажаните медицински методи засновани на докази во медицината?

Еве 13 совети од Хипократ:

1. Елиминирајте ја причината – тогаш болеста ќе исчезне.
2. Брак – ова е треска која започнува со топлина и завршува со студ.
3. Лекарот лечи, но природата ќе те излечи.
4. Младиот дух го спасува разрушеното тело.
5. Некои пациенти, не разбирајќи во својата свест, оздравуваат само затоа што се сигурни во мајсторството на лекарот.
6. Лекувањето е дело на времето, но понекогаш е и дело на можноста.
7. Нека вашата храна биде вашиот лек и вашиот доктор.
8. Душата на човекот се развива до неговиот последен здив.
9. Работата е неопходна за здравјето.
10. Животот е премногу краток за да научите некоја професија.
11. Постојат две работи: наука и предрасуди; науката создава знаење, а предрасудите создаваат незнаење.
12. Тоа што не се лечи со лекови се лечи со железо, она што не го лечи железото го лечи огнот, она што не го лечи огнот го лечи смртта.
13. Колку ѕвезди на небото, толку многу скриени тајни во женското срце.

Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Бјонс, од сѐ срце, онака најтопло ти препорачувам, коа ќе ти пукне слепо црево или тромб ќе ти се закачи на срце/мозок/црн дроб да отидеш да те лечат со помош на "Медицинска астрологија". Па сподели ти со нас лични искуства после. :backa:
 
...го превртуваш моето мислење што не е во ред и коректно од твоја страна да дадеш пример за мене ,,што да ми се случи,, , пишувам за дополнителна помош како алтернатива на моменталното медицинско лечење базирано на докази, инаку сигурно смешни ти се и други алтернативни методи како акупунтурата, акупресура па и квантна медицина,
... еве ќе споделам мислење дека денес во 21 век имаме појава на јавување на пациенти во болница со перфорирани апендикси, поради пандемијата и неработење на другите оддели и клиники освен Ковид центри, пациентите во 21 век поради погрешно толкување и третирање на покачени д-димери со предозирање на антикоагуланси токму доаѓа до крварења во желудникот, па и до пукање на крвни садови во мозокот и срцето, така да не мора да споредуваш со ништо, доволно ова кажува,
медицина да мешаш со движење на небески тела и хороскопски знаци.:несвест: Замисли те боцка сестрата и ти промашува вена, аааа пак Јупитер ме јебе си вика.:pos:
...нема да ти коментирам, зашто без веза споредуваш, зашто како пример не кажуваш како некоја баба на ,,полна месечина,, преку ноќ ја остранува брадавицата која со години не исчезнува, јас не можам тоа да си го објаснам ама сум сведок на таква појава, зашто сите родени стрелци ги имаме скоро истите здравствени проблеми или сме осетливи на исти органи во одреден период,
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
...го превртуваш моето мислење што не е во ред и коректно од твоја страна да дадеш пример за мене ,,што да ми се случи,, , пишувам за дополнителна помош како алтернатива на моменталното медицинско лечење базирано на докази, инаку сигурно смешни ти се и други алтернативни методи како акупунтурата, акупресура па и квантна медицина,
... еве ќе споделам мислење дека денес во 21 век имаме појава на јавување на пациенти во болница со перфорирани апендикси, поради пандемијата и неработење на другите оддели и клиники освен Ковид центри, пациентите во 21 век поради погрешно толкување и третирање на покачени д-димери со предозирање на антикоагуланси токму доаѓа до крварења во желудникот, па и до пукање на крвни садови во мозокот и срцето, така да не мора да споредуваш со ништо, доволно ова кажува,
1. Не постои такво нешто како медицинска астрологија.

2. Метаболичкото здравје е број 1 причина за post ковид морталитет, во грото од случаи. Како ова копреспондира со хороскоп, дури и да сакаш да предложиш алтернатива?

Алтернатива е луѓето да се ЗДРАВИ пред ковид, или да направат драстични промени потоа.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
746
Поени од реакции
984
Best joke I've read in a while thanks
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.654
1. Не постои такво нешто како медицинска астрологија.
2. Метаболичкото здравје е број 1 причина за post ковид морталитет, во грото од случаи. Како ова копреспондира со хороскоп, дури и да сакаш да предложиш алтернатива?
Алтернатива е луѓето да се ЗДРАВИ пред ковид, или да направат драстични промени потоа.
... тоа е твое субјективно мислење кое треба да го ставиш во заграда кога го пишуваш и го коментираш туѓото мислење,
за тебе можеби и Хипократ не постоел, ама ете негови зборови стојат урамени на зид како заклетва, а и на Марс нема живот, а упорно се трошат толку пари да се докаже било што, така да не може да се анулира нешто од минатото сакал да признаеш или не, алтернатива е добродојдена ако помага за полесно препознавање и пребродување на болеста заедно со искутвото, знаењето и примената на медицина базирана на докази.
... ете на пример јас не одобрувам твојата пасија на предлог и совети за примена на суплименти буквално насекаде, но тоа е мое мислење, а ти како модератор на овој подфорум можеш да дадеш придонес или „твое“ мислење, а не да ми ја уништуваш темата која веќе е дозволена да „диши“ тука, а ќе приложам интересни податоци кои никому не би му пречеле ако се применат или едноставно се внимава на некои финеси,
Best joke I've read in a while thanks
...види, знаеш што ќе биде „де бест џок“ за неполна една година? кога ЕУ ќе го прифати истиот закон што го прифати земјата на соништата по диригентска палка на Бајден, да секое дете во било која возраст што е зависен од родителите до полнолество може да си го смени својот пол со помош на исплатени средства од државното здравство, без да го прашат родителот... ете тоа ќе биде „де бест џок евер“, да до пред 40 години психолошките растројства во врска со сексуалната ориентираност, денес си се водат како нормален избор и однесување, ама не е тема тука за да споредувам и докажувам дека не се добри ни за општеството ни за човештвото многу работи,

... преку астролошко предвидување може да се каже со какви здравствени предизвици ќе се соочи поединецот и кога тие најверојатно ќе се манифестираат, па „превентивната медицина“ се носи на ново ниво при што може претходно да се превземе специфични превентивни мерки или да се избере најдобро време да се направат хирушки интервенции, зачнување и бременост и што е најинтересно конкретно за диети со применување на третмани со пост и прочистување, токму како испомош на некоја медицинска постапка која неминовно е најважна.

... што значи „плацебо ефект и лек“? зашто не би се гледало алтернативното согледување на астролошка медицина токму на таков начин врз психата на човекот во интерес на подобрување на неговото здравје?
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.098
Поени од реакции
3.469
...нема да ти коментирам, зашто без веза споредуваш, зашто како пример не кажуваш како некоја баба на ,,полна месечина,, преку ноќ ја остранува брадавицата која со години не исчезнува, јас не можам тоа да си го објаснам ама сум сведок на таква појава, зашто сите родени стрелци ги имаме скоро истите здравствени проблеми или сме осетливи на исти органи во одреден период,
Има ритуал за ова?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Дали астрологијава "фаќа" се однесува само на луѓе или важи и за растенија, инсекти, птици и животни.
Нели за сите има 8 планети?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.654
Медицинската астрологија (традиционално позната како јатроматематика) е древен медицински систем кој поврзува различни делови од телото, болести и лекови како под влијание на сонцето, месечината и планетите, заедно со дванаесетте астролошки знаци.
...поврзаноста на хороскопскиот знак со делови на телото каде е поосетливо и можно за идно заболување:

Овен - глава, лице, мозок
Бик - грло, глас, врат
Близнаци - раце, рамења, нервен систем, бели дробови
Рак - дојка, желудник
Лав- срце, 'рбет, гради
Девица- дигестивен систем, кожа, бемки
Вага- кожа, бемки
Скорпија- генитални органи, екскреторни системи
Стрелец - црн дроб, колкови, бутови
Јарец- зглобови, колена, скелетен систем
Водолија - глуждови, циркулаторен систем.
Риби - стапала, прсти, лимфен систем

... здравствените проблеми може да се пресметаат од здравствената астрологија со помош на натална карта и влијанието на планетите, во зависност од моменталната состојба, Здравствената астрологија може да ги предвиди и идните здравствени проблеми.
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Медицинската астрологија (традиционално позната како јатроматематика) е древен медицински систем кој поврзува различни делови од телото, болести и лекови како под влијание на сонцето, месечината и планетите, заедно со дванаесетте астролошки знаци.
И што се диагностицира со ова или лечи?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.654
И што се диагностицира со ова или лечи?
... широк поим, не се објаснува со една реченица, затоа и спаѓа во алтернативна медицина, интересно е и да се земе во предвид и крвната група на секој човек во одредување на можните заболувања или начин на полесно лечење со специфичните карактеристики.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
јас до сега немам видено вакво нешто да се користи, кој и каде се користи ова поточно во алтернативна медицина ???
Мене логика ми нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom