Мајстор за шофершајбни во Скопје?

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.269
Поени од реакции
890
Знае некој да препорача каде би можел да сменам шофершајбна за Mercedes CLK 2005 купе?

Плава шофершајбна .

Некаде кај што нема да ме одерат со пари, али да си е квалитетно.

Благодарам однапред.
 

Fredy Guarin

Second to none
Член од
20 јули 2009
Мислења
3.585
Поени од реакции
5.328
Знае некој да препорача каде би можел да сменам шофершајбна за Mercedes CLK 2005 купе?

Плава шофершајбна .

Некаде кај што нема да ме одерат со пари, али да си е квалитетно.

Благодарам однапред.
Прашај во едел пром, после порше македонија се наоѓа.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
6.787
Поени од реакции
1.694
формула 95 за поефтино или еуротек, еделпром
Ама прашај си на повеќе места разни цени имаат еве повеќе
https://zk.mk/shofershajbni
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.964
Поени од реакции
4.980
Еделпром мене ми сменија задна шофершајбна на Цитроен со се греачи за 100 евра.

на мој пријател за Пунто 1 му сменија предна за околу 90 евра
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
692
Поени од реакции
668
а да се распрашаш за половна а оригинал, наместо заменска (кинеска,турска...)
 
Член од
6 април 2014
Мислења
3.143
Поени од реакции
3.650
Kolko ke me kosta sofersajbna za opel corsa c ? Deneska razminuvajki se na pat udri kamence i sega ima mala puknatina ama so tek na vreme ke se prosiri pa me interesire kolko ke me kosta zamena ?
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
339
Поени од реакции
182
Знае некој да препорача каде би можел да сменам шофершајбна за Mercedes CLK 2005 купе?

Плава шофершајбна .

Некаде кај што нема да ме одерат со пари, али да си е квалитетно.

Благодарам однапред.
Како што веќе препорача @Fredy Guarin, @gjoko-mkd и @Torte Mobile погоре, обрати се во Еделпром. Побарај дали имаат Pilkington шофершајбна. Ова не е кинеска, турска или нешто слично со сомнително потекло. Јас сум променил на Мерцедес Е класа W210 шофершајбна (Pilkington) и прекрасно нешто е да гледаш низ неа, како да седиш на хаубата. Пред да купам нова шофершајбна, прво наместив половна, но не бев задоволен од тоа како се гледаше низ неа и како се однесуваше на дожд.
Едноставна логика - сите половни шофершајбни се стружени, греени, ладени, чистени со тврда четка, стружени во зимо со пластика, паѓале дрва, град и слично - и сето тоа рачунај едно едно 10 - 15 години. Цена на нова наспроти половна е најмалку дупло, па на крајот секој си има своја математика.

Важна работа: на твојата кола имаш автоматска контрола за брисачи. Внимавај мајсторот што ќе ја менува да знае точно како да го залепи сензорот (и секако, шофершајбната да биде од тој тип!), не само да го намачка и да го шлапне одозгора затоа што нема да ти работи. Оваа грешка ја направив јас кога ми ја местеа половната шофершајбна бидејќи ја направив грешката да пијам кафе во близина, наместо да видам дека го лепел сензорот со препарат за лепење на ретровизор. Во еделпром новата ми ја наместија перфектно и дури и ми демонстрираа дека сензорот работи!
 
На врв Bottom