Ѕирни ги исто и Cala Millor и Cala d'Or .Cala Millor ти е супер место со голема плажа и чисто море што е најбитно.Има една поголема пешачка улица и убаво среден кеј, така да не е досадно за навечер.Моја препорака за хотел тука е Hotel Vista Blava. Лани, на крај на јуни, цена за полупансион беше 25 евра од човек од ноќ. Cala d'Or пак, нема толкава градска плажа, туку 4 мали ама убави заливи. Локацијата е голем плус, затоа што се наоѓа блиску до националниот парк Mondrago и Calo des Moro. Алкудија е исто така убава, хит дестинација за фамилии со мали деца со преубав стар град (оддалечен е 1-2км од ресортите). Минус е тоа што има преголема гужва и делува како мејнстрим дестинација, исто како местата на југ, со таа разлика што на југ гужвата ја прават пијани Англичани и Германци
. За градската плажа во Алкудија не можам да зборам, не сум бил, но во близина на Алкудија е Playa de Muro која е топ.
Ефтини летови се наоѓаат. Еве гледам оваа година се дури поефтини од лани.Повратна карта за крај на јуни е 100 евра од човек. Скопје-Келн-Палма; Палма-Пиза-Франкфурт-Скопје. Има шетање по аеродроми ама се исплати
Рентање кола обавезно за обиколка на островот.
Така убав спој на природа и култура на толку мало место ретко се наоѓа.