Мајорка

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Сакам следното лето да одам на одмор во Шпанија, па како можна дестинација е и Мајорка. Ме интересира дали некој бил и какви се вашите искуства, иначе патуваме со мало дете па колку постојат места за одмор во Мајорка за со мали деца.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Де бре, зимата уште не почнала, ти за следното лето си се фатил:D

Шала на страна, лично немам одено во Мајорка, но од пријателите (кои биле и со деца и без) кои што биле имам слушнато само пофални зборови. Но сепак можеш да побараш и други места за одмор :)
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Еден братучет мој беше и ниеден лош збор не кажа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Сакам следното лето да одам на одмор во Шпанија, па како можна дестинација е и Мајорка. Ме интересира дали некој бил и какви се вашите искуства, иначе патуваме со мало дете па колку постојат места за одмор во Мајорка за со мали деца.
На неколку места бев во Мајорка, и парови со мали деца имаше во изобилство и скоро секаде. Интересно беше да се види како различни луѓе од разни демогрефски структури и од различни нации се справуваат со децата на плажа. Ете на пример на големата плажа кај Алкудија доаѓаат секакви луѓе ама некако мислам дека преовладуваа Скандинавци, Германци и таквите (западњаци генерално). Уште поконкретно мислам дека некако покултурна раја идеше таму, во некој просек. Децата не можеш да им ги слушнеш кога се на плажа. Дали си играат на песок или се во вода, тивки се.
На другите места беше нешто подруго. Источноевропјани, Пољаци и други, со поразгалени деца врз кои немаат толку добра контрола (па истиве постојано нешто плачат и/или врескаат). Но ни тоа никако не се споредува со Балканците и нивните разгалени и невоспитани деца на грчките плажи (во глобала зборувам, ве молам не се вреѓајте вие што не сте такви).


Но извини на дигресијата, сеуште сум под импресија на настаните. Тебе те интересира каде во Мајорка со мало дете.
Вака, прво зависи колкав ти е буџетот за одморот.

Најубаво место во Мајорка за со дете?
- Алкудија. Не градот, туку некаде на исток по заливот накај Кампо ди Муро (или така нешто) е сето една голема туристичка населба со хотели, и разни смештаи кои можеш да ги најдеш на booking.com (или уште подобро директно, ако успееш да ги најдеш потоа на интернет).
Плажата е феноменална, огромна -целиот голем залив е плажа, со прекрасен ситен бел песок (не е толку прекрасен кога треба да го истресеш од себе, само со вода се одлепува :) ).
Тоа што го прави местото многу добро за деца, се две работи. Прво водата окулу Мајорка е многу топла (таква беше и во втора половина на Септември). Второ топлината се должи и на фактот дека плажата е таква да многу полека се влегува во длабокото: можеби повеќе од пар стотина метри подалеку од брегот за да стигнеш до длабочина што ти е над глава. :)
Такви плитки плажи се најдобри за деца, прво е плитко (и не можат за пар секунди да отидат во длабоко) второ е многу топло.

Во Алкудија бевме во приватен апартман со кујна, цената беше некаде по 65евра од ден. Но сигурен сум дека ако идеш во директен договор со газдите (не преку букинг.ком) можеш да се договориш за поевтино... посебно покасно во сезоната.

Друга добра опција за со мало дете, е all-inclusive или полупансион смештај во хотелски ресорт. Скапо е ама ако налеташ (како јас) на добра понуда, поевтино е одошто би помислил. Убавината е дека не мораш да мислиш на ништо за спремање храна и слично, се ти е спремно и првокласно - ресторанска храна со десетици разни јадења по избор.
http://www.iberostar.com/en/hotels/majorca/iberostar-club-cala-barca/photos
Фотографиите не доловуваат колку е убав ресортот. Се наоѓа во националниот природен парк Мондраго, и изведен е во вид на цела една населба од ниски објекти од неколку спрата -сите во власништво на Иберостар ланецот на хотели. Се е неверојатно чисто, средено и мирно (освен непосредно блиску до главниот дел со базени, ресторани и барови, каде има гласна музика).

Лошото е што храната е толку добра, што повеќе ќе мислиш на јадење и пиење, отколку на плажа и одмор. ;)
Пијачки има се и сешто, единствена замерка е што имаа само еден домашен бренд на пиво, за разлика од жестоките пијачки (пример Балантајн виски) и коктелите кои ги имаше на тони.
Пак дигресирам :) во секој случај се работи за аll-inclusive рај посебно за возрасните, а за децата имаше разни организирани забави. Голем дел од луѓето беа со деца.

Во релативна близина бев сместен и во друг хотел (еден од само трите во таа заштитена област, заедно со Иберостар) подлабоко во националниот парк Мондраго. Таму се плажите Кала Мондаго и Кала С'Амадор. Многу убави места, втората е посебно убава плажа... единствено се прави многу гужва во средина на денот. Но пред 12-13ч и неколку саати пред заоѓање на сонцето е раат.
https://www.google.com/search?q=s'amarador&safe=off&biw=1383&bih=878&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=_MczVNvcB4Pd7Qba-oCgBw&ved=0CAcQ_AUoAg
Тука се помали плажите и не е баш за деца, и не само заради гужвите.


Во С'Аренал (непосредно на исток од главниот град Палма) е единственото место каде ретко гледав деца. Но таму раатот го реметеше огромната гужва, што се вели -на плажата пешкир немаше каде да постелеш. Навечер бука од музики и туристи, дефинитвно не е за со деца.



За авионски карти нема да дадеш многу пари, само купи си ги на време. Евтина веријанта би била идење преку аеродромот во Бергамо. WizzAir до Бергамо (дап, Бергано не е Милано -на добри неколку десетни километри е подалеку), тоа нас не кошташе 1600ден... за двајца. Со тоа што ќаривме попуст за нивната годишнина. За редовни цени сметај дека некаде 1600ден кошташе летање до Бергамо во еден правец, за еден човек.
Ryanair до Палма Де Мајорка, некои 50 евра за две карти (во еден правец). Излегува дека кошташе отприлика 150 евра за летање до Мајорка и назад.

Но една задршка е дека ние летавме со рачен багаж, за додатен чекиран багаж ќе треба да доплаќаш... а ќе мораш, пошто си со мало дете (и ќе носиш повеќе работи со себе).
Со среќа планирањето и одморот. :)
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Фала за исцрпниот одговор, добив доста корисни информации, иако е рано веќе сакам да почнам да се спремам. :)
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Сакам следното лето да одам на одмор во Шпанија, па како можна дестинација е и Мајорка. Ме интересира дали некој бил и какви се вашите искуства, иначе патуваме со мало дете па колку постојат места за одмор во Мајорка за со мали деца.
Да не ти е касно за да почнеш да се припремаш?
Требаше пред две години да прашаш, за да одиш на одмор летото 2015. Вака не знам колку ќе ти вредат информацииите.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И јас сакам да идам Мајорка со девојката ова лето па гледам понуди Аурора нешто има па ако имате некој плус инфо кажете.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
И јас сакам да идам Мајорка со девојката ова лето па гледам понуди Аурора нешто има па ако имате некој плус инфо кажете.
Sam si zakazav ja i mi ispadna poeftino od aurora a podobra lokacija (barem za mene). Stan preku airbnb, wizz do Barcelona i ferry od Barcelona do Palma :)
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Sam si zakazav ja i mi ispadna poeftino od aurora a podobra lokacija (barem za mene). Stan preku airbnb, wizz do Barcelona i ferry od Barcelona do Palma :)
Фала за инфо. Гледав и со авион од Барселона до Мајорка не е мн 65 еур. Туку ме интересира дали вреди дали е стварно како што ја фалат. Пошто француската ривиера освен Монако ме разочара.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Фала за инфо. Гледав и со авион од Барселона до Мајорка не е мн 65 еур. Туку ме интересира дали вреди дали е стварно како што ја фалат. Пошто француската ривиера освен Монако ме разочара.
Prv pat odam. Se nadevam e kako sto ja zborat :) ubavi plazi, mesta za posetuvanje, hrana i dobar nokjen zivot
 
S

silmarillion

Гостин
Палма е Барса во мало. Плажите се сон, заливите чисти и средени. Има за сечиј џеб. Околу градот има две да ги наречам главни туристички места за тие со поплиток џеб од UK (Магалуф) и Германија (С'Аренал). Цените воопшто не се високи, напротив поефтино од Грција во многу нешта. Не губете време и пари со агенции, ако фатите добар тајминг ќе ви искочи повратна СК-Барса-Палма 200 евра со еден куфер да делите (ако сте пар). А таму веќе имаш 10 полупансиони за 200 евра (има видете на Booking). Со оглед на тоа што Грците зајдоа со цените и даноците паметен човек ќе си фати со време да си испланира.

Северните делови према Менорка се поскапи ама тоа се резорти, преубави да, и можеш со рентакар да ги ѕирнеш. Совет одете во септември бидејќи е вон сезона а таман температура и цените се сосема ок.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Таман проценки и совети. Крајот на Септември е добар период за посета, дури и тогаш беше претопло но од пола Октомври веќе почнува дождовна сезона.

Северот не е толку скап. Алкудиа на пример е прекрасен залив, долга плажа со сите песок, со плитка вода далеку од брегот. Има места далеку од кафичи, без многу гужва - јас како што сакам. Апартман студио со две соби, комплетна кујна и бања, тераса и излез во приватен двор со базен, на помалку од 100 метра од плажата и сето тоа некаде окулу 60 евра на ден. Јас бев со жена ми, но четиричлено семејство или два пара можат комотно да се сместат без никаков компромис на интима (освен делење тоалет и кујна).

Рентање кола не е морално, Шпанците на Мајорка имаат добар и редовен автобуски превоз, на сајтот ги има сите саатници. Но за 4ца веќе и рентакар е исплатливо.


Јас југот окулу Палма би го избегнувал, премногу гужва. Северот е многу порелаксиран.
На југозапат е националниот парк Мондраго, можеби најубавиот дел од островот. Во самиот парк има пар хотели со нормални цени и ок храна. Тука се двете од најубавите плажи на островот. САмадор е супер, еве фотографии (кои не успеваат сосема да ја доловат убавината):
https://www.google.com/maps/uv?hl=en&pb=!1s0x129656a2069f212f:0x425f352cf5193a3a!2m5!2m2!1i80!2i80!3m1!2i100!3m1!7e115!4shttps://picasaweb.google.com/lh/sredir?uname=113305275220936218156&id=6217346323451393282&target=PHOTO!5smon drago majorca - Google Search&imagekey=!1e1!2shttp://www.mallorca-spotlight.com/sites/mallorca-spotlight.com/files/styles/gallery_images/public/beaches/2613/mallorca-beaches-1416219866_0.jpg?itok=6G31K4kV&sa=X&ved=0ahUKEwiguonzisbMAhULvxQKHVEOD3kQoioInwEwDg
Има гужва, ама рано наутро и пред зајдисонце е прекрасно - кога ќе се спакуваат тие што се дојдени со автобуси и бродови.


Околу градот има две да ги наречам главни туристички места за тие со поплиток џеб од UK (Магалуф) и Германија (С'Аренал).
С'Аренал беше тешка гунгула, нема место каде пешкир да ставиш. Дури и во Октомври. Големи гужви и многу бука, но кој сака забава тоа е местото.
Магалуф дури и повеќе гужва било, наводно - не стигнав таму да одам.

Тука некаде во тој период (почеток на Октомври) се паѓа и официјалниот продолжеток на Октоберфест, кој се сели во Палма. Или така барем ми објаснуваа сисатите келнерки додека ми носеа кригли Пауланер, и други нефилтрирани веизен пива.
Платиш една, добијаш две - само до 23 часот. ;)
 
S

silmarillion

Гостин
Галама е ама шајзе галама. Така шљамот германски на едно место, деца од брат и сестра. Пак и пак 5 пати подобро него да ги фукне човек парите на крациве со разни пирочанци да му гракаат на плажа и под балкон за исти пари.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Како што се жалат луѓево, наводно во гејлада биле осетно рипнати цените. Така да Мајорка излегува и поубаво, и поевтино.

Летање до Мајорка може да биде доста евтино, ако на време се извадат картите. Ама доста од луѓево се научени со полн гепек пиперки да идат на одмор. Плус математика слабо им оди, зелен картон, плус патни трошоци... Ич да не збориме за можните трошоци за аутата, ако истиве добијат третман за разубавување од локалците.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Е ќе ме прекаелите со муабетов за Мајорка, таман реков малку по земја доста ми е летање.
Значи за млад брачен пар кој дел за смештај го препорачувате. Битно е да има каде да се прошета навечер (не мора луда ноќна забава) и да има убави плажи во близина. Ај баш да видам дали ќе успеам на време и Мајорка да ја вклопам во овогодинешниот буџет ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom