Мајка со две деца живее во Рено 4!

Член од
13 декември 2008
Мислења
1.345
Поени од реакции
75
Живеевме со мојот сопруг под кирија, но немавме пари да платиме и затоа се вративме кај свекрвата. Кога мојот маж замина во странство на печалба, јас останав со децата кај неа. Не знам зошто мене не ме сака, но не можам да сфатам како нема ни тронка жал за децата од својот син, вели во солзи несреќната мајка Јасмина, која е бремена трет месец


На паркинг плац во новиот дел на Велес, хаварисано возило "Рено 4" е дом на 32-годишната Јасмина со нејзините две малолетни деца. Јасмина, која е шест недели пред да го донесе на свет и третото дете, една недела веќе живее на паркинг, откако нејзината свекрва ја избркала од дома. Таа заедно со децата место за опстанок нашла во хаварисаното Рено 4, кое го претворила во дом за живееење. Нејзиниот маж, кој немал работа, заминал во странство на печалба, па Јасмина и двете деца ги оставил да живеат кај неговата мајка.
- Од самиот почеток свекрва ми не ме сакаше. Живеевме со мојот сопруг под кирија, но немавме пари да платиме и затоа се вративме кај свекрвата. Кога мојот маж замина во странство, јас останав со децата кај свекрвата. Не знам зошто мене не ме сака. Но, не можам да сфатам како нема ни тронка жал за децата од својот син, вели во солзи несреќната мајка Јасмина.
Во импровизираниот дом во хаварисаното возило е претесно за ова семејство. Тука јадат, пијат и спијат. Не криејќи ја својата болка Јасмина вели дека нема каде да оди. Нејзиниот татко е болен, а делот од наследството од родителите го вложила во нива на која планирале со сопругот да градат свој дом.
- Проблемите се натрупуваат. Се ближи септември. Децата ќе тргнат на училиште. Поголемото треба да оди во четврто, а малата во прво одделение. Но, како јас да ги пратам. Немам пари молив и тетратки да им купам. Ќе им дадат книги во училиштето, но верувајте немам пари да им купам обувки, облека, вели Јасмина. Покрај проблемот со тоа како да им помогне на своите две деца, како да ги подготви за да одат во училиште таа има уште еден голем проблем. За шест недели Јасмина на свет треба да го донесе третото дете.
Оваа 32-годишна мајка бара кров за децата и за себе. Надежта дека ќе и се помогне не ја напушта. Моментално сопствениците на дуќаните во близина на нејзиниот "нов" дом и помагаат. Додека едни секое утро и даваат бурек, леб, јогурт, ручек обезбедува од Народната кујна на Епархијата Повардарска. Благодарни се на сите кои им помагаат, но досега никој не и понудил сместување за неа и нејзините деца.
Јасмина помош побарала и од Центарот за социјални работи во Велес, но вчера не успеавме да добиеме информација дали тие се запознати со случајот на Јасмина. Директорката била на пат, а само таа можела да дава информации. Локалната самоуправа за случајот дозна од новинарите. Градоначалникот Горан Петров рече дека никој досега не му кажал за случајот на Јасмина. Вети дека ќе преземе мерки и дека Општината ќе направи се несреќната мајка и нејзините две деца да бидат згрижени.




Живее во мојот град,но гледам,многу јака држава сме
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Oва не е за ЧДА.:uvo:

Префрлено во Општи муабети.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
цц греота ееееееееееј... како не и срам на таа свињата од свекрва внуците да ги избрка на улица бе...па ова не е нормално бе...под итно да се најде треба сместување и финансиска помош за децата и жената која е БРЕМЕНА...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
Греота е.
Па дури спијат во кола РЕНО 4 !!!!
па сега и кога ке роди 3-то дете што ке прават па тогаш ... ама до тогаш можеби ке најдат нешто.:њаа::њаа::њаа:
 
В

Вори

Гостин
Пу ти ебам државата скапана..греота у пичку матер.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Ти ебам државата у гз,само лични интереси за 2-3ца таму на фотеља што го прЧат МРШ ПИЧКА ВИ МАТЕР. :pusk:

Греота.:(
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.345
Поени од реакции
75
Да известиме Владата,а шо викате??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom