Машки сексуални дисфункции

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
----- Машки сексуални пореметувања -----

Што е сексуална импотенција или еректична дисфункција?

Сексуалната импотенција која се нарекува и еректична дисфункција (пореметување на ерекцијата) е неможноста на мажот да ја постигне и задржи ерекцијата потребна за задоволувачки сексуален однос.

1. ИМПОТЕНЦИЈА

Импотенцијата е неспособност за постигнување ерекција или ејакулација или и едното и другото.

Мажи со сексуални пореметувања имаат различни симптоми, поединечно или комбинирано: губење на либидото, немоќност да постигнат или одржат ерекција, невозможност за ејакулација, прерана ејакулација или невозможност за доживување оргазам.

Половата дисфункција може да е последица од системски болести или нивни лечења, жлезди со внатрешно лачење или психички пореметувања.

Порано се сметало дека причини за импотенција се психогени кај повеќето мажи. Денес се верува дека кај повеќето мажи постои и компонента на телесна болест.

Одбирањето и успехот на лечењето зависи од причината и затоа е важно да се пронајде.

Губење на либидото

Намалувањето на сексуалните желби може да биде последица од недостаток на машки полови хормони (поради болеси на жлездите на хипофизата или тестисите), психички пореметувања или од некои препишани или злоупотребени лекови.

Непостигнување ерекција

Телесните причини можат да се поделат на:
- Хормонско пореметување
Намалување на тестостеронот во крвта поради пореметување на тестисите е ретко, но лесно се препознава и лечи. Друга причина е зголемено лачење на пролактин, хормонот на жлездите на хипофизата кој може да доведе до импотенција, а пореметувањето не е лесно да се уочи при рутински лекарски преглед.
- Лекови
Најголема веројатност за пореметување е во земањето лекови за намалување на крвниот притисок, па и оние за лечење психијатриски болести.
- Локални причинители
Болести на пенисот како пријапизам (долготрајна болна ерекција настаната без претходно сексуално дразнење), повреда на пенисот и Пејрониева болест (болест на сврзувачкото ткиво која допринесува за искривување на пенисот и намалување на здрвеноста) можат да доведат до импотенција поради сврзувачките ткива и запушување на крвните жили.
- Невролошки причини
Многу невролошки пореметувања, вклучувајќи повреди на одредени делови на мозокот, недостаток на осетни сигнали или оштетување на живците (на пример после операција на отстранување на простатата или мочниот меур), можат да предизвикаат импотенција.
Дури половината од мажите со дијабетис (шеќерна болест) стануваат импотентни после првите 6 години од болеста, а импотенцијата може да биде првиот симптом во пореметувањето на живците поради дијабетисот.
- Причини од страна на крвните жили.
Мажите со ова пореметување страдаат од целосен недостаток на ерекција, намалена здрвеност на пенисот или губење на ерекцијата за време на однос. Најчесто причина е атеросклерозата (сушење или запушување на артериите).

Прерана ејакулација

- Непостигнување оргазам
Доколку либидото и еректичниот механизам се во ред, непостигнатиот оргазам е скоро секогаш последица од психички пореметувања.
- Неопаѓање на пенисот
Пријапизам е трајна болна ерекција често неповрзана со сексуалната активност. Пријапизмот може да биде психички, но и телесно причинет - после леукемија, згрутчување на крвта во крвните жили на пенисот или пореметување на нервите кои посредуваат во механизмот на паѓањето на пенисот.
Опаѓањето во раните стадиуми може понекогаш да се постигне со вшмукување на содржината во мочните цевки, испирање или со помош на лекови за стеснување на крвните жили. Доколку овие зафати не се успешни, потребна е хируршка интервенција.

Кои типови импотенција постојат

Зборот импотенција доаѓа од латински збор кој значи немоќ.
Со оглед на тоа, разликуваме два вида ”немоќ”, а тоа се:
Impotenia coeundi или копулациска немоќ која се нарекува и импотенција, еректична немоќ, а означува недостаток на ерекција.
Impotentia generandi или плодна немоќ е неспособност за создавање квалитетна сперма или нејзино исфрлање од машкиот полов орган.

Кои се причини за импотенција (еректична немоќ)?

Причините можат да бидат:
- Телесни: Хормонско пореметување (шеќерна болест), болест на крвните жили (артериосклероза), невролошки болести (повреда на мозокот), болести на уринарниот состав, алкохол, пушење, различни лекови, повреди.
- Психолошки: страв од неуспех, чувство на вина, претходна предвремена ејакулација, несигурност итн.
- Комбинирани причини: телесни и психолошки причини заедно.

Кои се методите за проучување на импотенцијата?

Бидејќи еректичната немоќ настанува поради разни причини, бара проучувања во повеќе дисциплини. Тоа вклучува исцрпна историја на болеста, биохемиски и хормонски испитувања, психолошки профил на мажот, тестови за испитување на крвотокот и рендгенски методи на снимање. Сето ова заедно со преглед на полово-уринарниот, крвоносниот и невролошкиот состав ќе доведе до дијагноза.

Разликување на психички и телесно предизвикана импотенција

Разделувањето на психичките од телесните причини е централниот проблем во лечењето. Тоа често може да се утврди од разговорот со личноста која пати од импотенција. Со исклучок на тешка депресија, мажите со психогена импотенција обично имаат нормални ноќни и утрински ерекции. Од раното детство па до осумнаесет години од животот се јавуваат ерекции и за време на сон.
Овој феномен се нарекува ноќна ерекција на пенисот (NTP - nocturnal penis tumescence) и вкупно траење им е 100 минути од ноќ. Значи, ако импотентниот маж има цврста ерекција наутро (често при будење) тоа значи дека се во ред нервите и крвните жили кои се потребни за ерекција, па тогаш пореметувањето е од психички причини.
Кога ќе се исклучи психичкото пореметување, треба да се бараат евентуални системски болести кои ги има болниот - шеќерна болест, невролошки болести, намалување на чувствителноста, пореметување на функциите на мочниот меур, пореметување на крвните жили. Пушењето е ризичен фактор за развој на артеросклероза (и импотенција), а истовремено може да ја блокира реакцијата на крвните жили на пенисот.

Кое лечење се применува кај импотенцијата?

Ако причината е психолошка, потребен е психолошко-сексуален третман кај психолог, психијатар и сексолог.
Ако причината е телесно пореметување, различно лекување се применува зависно од причината: лекови, хормони, вакуум-терапија, инекции кои ги шират крвните жили. Понекогаш е потребен хируршки зафат на крвните жили на пенисот или вградување протеза на пенисот.

Што се тоа лекови кои ги шират крвните жили?

Во многу случаи најпрво се користат овие лекови и чести се позитивните резултати. Ова лечење има три фази и успешни се од 60 до 70% еректична немоќ. Овие лекови се применуваат преку мочниот канал и последователно предивикуваат ерекција која го овозможува сексуалниот однос. Се користат два пати неделно. Пред почеток на лечењето потребно е да се извршат некои тестови, за да се види како пациентот ќе реагира на овие лекови.

Што е протеза на пенисот?

Протезата за пенисот се состои од два силиконски цилиндри (организмот не ги отфрла силиконите) со анатомска градба и создаваат стврднатост која е потребна за полов однос. Можат да бидат полуцврсти или хидраулични.

Како изгледа хируршкиот зафат за вградување на протеза на пенисот?

Постојат различни техники за поставување протези. Зафатот трае околу 45 минути. Се прави рез во долниот дел на пенисот и се вградуваат силиконските цилиндри. Се применува локална или регионална анестезија. Процентот за компликации е минимален.

Колку време поминува пациентот во болница после вградувањето на протезата?

Ако хируршкиот зафат не е премногу комплициран, пациентот после операцијата нема потреба од посебна нега. Пациентот може да ја напушти болницата 12 – 24 часа после операцијата. После 3 – 4 недели за прилагодување, пациентот може да почне со нормален сексуален живот.

Дали протезата е најдобро решение за лечење на импотенцијата?

По деталниот преглед и дијагнозата, често тоа е единствено средство за решавање на проблемите за кои во минатото воопшто немало решение. Протезите на пенисот е откритие на медицината кое ќе ја реши импотенцијата кај мажите, па и незадоволството на партнерот.

Што треба да направи мажот кој мисли дека е импотентен?

Потребно е што побрзо да се консултира со доктор и тоа да не го одложува, затоа што е полесно да се реши проблемот ако во скоро настапил. Не треба да се губи време со традиционалните методи кои го влошуваат и продолжуваат проблемот. Денес постојат прецизни дијагностични методи, лекови и операции кои се ветувачки за лечење.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
2. ПРЕДВРЕМЕНА ЕЈАКУЛАЦИЈА

Предвремената ејакулација е немоќност за контрола на ејакулацијата која се случува без контролата на мажот. Ова пореметување може да се појави наеднаш или полека, постепено.

Кои типови предвремена ејакулација постојат?

- Примарна предвремена ејакулација: мажот никогаш не можел да ја контролира ејакулацијата.
- Секундарна предвремена ејакулација: почнува во одреден момент на животот кај мажот кој пред тоа можел да ја контролира ејакулацијата.

Како мажот знае дека страда од предвремена ејакулација?

При нормален сексуален однос, стимулацијата кај мажот прогресивно расте до фаза при која задоволството е најголемо и мажот ужива во него до моментот кога ќе стигне до оргазам неволно.

Дали предвремената ејакулација и импотенцијата се исто пореметување?

НЕ.
Импотенцијата или еректичното пореметување се однесува на отсуство на цела или делумна ерекција или немоќност ерекцијата да се одржи доволно долго за кулминација во сексуалниот однос.

Кои се причините за предвремена ејакулација?

Телесни причини: примарна и секундарна прерана ејакулација.
Примарна: овој е најчест тип. Поврзан е со претерана осетливост на пенисот која доведува до ејакулација после 30 секунди или 1 минута активна пенетрација. Се појавува во 70-80% случаи.
Секундарна: последица е пореметување на сексуално-уринарните органи како последица на импотенција, невролошки болести, дегенеративни болести и болести на крвните жили, употреба на различни лекови (против депресија, висок крвен притисок, стимуланти итн.), хормонски пореметувања, како и сите болести и повреди кои влијаат на рефлексниот механизам за ејакулација.
Психолошки причини: Поретки се отколку телесните. Типично е да имаат корен во негативниот однос кон сексот за време на созревањето, неинформираноста во сексот, притисок од страна на партнерот, стрес, страв од неуспех, отежната контрола на стимулацијата итн.

Како жената е погодена од предвремената ејакулација?

Ако мажот пати од предвремена ејакулација, скратена е предиграта и како последица од тоа жената не може да постигне високо ниво на стимулација и да доживее оргазам.

Кои се можните лечења за предвремената ејакулација?

За примарната предвремена ејакулација, ако е дијагностицирана претерана осетливост на пенисот, постои хируршки зафат кој сеуште се смета за експериментален, а кој почна да го применува бразилскиот ”Federal Council of Medicine”. Ова лечење решава околу 95% од случаите.
За сличаите на секундарна предвремена ејакулација, лечењето се состои во отстранување на причините.
За случаите при психички причини, постојат три облици за лечење, а тоа се лекови кои го забавуваат ејакулаторниот рефлекс, психолошка терапија за двајцата партнери, како и едукација и вежбање на сексуалните техники.


3. ЗАДОЦНЕТА ИЛИ ОДЛОЖЕНА ЕЈАКУЛАЦИЈА

Доцната ејакулација е поврзана со претераната неволева контрола на ерекцијата, при што мажот не може да ејакулира.


4. ДИСПАРЕУНИЈА

Ова е појава на болка за време на сексуалниот однос или кратко после него.


5. АНАФРОДИЗИЈА ИЛИ НЕДОСТАТОК НА СЕКСУАЛНА ЖЕЛБА

Анафродизија е назив за недостаток на либидо. Резултатот е поретки сексуални односи или нивно потполно изоставање.


6. ИСКРИВЕНОСТ НА ПЕНИСОТ

Искривувањето на пенисот е резултат од вродени или стекнати пореметувања кои го искривуваат пенисот нагоре, надолу, налево или надесно.
Вродена искривеност на пенисот: Детето може да се роди со искривен пенис или пенисот се искривува во текот на растот и развојот. Кога искривеноста е поголема од 45 степени, може потполно да го оневозможи сексуалниот однос затоа што е отежната пенетрацијата или невозможна. Може да предизвика и болки кај двајцата партнери. Можно е пациентот поради чувството на срам целосно да го избегнува сексуалниот однос.
Стекнато искривување на пенисот: Стекнатата искривеност ја предизвикува Пејрониевата болест. Таа болест предизвикува накривување или промена во анатомијата на пенисот, а последицата е често немоќност за ерекција и/или пенетрација. Почести се симптомите: болка при ерекција, закривување на пенисот, губење квалитетна ерекција, скратување на пенисот или намалување на неговата дебелина, немоќност за одржување на ерекција. Понекогаш протокот на крв во пенисот е намален и оневозможува кревање на пенисот. Кога ова ќе се случи, пенетрацијата е отежната или невозможна. Пејрониевата болест ги погодува мажите на возраст од 20 до 80 години. Понекогаш е поврзана со шеќерната болест, повреда на полово-уринарниот состав, а во последно време е почеста кај младите под притисок на стрес.

Кои се причини за Пејрониева болест?

Болеста го добила името по човекот кој прв ја опишал – De La Peyronie. Иако е опишана одамна, причината за болеста е непозната. Поврзани со болеста се: чести инфекции, наследност (ако некој во фамилијата ја имал оваа болест), болести на крвните жили, земањето некои лекови, шеќерна болест, висок крвен притисок, голем стрес. Но, механизмот за појавување е непознат.

Кои се особеностите кај болните од Пејрониева болест?

Болеста се јавува во периодот од 20-80 години, а просечно околу 50-та година. Најчести симптоми: болка поврзана со ерекцијата или без нејзе, искривување на пенисот во ерекција која се влошува, јазли на сврзното ткиво, скратување на пенисот, значително намалување на дебелината на пенисот.

Како се поставува дијагнозата?

За поставување на дијагнозата потребно е следново:
- детална историја на болеста
- фотографии на пенисот кои ги направил болниот (да се види напредокот на болеста)
- ултразвук на пенисот
- тест на ерекција со помош на лекови

Кои се можностите за лечење на Пејрониевата болест?

Постојат три различни можности:
- лекови: неколку видови на лекови кои се земаат орално или се ставаат на пенисот.
- физикална терапија: со помош на радиотерапија, ултразвук, ласер итн.
- хируршки зафат: може да се направи со израмнување на пенисот.




Што може да се направи кога мажот страда од сексуални пореметувања?

Мажот кој пати од сексуална дисфункција не би требало да се срами да оди кај доктор за да се отстрани телесната причина за проблемот (различни болести), а подоцна и на посета кај сексолог. Проблемот е полесно да се реши ако е откриен со време. Лечењето може да се одвива во пар или одделно.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Импотенцијата кај мажите се манифестира со неспособност да се постигне или одржи ерекција, имање на пребрза ејакулација или неспособност за ејакулација.Има две причини за импотенција:
а) физички
б) психички
- Причини од физичко потекло може да се :
затнување на артериите кои го снабдуваат пенисот со крв предизвикано од: атеросклероза (холестерол кој ги затнува артериите) и дијабет кој го стопира исправниот доток на крв во шуплините на пенисот. Притисокот во пенисот е она што предизвикува ерекција
- недостаток на соодветна исхрана со доволно цiнк, витамин Е и други витамини за нервниот систем како што се Б1, Б5, Б6 и Б12.
- Витамин Е и цинк се од огромно значење за сооздавањето на сперма. Цинкот се наоѓа во големи количества во некои видови морска храна како остриги.
причини од психолошко потекло може да бидат: стрес, преокупираност, нервоза или психолошки трауми во текот на детството, пубертетот итн.
- стресот, анксиозноста, преокупацијата и депресијата предизвикуваат одвојување на посебна форма на адреналин; ова доведува до блокирање на ерекцијата на пенисот





Препорачан третман:
a) физички аспект:
прво: проверете кај лекар да не постои органска неспособност
второ: импотенцијата и фригидноста често потекнуваат од недостаток на правилна исхрана. За да се корегира овој недостаток се препорачува матичен млеч, полен, гинко билоба, гинсенг и мулти мака бидејќи се моќни афродизијаци и енергенси. Овие продукти, покрај тоашто содржат низа на хормони кои се потребни за сексуалните процеси, се и високи енергенси.
Исто така е важно да се земат витамини Ц, Е и цинк. Продукцијата на спермата е под силно влијание од овие три елементи кои се од големо значење за продукцијата на сперматозоидите и исправната функција на половите жлезди кај мажите и кај жените. Откриено е дека аминокиселината Аргинин, која се наоѓа во Алое Вера, многу помага во продукцијата на сперматозоиди. Исто така тирозинот, аминокиселинакоја исто така се наоѓа во Алое Вера, помага во борбата против стресот.
На жените им се препорачува да додадат маслиново масло, авокадо и лешници во исхраната бидејќи овие елементи ќе помогнат во зголемувањето на вагиналната лумбрикација (подмачкување).
б) психолошки и ментален аспект;
Ако проблемот е тежок и од ментално потекло, од голема помош може да биде разговор со психијатар. Можеби постојат некои трауматски ситуации кои се случиле во детството или адолесценцијата кои му попречуваат на човекот да се развива исправно во овој поглед.
Исто така се препорачува земање на витамини Б1, Б5, Б6 и Б12. овие витамини се наоѓаат во големи количества во матичниот млеч, поленот и гинсенгот. (како додаток може да додадете 5 мг. тестостерон екстракт два пати дневно). Овие витамини, покрај зголемување на сексуалниот апетит, исто така ќе ja подобрат менталната концентрација и имагинација на лицето. Многу се потребни во секој сексуален процес.
Вежбањето исто така ја зголемува сексуалната активност бидејќи предизвикува излачување на супстанции од мозокот како што се допамин, кој предизвикува еуфорија кај атлетите, тестостерон и други сексуални хормони.
 
Член од
3 март 2006
Мислења
231
Поени од реакции
2
fala Fortune, sekogas koga ke sakam da ne mislam na seks ke go citam ova, ako ova ne ti ubie nagon nisto nema :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom