Машки на една, женски на друга страна

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...светот стана срање, државата ни е срање, а ти си се засекирал за форумов,

bestbachelorettegirlsnightout2015_fullsize_story1.jpg

темава како ,,зошто,, машки на една страна, женски на друга страна, тоа е така ,,нов стил,, на дружење, а тоа не треба да те загрижува ако се сите тие пак во една просторија, порано дружењето било на ,,отворен простор,, сега во ,,затворен простор,, па повеќе се приметува раздвоеноста, но важно се гледаат куп се заедно.

images (20).jpeg

...лошо ќе биде ако ќе биде машки во еден објект пример обложувалници каде има пиење и ,,мушки муабети,,, а женските да бидат во сосема друг објект каде има пиење и ,,женски муабет,, да речеме козметички салон, женски фитнес, нема никаков контакт меѓу машките и женските,

YCpz3kHnFdpWtQx_csISPaon6bZ8HsVpc7KFbTDo6zE.jpg

за да има мешано ноќно дружење, мора да има денско мешање на разни активности универзални за двата пола и тоа од средно,

DSC06690.jpg

спортски двојки,

leaders2_large.jpg

танцови двојки, па ќе има и мешано дружење на маса навечер,
а вака ти на фудбал, женска на пилатес, ти со кола, таа со кола, ти на пиво во биртија, таа на перек на друго место и ќе се сретнете ,,никад,, па прашање дали и тогаш!

5192.jpg

...а сето тоа идно социјално оштествено дружење треба да има свој главен удел државата уште од ученички клупи да организира заеднички вон училишни активности со што таквото дружење ќе се одржува и развива понатака и во ноќни часови ќе останат пријателствата,
...ама ЕУ не сака тоа, сака секој за себе, со себе родител 1 и 2 , па политичарите како ќе каже ЕУ, ете затоа до вакви девијации во дружењето!
...не знам дали си бил надвор од МКД, да видиш како со звонче се влегува во претходно закажан ресторан, маса само со еден или двајца, тишина само со една чаша вино мислиш помен се дава, јас кога видов тоа се загрижив дека и кај нас ќе го донесат тој стил на живеење!
...ете го кај и да е!
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
@Corvus
заради ваквата багра ко нив, сме и јас и ти под скрутина од Европа. Заради ваквата в крило мавната багра, им се суди и на комплетно невини луѓе во Македонија. Пошто ваквата багра е многу ГЛАСНА.
И остава чувство на горчина во устата на Европа.

После турско, првата Мис на Европа беше Југословенка (Србинка), нарачано политички се разбира, француско, австро-унгарски коалиции ги влечеле тие конци, и на нас ко народи во таа ера се гледаше со огромна доза на оптимизам исто како и кон Грција. Тие го школуваја Никола Тесла во Грац на најпрестижниот Универзитет во Европа, за да измисли Струја. Ама испрдоци ко Фашисткава, Селјакот, Ликот без женска (и покрај тоа што вежба и има кола, пак им е off-putting на дамите), и нивните Аркан, Цеца селјо алфа ликови, ја запечатија судбината и на невиниот колектив кај нас, и сето тоа за не цел век. Работите ги однесоа до бизарни крајности. Сега нема назад.

Ако ти сметаш дека треба да чутиме, ок че чутиме. Ама во тајните друштва на Европа се кројат планови за нови прекројувања на граници, кои на Европа ќе и овозможат стабилност и гео-политичка контрола над територии кои таа ги ослободи, и нема да дозволи дирекните соседи на Италија и Австрија, да бидат про-руски прдешки, по ново - убијци. Еден од најопасните аспекти е тој, што, безмозочнава багра, не е свесна со каков катастрофално опасен оган си игра. Старата Курва Европа (како што ја нарекуваат на форумов) е потценета од луѓе без средно. Несвесни дека членови на фамилии од среден век, уште се на главно чело во Комисијата во Брисел. Несвесни дека Франција има 60 Нуклеарни Арсенали, доволни за секој руски град. Овај пат не се гледа со оптимизам на нас, како во моментот кога свежо не спасиле од Турско. Напротив, на нашиот западен сосед сега се гледа со оптимизам.
Гревота за ликови ко мене и тебе. Заради ваквите ќе си го кркаме и ние.
Ова се темите кои ме интерсираат мене. А не исцрпена хомосексуалност, фритези, јахти, сребрени езера или други прозевливи теми соодветни само за дегени.

Еве со овај пост се одјавувам од мојата трол сесија која ми направи мерак вечерва, од почит кон тебе.
Со шише црно вино во раката, го откривам овој пост во цела негова длабочина. Фасциниран сум од ширината на познавањата на авторот, од геополитика, преку езотерија и тајни друштва, до турбофолк. Само една работа не ми е јасна па ако може авторот да ја појасни?

Пишува дека ТИЕ (не знам точно кои се тие ама неважно) го школувале Никоа Тесла во Грац за да ја измисли струјата. Е сега она што не ми е јасно мене, ако тие знаеле дека Тесла ќе ја измисли струјата тогаш знаеле и за струјата, а ако знаеле за струјата немало потреба да го школуваат Никола Тесла да ја измислува струјата кога веќе била измислена бидејќи ТИЕ знаеле за неа. И друга работа, зошто ако ТИЕ го школуваа Тесла во Грац тој никогаш не дипломира таму?

Ова ми е малку збунувачко, инаку се друго е фасцинантно и фактички точно во постот. И на крајот само сакам да кажам дека се потребни вакви ликови повеќе на форумот, до кога ќе читаме само глупости?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.041
Поени од реакции
10.252
Веројатно на едната страна женски, а на другата машки, затоа што мажите сакаат за фудбал, автомобили и политика да си разговараат. А жените за шминка, нокти, облека, за други жени, за мажи, итн. Не знам, генерализирам. Исклучоци секако дека постојат, ама под дифолт онака двајца мажи што не се познаваат полесно ќе си начнат муабет на слава, или две жени, отколку маж и жена. Иако индивидуално е и зависи и од карактерот на чоекот. Јас кога ќе се најдам насамо со некој човек, маж/жена па не можам да молчам. Осеќам непријатност и мора нешто да се разговара, макар било тоа и за временска прогноза. А има некои луѓе па подобро си се осеќаат кога молчат.

Не ми се верува дека сериозно си ја сфатив темава после сите несериозни коментари. :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
И тоа убава, слаба, висока, паметна и богата. Ај толку одам на економски теми.
Имаш многу допирни точки со Византиецон.Егата ви се плафон,а богами и фантазиите.
Автоматски споено мислење:

Веќе подолг временски период каде и да поминам покрај некој кафич или ресторан гледам само машки седнати на една маса или само женски.
Кога се слават родендени нема мешано друштво - ако слави женско тогаш само со другарки слави, а ако слави машко само со другарите.
На одмор кога се оди истово се дешава.
Зошто нема „мешани“ друштва?
Мене ова ми е ептен чудна појава. Да слушнам ваши мислења?
Мажите само за фудбал ги интересира,а жените за вештачки нокти.На пример во последно време најак муабет меѓу мажите е ќе ви го продајме Ибрахимович демек то толку се сполотени со нивните омилени клубови.Жениве со тие ноктите преку к.р веќе.
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.095
Поени од реакции
3.464
Не дека не може да седат заедно двата пола на маса од време на време, но стално да го праат тоа не иде.
Просто ради што сме различни светови. Понекогаш може да се најдат заеднички муабети, но не секогаш. Дури и кога одат луѓе на прослава некоја, свадба, слава и слично може да се забележи дека поголем дел од гостите комуницираат со оние он нивни пол.
Машки муабети се машки, женски муабети се женски.
Не планирам некоја да ја слушам саат време без уста да затвори како објаснува за фризери, нокти, штикли и шминки.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.369
Поени од реакции
38.346
Со жени многу е полесен муабетот, поготово некои што знаат да флертуваат, цела вечер муабет ќе правиш и нема да ти биде досадно.

Мушки па, леле брат бемвето сум го дрифтал вчера за малце ќе се утепав. Или пак глеаше вчера Ливерпул - Сити? Судијава тешко педериште, не еба тотално. Или пак трет тип, абе баки ги гледаш оние две, тешки курвичиња се, еден другар на другар ги глеал шо праат. Шо да ти зборам.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Со жени многу е полесен муабетот, поготово некои што знаат да флертуваат, цела вечер муабет ќе правиш и нема да ти биде досадно.

Мушки па, леле брат бемвето сум го дрифтал вчера за малце ќе се утепав. Или пак глеаше вчера Ливерпул - Сити? Судијава тешко педериште, не еба тотално. Или пак трет тип, абе баки ги гледаш оние две, тешки курвичиња се, еден другар на другар ги глеал шо праат. Шо да ти зборам.
Незнае муабет со женско да прави...се учи тоа.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Со жени многу е полесен муабетот, поготово некои што знаат да флертуваат, цела вечер муабет ќе правиш и нема да ти биде досадно.
Да разговараш со некого и да флертуваш со некого, се многу различни работи. Кога разговараш со некого се обидуваш да споделиш некоја информација, да научиш нешто, да подучиш некого. Кога флертуваш се обидуваш да добиеш нешто, па тогаш тоа не е вистински дијалог, туку воглавно обид за манипулација. Исклучително малку мажи знаат да не лажат и да не продаваат мадиња за бубрези, а при тоа да флертуваат. Тоа е уметност која не се учи.

Мене лично ми е ок излегувањето во машко друштво, но и тоа треба да биде одбрано. Многу често ми се случува кога има повеќе луѓе разговорот да се разводни во бесмислици, тогаш најчесто наоѓам некој изговор и си одам. Не можам да слушам многу долго бесмислици.

А и генерално повеќето луѓе, без разлика дали се мажи или жени, се отров досадни.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Не е тешко со женско да се прави муабет. Во основа треба да си искрен и да не се филмаш и да солиш памет. И ќе си правиш муабет за теми кои и се битни и ги знае. Неможе со секоја секој со некои јас неможам да правам муабет. Но генерално повеќе правам муабет со жени од мажи. Ќе ги слушаш како се чуствуваат што ги изнервирало што ги замара што ги интересира и што им значи. А ако се заинтереирани за нешто што ги го знаеш ОК ако не не ги гњави со тоа што не ги интересира. И немора да се покажуваш колку те бива и си фраер. Ако нешто и значи и има цврст став немој контра тоа е шанса да ја запознаеш ако ептен тупи за некои глупости кој ја ебе бегај од таа. И битно е да си кутурен и самоуверен и да знаеш што сакаш да правиш со себе.
 
J

joli1

Гостин
Зашто мажите и жените никогаш и не се ни дружеле, барем не у онаква смисла како што се дружат мажи со мажи или пак жени со жени. Одувек постоел некој интерес во такви мешани друштва, не за џабе првите женски и дечковци ги фаќаат во такви мешани друштва.

Денес нема потреба од инфилтрирање во такви друштва, создавање такви друштва и слично затоа што целата комуникација оди преку социјални мрежи, т.е у денешно време нема потреба физички да си константно присутен околу симпатијата или потенцијалниот партнер/ка, доволно е да и праќаш memes на социјални мрежи.

Сеуште сметам (најмногу поради сопствено искуство) дека не постои машко-женско пријателство, дека секогаш едната страна е (делумно) заљубена во другата страна или ја смета другата страна за атрактивна и потенцијален партнер, што потсвесно, што свесно.

Ретко кое машко ќе трпи женско у разговор или обратно доколку една или двете страни немаат интерес од истото, а тоа е поради биолошките, но и општествените различности.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Зашто мажите и жените никогаш и не се ни дружеле, барем не у онаква смисла како што се дружат мажи со мажи или пак жени со жени. Одувек постоел некој интерес во такви мешани друштва, не за џабе првите женски и дечковци ги фаќаат во такви мешани друштва.

Денес нема потреба од инфилтрирање во такви друштва, создавање такви друштва и слично затоа што целата комуникација оди преку социјални мрежи, т.е у денешно време нема потреба физички да си константно присутен околу симпатијата или потенцијалниот партнер/ка, доволно е да и праќаш memes на социјални мрежи.

Сеуште сметам (најмногу поради сопствено искуство) дека не постои машко-женско пријателство, дека секогаш едната страна е (делумно) заљубена во другата страна или ја смета другата страна за атрактивна и потенцијален партнер, што потсвесно, што свесно.

Ретко кое машко ќе трпи женско у разговор или обратно доколку една или двете страни немаат интерес од истото, а тоа е поради биолошките, но и општествените различности.
Тоа не е лошо во принцип е проблемот со случува кога ќе едната страна ќе биде со друг тогаш има љубомора и нервирање. Тоа е проблемот. Но има и другарства кога баш и нема привлечност поретко многу. Ама ова не е проблем од време на време посебно повеќе да се соберат. Ок функционираат мешани друштва само ако премногу не се гледаат и се ок луѓето.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Годинава осми март по излезеност по кафиќите беше исто како да е втори Февруар...
 
J

joli1

Гостин
Тоа не е лошо во принцип е проблемот со случува кога ќе едната страна ќе биде со друг тогаш има љубомора и нервирање. Тоа е проблемот. Но има и другарства кога баш и нема привлечност поретко многу. Ама ова не е проблем од време на време посебно повеќе да се соберат. Ок функционираат мешани друштва само ако премногу не се гледаат и се ок луѓето.
Не може личност да ти биде љубоморна за тоа што си стапил во романтична врска со друга личност, доколку таа иста личност нема или немала воопшто чувства за тебе.

Машко-женски ,,пријателства" кај што нема атрактивност барем еднострана не постои, тоа може да биде колегијалност или пак нешто друго, но не и ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО какво што постои меѓу двајца мажи или две жени.

Мешаните друштва најчесто се распаѓаат кога двајца членови на тоа друштво или пак поголем број парен број на членови на тоа друштво ќе стапат во романтична врска, а потоа ќе раскинат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Не може личност да ти биде љубоморна за тоа што си стапил во романтична врска со друга личност, доколку таа иста личност нема или немала воопшто чувства за тебе.

Машко-женски ,,пријателства" кај што нема атрактивност барем еднострана не постои, тоа може да биде колегијалност или пак нешто друго, но не и ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО какво што постои меѓу двајца мажи или две жени.

Мешаните друштва најчесто се распаѓаат кога двајца членови на тоа друштво или пак поголем број парен број на членови на тоа друштво ќе стапат во романтична врска, а потоа ќе раскинат.
Toa ми беше поентата многу ретко нема привлечност па затоа има љубомора. Не ми се допаѓа терминот “вистинско пријателство„ се во ред и со привлечност и со бизнис и со што и да е. Важно е да имаат фајде и едниот и другиот и од „вистинскот пријатество“ има интерес и корист...забава, денгубење подршка може не материјална но сепак е корист.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Интересна тема на која како и секогаш има инфилтрирано несериозни и тапа муабети.

Мислам дека општо кога станува збор за дружење и пријателства моментално, не само интра-полови, туку и интер-полови ситуацијата е блиска до катастрофална...
Благодарение на немаштијата која не демне од мали, општата закоравеност во мајндсет и енормно присуство на токсично и анимално его, нештата се такви какви што се.

Најголем проблем е што огромна маса од населението е безосетна багра и нема разбирање за другиот. Се гледа на луѓето само како медиум за пренесување на некаков "статус". Огромен процент од населението, без оглед што има меѓу нозе, денес стриктно и само зборува за себе и за своите исфилувани и набустани "достигнувања". Ретко да начекаш човек од било кој пол што реално ќе те праша како си или ќе разговара со тебе за твојот живот/проблем/искушение, вон оние граници на лицемерие. Преку тоа се ствара еден круг од circle-jerk хорда, која носи и е водена од еден те исти мајндсет, за жал.

Социјалните мрежи се додатно масло на оганот, дефинитивно, со лажно претставување на личноста. Истите станаа јавни места на блатантно рекламирање и себепромоција, до ниво на неиздржливост, стварајќи суптилни проблеми меѓу самите личности кои го гледаат кај другиот она што они самите го немаат и го посакуваат.

Мислам што да кажам кога познавам луѓе повеќе од декада кои немаат проблем по цела недела да зборат колку пари земаат или какво материјално добро имаат, а последните 3 години не те прашале како си, што праиш и тн... Што е најсмешно, кога си работиш онака скромно и преќутно и кога видат или дознаат напредок кај тебе - фацијалните експресии им се како да гледам анимал планет некои горили. Но јас немам потреба од валидација од никого, бидејќи се сметам себе си за колку-толку исполнето и целосно битие. Тоа е и проблемот.

Дефинитивно постојат женски кои би биле позаинтересирани за тебе, но оваа бројка е далеку намалена отколку порано. Благодарение на соц.мрежи последниве години, мислам дека и кај нив енормно е зголемена тенденцијата на "себепромоција, површно лицемерие и општа нафураност".

А тоа дека постојат на една страна женски, на друга машки зборува за анималните навики кои сеуште постојат во Македонија. На една страна стадо од машки биволи, на друга стадо од женски крави.

Луѓето едноставно си гледаат само за себе и својот гз до толку што немаат поим дека тој друг човек до нив без оглед на полот е битие со своја комплексност, живот и проблеми на кои треба да се посвети внимание.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom