Машински Факултет

Член од
14 јануари 2016
Мислења
52
Поени од реакции
17
Ме интересира за изборните предмети од УКИМ. Според новите програми од оваа година се бира 1 јазик наместо 2. Се мислев за германски, ама до сега немам воопшто учено, значи не знам ни еден збор, а имам желба да научам и сакам да прашам што поконкретно се учи зашто за јазициве ги нема предметните програми на сајтот? Дали се почнува од основно или од нешто напредно? Ако е од почеток може и ќе се снајдам, ако не тогаш да одберам англиски.

Исто така, на сајтот го објавиле и прегледот на предавања за зимски семестар со професорите, па ако може да ми кажете нешто повеќе и околу тоа:
1. Математика 1 - проф. д-р Никола Тунески
2. Механика 1 - проф. д-р Златко Петрески
3. Машински материјали 1 - проф. д-р Димитри Козинаков
4. Инженерска графика - доц. д-р Ташко Ризов
На јазиците се:
Англиски - проф. д-р Јованка Лазаревска – Станчевска
Германски - проф. д-р Емина Авдиќ
И за спорт, како оди наставата и како се добива потпис?
П.С. Извинете за долгиов пост, ама во хаос сум... :unsure::unsure:
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509

Бирај си англиски, и од мое досегашно искуство сум немал никаков проблем со спорт, а воопшто не ни земав потпис.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
43
Поени од реакции
25
@Yolo
Првите две години ти се елиминациони, имаш не толку стручни предмети што треба да ги научиш за понатака ко на секој технички факултет. Математика нема да ти бараат ништо освен да отидеш на испит/колоквиум и да положиш не мора ни да се појавуваш на предавање (не би препорачал :)), Механика ќе имаш домашни мислам 6 беа и мора присуство за потпис, Материјали исто ќе дава домашни асистентката од вежбите во лабараторија што ќе ви се, Графика ќе имаш проекти мислам 2 беа пред 2та колоквиума се работи на autocad можеш уште сега да си симнеш програмата и разгледаш видеа на јутјуб воглавно такви се и предавањата ќе ви пушта видеа и ќе објаснува.
За јазици ич не се замарај 2 групи ќе сте значи пола генерација во амфитеатар плус професорите не се од машински така да 8ци паѓаат онака ;)

Најбитно ти е да фатиш здраво од почеток зошто првиве 2 години се најзаебани, тука се гледа кој ќе го биде за машинец а кој ќе лета.
 
Член од
17 јули 2017
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво! Сакав да прашам дали има некој што знае повеќе за курсот по математика што го одржува проф.Емилија од понеделник затоа што сакам да одам но не знам дали навистина ќе научам нешто или да не трошам пари за нешто што не вреди?
 
Колку чини курсот?
 
Според мене не се исплати. Не е можно целиот материјал да се повтори во 15 часа (5 дена по 3 часа). Јас планирам од тетратките од средно колку толку да повторам.
Колку чини курсот?
1500 денари.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Ме интересира со паѓањето во приватна квота, како оди сето тоа, дали од двата семестра се збираат кредитите и доколку немаш 50% паѓаш во приватна квота или се зема само од летниот семестар? Сега треба да запишувам втора година и не знам дали би ми се исплатело да дадам 2к за да полагам еден предмет, па затоа прашувам. Благодарам однапред.
 
C

Crux

Гостин

Според одлукава(читај точка 1 и 4), ако немаш најмалку 50 % кредити од цела година ќе те префрлат на новите студиски програми.
 
Член од
10 септември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво
Сакам да знам за професорите како се, во кој треба појче да учам инт. Овие се професорите по мехатроника .
Проф.др Алекса Малчески - математика 1
Проф др Даме Коруноски - механика 1
Проф др Јован Гочев- машински материали 1
Проф др Ристо Ташевски- инженерска графика
Проф др Јованка Лазареска - англиски јазик
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
58
Дали имате проблем со iknow системот. Никако не можам да се логирам. И да сменам лозинка.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Според одлукава(читај точка 1 и 4), ако немаш најмалку 50 % кредити од цела година ќе те префрлат на новите студиски програми.
Пак да не ме стават прва година да бидам? Дека така ми кажува еден другар.
 
C

Crux

Гостин
Ќе ти признаат се што имаш положено, а тие што ти останале од прв семестар ќе ги презапишиш. Предметите кои ги немаш положено од втор семестар можеш да ги полагаш во јануари, без разлика дали ќе те префрлат на новата студиска програма.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Ќе ти признаат се што имаш положено, а тие што ти останале од прв семестар ќе ги презапишиш. Предметите кои ги немаш положено од втор семестар можеш да ги полагаш во јануари, без разлика дали ќе те префрлат на новата студиска програма.
А дали дополнително ќе паднам во приватна квота?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom