Машини за сушење алишта

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
Машини за сушење алишта, генерална дискусија и мислења за конкретни модели.

Во основа машините за сушење алишта ги има во два вида, вентилациски и кондезациски.
Кога се сушат алиштата влагата испарува и добиената водена пареа треба да се одстрани. Тоа се прави со директна вентилација надвор или со кондензација назад во течна аграгатна форма и излевање на водата во канализација (или во сад за таа намена).

По тоа што читав (ако добро разбрав), вентилациските машини трошат помалку струја за разлика од кондезациските. Вентилациските машини за сушење алишта се исто така поевтини, претпоставувам затоа што кондезациските модели имаат сегмент за кондензација што ја дига цената (и потрошувачката).
Некои поскапи модели имаат греачи на принцип на топлинска пумпа и така имаат помала потрошувачка, но по специфицираните разлики што ги споредував таа помала потрошувачка не е значителна.



Инаку малку е збунувачки начинот на кој се регулира употребата на овие уреди. Кај поедноставните модели има само тајмер за должината на сушењето, додека кај поскапите модели има цел куп опциии за сушење на секакви видови алишта.
Тоа што збунува е фактот што самото сушење (и неговото времетрање) е целосно зависно од влажноста на алиштата. А влажноста на алиштата зависи од машината за перење, поточно колку јака центрифуга има и колку успешно ги цеди алиштата.

Муабетот ми е, поскапите модели имаат цел куп опциии за сушење на секакви видови алишта кои најверојатно се само пресетирани должини за сушење. Овие пресетирани вредности ќе бидат погрешни за онолку колку што ќе варира влажноста на алиштата. Што ќе резултира со сеуште влажни или со пресушени алишта.
Освен ако некои модели имаат некакви сензори за влажност и со тоа машината е способна да го регулира сушењето на тој начин. Но оваква функционалност не најдов ни кај најскапите модели на машини за сушење алишта.




Толку од уводот, a мене проблемот ми е што треба бргу да одлучам што ќе купувам. За сега најверојатен кандидат за избор ми е вентилациска сушара од БEKO (имаат моментално некоја акција со 5год гаранција во еден ланец продавници). Машината е малку постар модел, BEKO DV 1160 кој чини сомнително евтини 10 илјади денари (за споредба, има сличен понов модел на БЕКО со само 1кг поголем капацитет на полнење, некои 4 илјади денари поскап).
Дали некој има искуство со овој модел BEKO DV 1160, и/или со БЕКО воопшто?




П.С. Комбинираните машини за перење и сушење се на лош глас. Цената е слична како за два одделни уреди а наводно многу ги гужвале алиштата.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Долго време се мислевме за сушара, ама пред две години земавме Аристон кондензациона. Ја користиме само зимски период и сме презадоволни. Иако првите два-три пати коа ја пуштивме да суши бевме разочарани од времето кое го троши за сушење, но грешката беше кај нас. Стававме памучна облека да се суши заедно со џемпери и друг вид текстил. Нормално наместо за 1 саат да ги исуши ги сушеше за 3 :eek:
Ама после тоа не мешавме памучни алишта со друг вид текстил и ги сушеше супер. Башка шо алиштата добиваат посебна мекост при сушење у машина и имаат долготраен мирис на омекшивач.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 12:36 ---
Тоа што збунува е фактот што самото сушење (и неговото времетрање) е целосно зависно од влажноста на алиштата. А влажноста на алиштата зависи од машината за перење, поточно колку јака центрифуга има и колку успешно ги цеди алиштата.
Влажноста на алиштата и времетраењето на сушење зависи од складирање на алиштата за сушење. Ако ставаш само џемпери да се сушат ќе се исушат за пократко време отколку да ги мешаш со памучен или синтетички текстил.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Ај речи го насловот на брзина
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Моиве дома имаат машина за миење садови, и мајка ми баш правела муабет со колешка нејзина. Оваа и рекла дека машина за сушење алишта е многу попотребна од машина за миење садови. Као многу време се заштедувало со неа, и ептен често ја користеле. После овој муабет и јас се спопалив, али моментално имаме поважни ствари, така да ваљда ќе биде за некоја година :)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
П.С. Комбинираните машини за перење и сушење се на лош глас. Цената е слична како за два одделни уреди а наводно многу ги гужвале алиштата.
јас слушнав не сушеле до крај ... не знам ... нека каже некој со искуство ...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
П.С. Комбинираните машини за перење и сушење се на лош глас. Цената е слична како за два одделни уреди а наводно многу ги гужвале алиштата.
То није тачно! Имам Bosch комбинирана машина за перење и сушење. Нормално, ако ги пресушиш после ни Чак Норис не може да ги испегла, ама ако ги ставиш на точната програма се супер и не се гужваат повеќе отколку што би ги изгужвала обична центрифуга. гринго сушат до крај, но пак ќе кажам, зависи дали корисникот го прочитал упатството и правилно ги применува програмите за сушење.
Мене лично ми е многу попрактична комбинираната машина отколку две посебни бидејќи живеам во стан и немам гратис соба за перење гаче и чарапе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
То није тачно! Имам Bosch комбинирана машина за перење и сушење. Нормално, ако ги пресушиш после ни Чак Норис не може да ги испегла, ама ако ги ставиш на точната програма се супер и не се гужваат повеќе отколку што би ги изгужвала обична центрифуга...
Секое правило има исклучоци? :)

Така зборат на форуми, наводно комбинираните не биле баш ОК. Секому неговото, јас за слични пари преферирам два одделни уреди. Кога некогаш ќе се расипе едната машина, другата сеуште ќе биде на располагање... Автоматски набавката ќе кошта пола поевтино (од цената на комбиниран уред).
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Јас имам вентилациона (1800W max) според мене не троши многу, марка поима немам што е има програми за памук и синтетика посебно (по неколку за двата вида) и функционира баш добро, само сопругата не сака многу да ја користи, подобро и било на тераса да ги суши алиштата, а во зима е незаменлива ако сте со мало дете (често перење)... Алиштата исушени во неа го задржуваат мирисот од омекнувачот подолго, многи се помеки и полесни се за пеглање. Генерално според мене вреди да се има ваква машина, едноставно дава чувство за квалитет на алиштата исушени во неа ако ништо друго, а и ќе повторам, во зима е незаменлива.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
То није тачно! Имам Bosch комбинирана машина за перење и сушење. Нормално, ако ги пресушиш после ни Чак Норис не може да ги испегла, ама ако ги ставиш на точната програма се супер и не се гужваат повеќе отколку што би ги изгужвала обична центрифуга. гринго сушат до крај, но пак ќе кажам, зависи дали корисникот го прочитал упатството и правилно ги применува програмите за сушење.
Мене лично ми е многу попрактична комбинираната машина отколку две посебни бидејќи живеам во стан и немам гратис соба за перење гаче и чарапе.
Морав да те цитирам зошто сум очајна, а ретко наидов на убаво мислење за комбинираните машини. Дали го знаеш моделот на машината за да и видам спецификации?
Некој друг со позитивно искуство од комбинираните машини?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Гледам си прашал за машините Беко........... што подалеку од нив, не чинат. Ако се мислиш каква машина да купиш гледај тоа да биде некоја на Горење или на Раде Кончар .......... ем докажан квалитет, ем ќе ја имаш едно 30, а можеби и повеќе години, а и ретко се расипуваат :)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Морав да те цитирам зошто сум очајна, а ретко наидов на убаво мислење за комбинираните машини. Дали го знаеш моделот на машината за да и видам спецификации?
Некој друг со позитивно искуство од комбинираните машини?
Не знам точно кој модел е, во другиот стан ми е, ама сигурно беше претходна генерација од овие - многу сличен дизајн, исти спецификации, овие имаат плус некои нови чуда.
Ја земавме пред 7 или 8 години, тогаш беше околу 35-36000 денари, еве ја уште си работи без проблем, а не да ја имаме користено, понекогаш и секој ден по неколку пати со перење и сушење.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
Сунѓеру Боб, елементарна непогодо една. :)

Горење во последнава деценија (а некои велат и прилично порано) се тешко страње и неквалитет. Беко не се којзнае што ама даваат 5 години гаранција (наспроти Горење со една-две години) и имаат лесно достапни и евтини делови (за ако затреба кога ќе истече гарантниот период).
Ако некој сака навистина квалитетна машина, и не жали пари, тогаш корејците се добар избор, ЛГ и Самсунг. Ама кај нив заебанцијата е што малку се носат тука, сервисерите немаат искуство со нив, нема лесно достапни и евтини делови, итн итн.

Така да... кој од сунѓерот Боб слуша технички совети, најверојатно го заслужува тоа што му следува потоа. Но ајде да кажеме дека има и такви што не го знаат (пракса му е да се покака на темата со постови од реченица две, повеќе не ни може пошто генерално нема поим за што зборува). ;)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ја имам едно прашање,зашто машината за перење иначе горењска,некогаш ко ќе заврши перењето не ја исфрла водата него останува во барабанот? Некогаш ќе ја исфрли некогаш не у смисла оќе/неќе...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Јас имам вентилациона (1800W max) според мене не троши многу, марка поима немам што е има програми за памук и синтетика посебно (по неколку за двата вида) и функционира баш добро, .
Како е решено исфрлањето на влагата од машината , каков тип на црево и одвод ти треба ?
Долго време се мислевме за сушара, ама пред две години земавме Аристон кондензациона. Ја користиме само зимски период и сме презадоволни....
Одамна ти е постот, така да сигурно имаш искуство со машината до сега :)
Планираме да земаме, двојбата е вентилациска и кондензациона. Сопругата слушала мислење дека со кондензационата , ако е сместена во затворен простор ( а кај нас би била во купатило без прозор ) се чувствува многу мирис на влага.
Те молам да споделиш искуство во однос на влага во просторијата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom