Машина за садови

Член од
12 март 2009
Мислења
18.412
Поени од реакции
13.669
Да ве прашам мислење за машина за садови. Се мислам помеѓу овие три модели.

Bosch
Hotpoint - Ariston
Beko

Прва опција ми беше моделот на Бош, ама тие во продавница не ми го фалеа нешто многу бидејќи е entry model и нешто што посебно не ми се свиѓаше е тоа што внатрешноста за разлика од повеќето други модели не е цела иноксна туку има некоја пластична обвивка на дното од комората над иноксот. Тоа изгледа вака.

Прегледај го приврзокот 362208



Другите две како и повеќето машини се целосно инокс внатре. Овие два модели највеќе ми ги фалеа дечкото од Сетек за таа Хотпоинт - Аристон и дечкото од Нептун за таа од Беко. И двете имаат 3D перење со дополнителни прскалки, трета кошница горе и тон функционалности.

Е сеа муабетот ми е Бош си е Бош, ама па некако не сум сигурен посебно што овие другиве две делуваат повеќе профи од овој модел на Бош. Посебно за Беко сум скептик иако лично ништо немам користено од нив.

Шо викате?

П.С.

Заборавив да наведам. Бош има две години гаранција, Хотпоинт и Беко моделите имаат по пет години гаранција.
се уште корисриме ARISTON Hotpoint LD6090 од мислам 2002...еднаш репарирав главна пумпа, немаше нова, (пред нос ми ја тргнаа од продавница), еднаш пумпа за исфрлање ама стаив стандардна пумпа од 400мкд и последно нова главна пумпа, репарираната откажа... 3200мкд...имав и еднаш чистење на коморите за влез на вода од камен, тоа кај нас е болка поради тврдата вода...
работи уште, дури некогаш и 2х на ден, ако има гости..
е сега Буч не сервисира машини за садови, немал луге, само БЕКО,
така да не знам, но овластени сервииси се прескапи, едино се носи таму под гаранција
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
9.757
Поени од реакции
32.363
Jas imam Bosh I sum mnogu zadovolna.Ja koristam vtora godina, ima programi od 45 minuti koi najcesto gi koristam I za sadovi I za tendgerinja.Ja kupiv od Neptun.
Porano imav candy no dostapnite modeli na candy sega ne mi se dopagjaat, Kako detski igrachki se.Korpite mi zargjaa brzo I ne mozev da najdam preku servisot novi korpi.
Beco , indesit nemoj da razmisluvas.
Најверојатно и ќе биде Бош само тој наредниот модел со третата фиока за прибор. Не ми се свиѓа дека се со само две години гаранција. Од друга страна за Хотпоинт разбрав дека многу слабо делови и се чека месеци ако нешто треба да се сервисира.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
359
Поени од реакции
507
Најверојатно и ќе биде Бош само тој наредниот модел со третата фиока за прибор. Не ми се свиѓа дека се со само две години гаранција. Од друга страна за Хотпоинт разбрав дека многу слабо делови и се чека месеци ако нешто треба да се сервисира.
Nekogash se doplaka za dopolnitelna garancija,no jas go nemam toa. Jas imam so dve fioki, vgradna. Bez razlika na model , da ne ti se pogodi bilo koja da se rasipe zasto I vo garancija imaat trikovi za da posle gi batalis I ne I'm dosaduvas.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.513
Поени од реакции
2.888
IMG_20230124_191350.jpg IMG_20230124_191343.jpg
Ова работи без ниту еден проблем веќе 15 години. Ставаш само она сапунот финиш и ни сол ни бутур има видено... ама мислам дека Quadro веке не произведуваат па незнам дали и воопшто ке има делови за неа ако рикне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom