Денес осетив на своја кожа што значи бранење на територија
Одам накај дома, и случајно една мачка што се чмае низ маало ме следела цело време позади. Отварам јас вратата, а копукот мој дека ме осеќа кога идам секогаш стои пред врата, и кога ја виде мачката позади мене, кога се поду целиот, кога и се фрли, кога почна да вреска и да с'ска, абе да не го фатев партали ќе ја направеше... на крајот ни мачката, ни копукот мој не го извлече подебелиот крај, туку јас зошто ме направи целиот крвови, еве на некои места толку сум длабоко изгребан, што уште крвта неможе да сопре.
Па го осетив потоа уште беше нервозен, не ми се приближуваше, дури и на мене ми с'скаше, па морав да го смирувам со храна, му фукнав некое рипче па да почне пак да се гали од мене.
Страшно еј, никогаш не сум го видел ваков, обично само дреме и јаде по цел ден, прв пат го гледам вака надуен ко Шварценегер
.