Tegla
Interista
- Член од
- 20 февруари 2012
- Мислења
- 5.093
- Поени од реакции
- 9.009
Ќе му купиш од пет шоп храна за мали мачиња (јуниор/китен) или можеш мека храна од оние како паштетчиња или паучи што се со мевце. Пробај со сува храна, ако веќе јадело сигурно е навикнато. Млекото ќе му го прекинеш, не му треба веќе а плус ние што го пиеме млекото може да му предизвика дијареа што е проблем кој сакаш да го одбегнеш. Може нема да ти јаде првиот ден од стрес, ама потоа кога ќе огладне и ќе се поопушти само ќе си дојде до чинијата со храна.Ќе земам маче месец и нешто е старо, се хранело со сува храна и млеко од мајката, е сега дај кажете по колку храна да му давам дневно и каква, исто дали да му давам некој додатоци и млеко и кога треба да го носам на ветринар за вакцина?
Остави го да се стабилизира неколку дена па однеси го на една проверка на ветеринар, а тој ќе ти каже кога да го донесеш за вакцина и слично.
Освен храна треба и плитка (за почеток) пластична кутуја со песок да му набавиш за физиолишки потреби. Немаш други некои големи трошоци, само храброст!