Љубител сум на кучиња и на мачки, но подолг период чував мачки обични, имав/м проблем со комшиите пошто сите мачки ми ги земаа и последниве две години не чував. Но летово земав маче и другиот ден исчезна подоцна го видов дека го чуваат во соба, исто и сега повторно земав и постојано го викаат знам дека ќе го земат и тоа, не знам како да го заштитам да остане кај мене пошто имам обврски и не сум во можност цел ден да го чувам.
Инаку за комшиите за кои мислам дека се ретардирани или ментално заостанати какво животно и да видат го земаат и потоа го изгладнуваат, мали мачиња врзуваа како кучиња со врвки како ремени, во соба чуваат мачки кои немаат видено бел ден, ниту ги пуштаат ниту ги негуваат, чуваа и еден зајак и не знам што стана со него, до сега се имам расправано но се е залудно и ништо не помага за да биде по трагично мајка и има околку 40 години,а нејзината ќерка е средно другите од семејството се не заинтересирани и ништо не помага, знам дека изгледа смешно ова што го напишав но е многу трагично.
Кажете како да си го заштитам мачето ?