Чекај сега, ти викаш да се силува малото маче на сметка овие да останат живи? Колку сака нека е нивна природа грозно е. Пробал да ги избрка не бивало и им пресудил.
Не станува збор за силување, туку покажување доминантност. Мешаш поими.
Не можеш на предатор да му препишуваш карактеристики на човек. Нивниот свет функциорира поразлично од нашиот.
Мене ми отруле многу мачки. Не ми било сеедно. Ниту едно суштество не заслужува да биде убиено само поради тоа што ја изразува својата природа.
Еве еден пример кога ја дома, на мојава кучка и донесов мало кутре.
Прво-територијалност, аутсајдер и доаѓа на нејзина територија, па `ржење, па заби покажување, па колк упогласно може да лае, па клецкање (што е најнормална појава во светот на животните кога станува збор за покажување на доминантност), за на крај да се помири со фактот дека кај нејзе дома има нов член и да почне да го лижи кутрето.
Дали во таа ситуација требаше да си го отрујам кучето?
Дали кога ја шетам, и некоја женка проба да доминира над нејзе, треба да ја отрујам?
Дали двајца мажјаци, без разлика дал од светот на мачки ил кучиња (и двата вида се предатори, исто функционираат кога станува збор за покажување доминантност), се клецкаат (тоа само изгледа така, никој не пенетрира) треба да бидат отруени, само поради фактот што некој не се едуцирал доволно а се декларира себеси како љубител на мачки?
Викам јас, ќе дојде и тоа време кај нас, кога ќе има полиција за животни, се надевам само дека ќе го доживеам тој момент....
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 21:13 ---
Wow, ок ајде вие сфаќате. И не мислев дијагнози да им давам на мачорите да му се сневиди, туку кога веќе не можеш да си ја заштитиш мачката поинаку што да правиш ајде предложете? Да седи со него цело време? Нема дечкото обврски? Можеби не може/нема услови да ја чува цело време внатре. Што нема да чуеш еј. Дај ако не и алигатори ако ми влезат у двор да ги галам и да ги оставам да ми се шетаат пошо не било хумано да се погрижам за нив. Проблемот со вас е вашата сентименталност, јас разбирам љубов кон животни ама ова што го пропагирате го нема ни на анимал планет.
Тоа е, ќе одбереш, или мачето или мачорите.
Зашто некој воопшто би земал да чува мачка, ако нема доволно услови да и обезбеди нормален живот? Чување на животно значи обврска кон истото, не е поентата земи чувај го, ама надвор, нека се пари неконтролирано, нека се коти како лудак, и на крај нека ти го отруе некој психо или у најмала рака, нека го изгази кола?
Тоа за мене не е чување на животно....
Да чувам мачка само поради тоа што ми е интересно додека е малечко? Па тоа ќе порасне... и оп, упте скитници на улици... интересно...
Што ако некој од отруените мачори бил твој? Сеедно би ти било?