На 15 јуни вечерта некој од комшиите со пушка / пиштол ми го застрелал мачето, на левата страна назад, над ногата некаде. Вечерта мислевме дека е од нешто друго (го приметивме на 16 јуни кај 03:00 некаде). Викнавме ветеринар, тој мисли дека во мачето има дијабола од пиштол/пушка. Го допираше полека ама ништо не сети. И, мачето неможе да гази на таа нога. Ветеринарот му намачка и некоја маст и потоа го прсна со некој спреј (сина боја). Мачето 2 дена одбива да јаде и пие, и постојано лежи. Го храниме со шприц од коа го видовме дека е рането (2 дена), му даваме млеко по малце. Помош некој? Ќе преживее?

Инаку мачето е одгледано без мајка од многу мало(ја отру истиот комшија, над 24 часа без престан се обидувавме да ја спасиме и бевме со неа). Има можност во дијаболата да има некој отров?
EDIT: Сите 250 страни ги прочитав, нема ниту една слична ситуација, има некој буден за совет, help??[/QUOTE
Како прво ова е страшно што го читам... Треба со ренген да се провери дали дијаболата е во мачето во кожата уште или не ако е треба да се извади со операција... Меѓувреме давајте храна со шприц (НЕМОЈТЕ МЛЕКО) ако е повозрасен/а може да давате конзерви паштети за мачиња и мешајте со вода да биде потечно за полесно да јаде. А ако не пие воопшто вода ќе мора да се стави инфузија. Ако е ептен мало маче треба со мачешка формула да се храни.
Sent from my iPhone using Tapatalk