Мачки (општи дискусии)

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
прашање. Имаме мачка во влезот во зграда,1-2 месеци,Таа се навикна тука и ќе ја видиш пред секоја врата.Излага и надвор повремено сама.Но сега е овој проблем.Таа е бремена и кај да е треба да се омачи деновиве.Ја носев во подрум и послав во еден ќош но таа пак доаѓа внатре во влез,како да ја навикнам да седи таму доле,нели мачки не се врзуваат како куче.Да ја затворам во пакет-куќичка?
Не се будали да ја затвораш, само полошо ќе направиш. Мачките кога ќе им дојде време за пораѓање самите се снаоѓаат и верувај дека баш во таа кутија и ќе отиде кога ќе и дојде време. Вода само нека има кога ќе се породи, нормално и храна колку можеш.
 
Член од
29 август 2017
Мислења
134
Поени од реакции
67
И кај нас во влез така имаше трудна мачка. Идеше секој ден, живееме на последен спрат. И еве ја пред некој ден си се омачи тука. Сега фамилијарно си живеат на спратов со маченцата.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
12
Поени од реакции
9
Знаете да ми препорачате некој што привремено чува мачки во Скопје или околно блиску?
 
Член од
18 март 2018
Мислења
9
Поени од реакции
1
Дали некаде во Македонијава се наоѓа мачка од расата Maine Coon? Ако воопшто има, дали некој чувал?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Мачката пред скоро 3 недели роди 5 мали маченца од кои 1 за жал умре (прво мачило), денеска забележав дека окото кај едно од мачината не е во ред некако е како полу-отворено и има како раски околу него... Ми кажаа дека имало некоја течност со која се мачкало, но сепак незнам колку би помогнала маста секогаш сум бил скептик за тие масти/креми...

btw. чудна работа, бидејќи и одвоив соба (тврда градба, т.е празен дрварник, кој и го обезбедив со сите нишани буквално само со 1 мал излез за да може комотно да излегува мачката) посебна на мачката од 10м2 во дворот за да не и доаѓаат мачорите и да нема никаква закана по малите мачина, денес на тераса ми донесе 2 мачина едноставно ги раздели (за да дојде на терасата треба да скокне околу 1 метар во височина и 1.50 во должина), па дали има некоја посебна причина (иначе имам огромен двор каде може да прават што сакаат)...
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352

Не се чувствува сигурна мачката со мачињата таму, поради која причина она си знае. Можно е да ѝ имаат влезено мачори таму. Најубаво со вас во соба, додека не пораснат малите.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Update:
4 мали мачина одлично напредуваат, од кои 3 се машки и 1 женско (дефинитивно). Ги сместив на тераса, заштитени максимално имаат доволно простор да се шетаат и играат бидејќи терасата е големка... Утре планирам да му земам играчки...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Имам тримесечно мачорче кое иако е чувано внатре, се повеќе и подолго сака да оди надвор. И саат време да е надвор откако ќе го внесам, после стои пред врата и мјаука, а кога ќе му ја отворам вратата лета ко улаво. Проблемот е што во непосредна близина има два мачори од кој едниот е како психо. Денес кога видов како влезе во двор и му се приближи добив мини срцев удар.
Прашањето ми е - дали премногу драматизирам и на таа возраст може, ако не да се одбрани, барем да побегне внатре (вратата за внатре секогаш кога е надвор му е отворена и јас сум во непосредна близина)?

Инаку да надополнам при средба со мачоров, мачево му се с'cна и не побегна и после бараше пак да излезе, а овој пак прво избега откако интервенираше мајка ми, но потоа се вртеше околу дворот.

И уште нешто - дали е нормално уште на таа возраст да гриза на моменти и тоа многу, на стапала напаѓа при одење, дури и на лице скока (но, без нокти)?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Премногу драматизираш... Остави го нека ужива и нека ги надополнува неговите природни потреби, ако е убаво чувај си го блиску до тебе секогаш, да не ти го собере некој од надвор ако му се допадне или пак да ти го прегази некоја кола...
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
И уште нешто - дали е нормално уште на таа возраст да гриза на моменти и тоа многу, на стапала напаѓа при одење, дури и на лице скока (но, без нокти)?
Нормално е да гриза, маче е. Така си играат и ја трошат енергијата, овој период се што мрда за нив е плен. :) Покрај тоа сега почнуваат да ги менуваат млечните заби со трајни и ги чешаат непцата.

Најди му играчка некоја нека ја брка (плен на врвка со стапче, топче и сл.). Еден момент ти корне рака, следниот ти ја лиже и преде. Пази само не му се доближувај со лицето да не те повреди, не разбира ништо, уште е бебе.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Нормално е да гриза, маче е. Така си играат и ја трошат енергијата, овој период се што мрда за нив е плен. :) Покрај тоа сега почнуваат да ги менуваат млечните заби со трајни и ги чешаат непцата.

Најди му играчка некоја нека ја брка (плен на врвка со стапче, топче и сл.). Еден момент ти корне рака, следниот ти ја лиже и преде. Пази само не му се доближувај со лицето да не те повреди, не разбира ништо, уште е бебе.
Му купив куп играчки, со некои си играше ептен, со некои не баш. Но, моментално само за надвор е заинтересирано, ниедна играчка не му го задржува вниманието. Кога ќе го внесам внатре во неговата соба кај што му се повеќето играчки во знак протест ги бутка.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
Му купив куп играчки, со некои си играше ептен, со некои не баш. Но, моментално само за надвор е заинтересирано, ниедна играчка не му го задржува вниманието. Кога ќе го внесам внатре во неговата соба кај што му се повеќето играчки во знак протест ги бутка.

Пробај свети му со ласер :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Пробај свети му со ласер :)
И тоа му купив. :( На почетокот повеќе трчаше по него, најмногу сакаше да скока по ѕид, сега ни 2 минути не си игра. Брзо губи интерес. Може да му светам, а оно да се загледа надвор низ прозор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom