Мачки (општи дискусии)

Ф

Флеш

Гостин
Се најаде сеа пред саат време, ама уште е такво изгубено, седи на едно место и чмае.
Под стрес е мачето,нова околина и луѓе.Несигурно и нема доверба и од тоа е тоа чудно однесување.Дај му време да придобие доверба и да се смири,сепак тие мало уште покрај се.
 
Член од
22 август 2015
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво, ми треба совет. Имам мачорче старо 4 месеци, обично е мн темпераментно но последниве 2 дена само спие. Јаде нормално, има нормална столица но спие мн мн повеќе од обично. Денес бевме на вет. му мереше температура беше нормална. Рече дека ќе се врати во нормала но сепак сум загрижена. Дали некој од вас имал слично искуство?
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Здраво, ми треба совет. Имам мачорче старо 4 месеци, обично е мн темпераментно но последниве 2 дена само спие. Јаде нормално, има нормална столица но спие мн мн повеќе од обично. Денес бевме на вет. му мереше температура беше нормална. Рече дека ќе се врати во нормала но сепак сум загрижена. Дали некој од вас имал слично искуство?
Не се грижи ако ветеринарот го прегледал пошто нормално е мачка да спие по многу (16-20 саати во просек). Тоа дека е младо најверојатно се изморува од играње и трчање и поцврсто спие него ли возрасна мачка која цело време е на готовс.

Мојава пошто е стара ќе се најаде, излижи и спие цело време. А додека ние спиеме навечер е активна и шета низ стан, лови комарци. Предатор е. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зависи и што мачка е, јас пред некоја година имав исто вакво како погоре што го постирав, russian blue. И кога беше мало што вика Тегла ќе се премори од играње и коа ќе заспие не може ни господ да го разбуди. Еднаш спиеше може 5-6 саати и пробувам да го будам оно како мртво, исто како мртов пијан човек коа ќе пробуваш да го освестуваш, нема шанси му паѓа главата. :D

Иначе ова Јоце се опушти полека, не знам дали тука спомнав ама кога го донесе брат ми, ноќта старата мачка си ги донела и нејзините 4 мачиња што ги чувала у изолација и сега сите се дружат надвор на тераса, старава мачка и него го прибра, се грижи за него, му дава да цица.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Дечки, коа се вративме дома видовме дека мачката повратила. Обично е бесен, скока, влага у фрижидер штом види дека е отоврен. Ама од кога дојдовме цело време е улежан, спие и е мирен. (повремено по малку се тресе)
Немаше некои промени во диетата и ништо чудно не се дешаваше со него деновиве (столица и мочање редовно).

Што мислите дека е, сериозно е? :/
 
Последно уредено:
Член од
20 декември 2011
Мислења
92
Поени од реакции
44
Имам голем проблем. Мачето ми е 2 месеци и е мн хиперактивно (нормално е знам). Али страшно мн гризе, ми се џитка на фаца и гребе додека не ми пушти крв. Пробав со весник али не бива. Дајте некој совет, пошо што и да барам по нет не помага.Цела сум испогребана со дупки од неа.[DOUBLEPOST=1440923112][/DOUBLEPOST]
Дечки, коа се вративме дома видовме дека мачката повратила. Обично е бесен, скока, влага у фрижидер штом види дека е отоврен. Ама од кога дојдовме цело време е улежан, спие и е мирен. (повремено по малку се тресе)
Немаше некои промени во диетата и ништо чудно не се дешаваше со него деновиве (столица и мочање редовно).

Што мислите дека е, сериозно е? :/
Да го однесеш на вет најдобро ти е да видат да не има температура или сл.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Здраво, ако може одговор на прашањево. Имам маче старо 2 години. 5 дена ја немаше дома кој знае каде била и кога се врати беше многу слаба дури не ја ни препознав. Знаев дека е тоа маче по шарата на едната нога. Е сега, не јаде одкога се врати, пие вода одвреме навреме но не во голема количина колку што пијат другите мачиња што ги имам. Ја пипнав за носето, и суво е. А нели кога е сув носот има температура. Дали сте имале некое искуство како ова и што можам да му дадам од домашна аптека?
Плус по цел ден лега еве попладнево лизна само од јадењето, но носот и понатаму е сув.
 
Член од
4 февруари 2010
Мислења
16
Поени од реакции
12

Се надевам дека од вчера до денес се опраило, ама сепак - ветеринар. Може е избезумена зашо кујзнае што и се десило (сепак се пет дена), а може и закачила нешто. И да е сосема нормална, после пет дена надвор, јас сепак би ја носела на ветеринар.
 
Да, секако дека ветеринар ке е најубаво, му се јавив и ми рече дека е на одмор ке се врати на работа следната недела, а пак од ветеринарната станица ми рекоа дека тој другиот ветеринар што е за мали животни е на терен и најверојатно ке се задржи, а потоа ке си оди дома затоа што му завршува смената и ке дојде утре наутро на работа. Затоа пишав тука да не знае некој што да му дадам колку да може да издржи до утре додека да го однесам да го прегледа мачето.
 
Како ти е мачето? Зошто не отиде на друг вет ако ти е сериозно? Кажи ми дека е во ред... :(
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Како ти е мачето? Зошто не отиде на друг вет ако ти е сериозно? Кажи ми дека е во ред... :(
Можеби ке зазвучи како во шпанска серија, но во моментот кога требаше да го земам мачето да го однесам на ветеринар утрово, мачето исчезна. Го чував надвор но не беше во состојба ни да мрдне со шепата а камоли да отиде некаде. Го барав цели 2 часа и по куќата и по дворот и кај соседите но него никаде го немаше. Се молам на Бога кај и да е да дојде до утре сабајле за да можам да го однесам на ветеринар. Инаку кај нас во Куманово има само 2 ветеринари за мали животни тоа се Др. Митко и Др. Никола, и требаше да го однесам кај Никола ама ете ме снајде несреќа.
 
Се надевам дека е во ред :unsure:
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Се надевам дека е во ред :unsure:
Фала му на Бога, мачето дојде утредента и го однесов му даде 3 инекции и 2 инфузии рече дека било ептен дехидрирано и имало 40,5 температура.. страшно но да чукнав во дрво сега малку како поосвежена ми е и оди по малку али се занесува.. рече дека ке треба уште 3-4 дена да прима инекции. Да се надеваме дека се ке излезе во најдобар ред. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom