Мачење, понижувачко однесување и казнување

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член 11 од Уставот гласи:

Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.

Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.

Се забранува присилна работа.

Кои се границите на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување?

Според Уставот се е јасно. Вакво нешто е забрането.

Но во праксата е сосема друга ситуација

Во случајот Топлификација, власта сака да ги присили исклучените повторно да се приклучат. Сум присуствувал на судење во кое исклучениот вели: „ Јас сум без работа, жена ми е без работа, ние не можеме да плаќаме парно. Ние речиси воопшто не се затоплуваме, едноставно дома не грееме, туку лежиме покриени во кревет, бидејќи немаме пари.

Но и покрај ваквиот исказ – судијката го осуди

Зарем ова не е понижување на еден сиромав?

Во Кривичниот законик под мачење се подразбира само добивање на признание или изјава од обвинетиот

Член 142 9 од КЗ гласи

(1) Тој што во вршењето на службата, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана иди друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице, или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години.

(2) Ако поради делото од став 1 настапи тешка телесна повреда или други особено тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Значи според Кривичниот законик само овој облик на мачење представува кривично дело

А што е со други облици на мачење, и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. Еве уште еден пример: Во зонското, наместо парично да ве казнат за непрописно паркирање, ви ја земаат колата со пајак и ве мачат да одите до Железничка станица да платите повеќе од казната и да ја земете.
Еве уште еден пример. Мој пријател не платил струја три мессеци и доаѓаат од ЕВН да го исклучат. Тој тогаш нуди пари и ги моли да не го исклучуваат - веднаш ќе плати. А тие велат: Не може, мора да те исклучиме ќе платиш казна и за неколку дена повторно ќе те вклучиме
Како да ги препознаеме другите облици на мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување?
Дали постои заштита за другите облици на мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување?
Како да се спротивставиме?

Ете тоа би биле рамките на дискусијата во оваа тема
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не ме сфаќај погрешно, воопшто не сум не сериозен.
Темава ти е за у канта, а со неа и цел подфорум.
Или евентуално подфорумов да се премести како под-подфорум во мистерии или филозофија.
Во меѓувреме може да отвориме тема во играчница, во воведен пост да се пастира Уставот на РМ и да си играме кој ќе најде највеќе (не) прекршени одредби (на дневна база), победува.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Се глеа дека си лаик од право :X3:
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Премногу се надеваш на законите и институциите. На стари години луѓето тргаат маки со сиромаштијата и системот. Си играат со човечките судбини како некоја лоша шега. Страшно. :(

И на крај сите до еден индивидуално се чудат од кај не најде вакво зло?:cautious:
 
D

Darko_ufo

Гостин
Никој така посран не ми дошол во канцеларија хајјјихихиихахахахајјјјјјјјјхиииихихииии(зајдува од смеење) хајјјјхиииихарИИИааа(од смеење пушта звук како магаре)...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.797
Многу пракси на власта на разни нивоа, потпаѓаат под овој закон. Но, законите кај нас не важат за секого подеднакво, тоа барем го осетивме, слушнавме и видовме.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.707
Поени од реакции
7.840
Член 11 од Уставот гласи:

Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.

Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.

Се забранува присилна работа.

Кои се границите на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување?

Според Уставот се е јасно. Вакво нешто е забрането.

Но во праксата е сосема друга ситуација

Во случајот Топлификација, власта сака да ги присили исклучените повторно да се приклучат. Сум присуствувал на судење во кое исклучениот вели: „ Јас сум без работа, жена ми е без работа, ние не можеме да плаќаме парно. Ние речиси воопшто не се затоплуваме, едноставно дома не грееме, туку лежиме покриени во кревет, бидејќи немаме пари.

Но и покрај ваквиот исказ – судијката го осуди

Зарем ова не е понижување на еден сиромав?

Во Кривичниот законик под мачење се подразбира само добивање на признание или изјава од обвинетиот

Член 142 9 од КЗ гласи

(1) Тој што во вршењето на службата, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана иди друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице, или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години.

(2) Ако поради делото од став 1 настапи тешка телесна повреда или други особено тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Значи според Кривичниот законик само овој облик на мачење представува кривично дело

А што е со други облици на мачење, и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. Еве уште еден пример: Во зонското, наместо парично да ве казнат за непрописно паркирање, ви ја земаат колата со пајак и ве мачат да одите до Железничка станица да платите повеќе од казната и да ја земете.
Еве уште еден пример. Мој пријател не платил струја три мессеци и доаѓаат од ЕВН да го исклучат. Тој тогаш нуди пари и ги моли да не го исклучуваат - веднаш ќе плати. А тие велат: Не може, мора да те исклучиме ќе платиш казна и за неколку дена повторно ќе те вклучиме
Како да ги препознаеме другите облици на мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување?
Дали постои заштита за другите облици на мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување?
Како да се спротивставиме?

Ете тоа би биле рамките на дискусијата во оваа тема
Tи си ја прочитал ли дефиницијата за држава од Макс Вебер?

Државата како инстутуција држи монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.

Друга теорија вели дека државата е апарат за принуда. Според оваа теорија, државата постои за да обезбеди секој да си ги исполнува своите законски обврски, како што се исплатата на долгови, почитување на приватната сопственост и сл.

Доколку разбра што претставува државата, тогаш илузорно е од таква творба да очекуваш правда.

Не за џабе рекле старите:„Од државна чешма немој ни вода да пиеш“.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Еве уште еден пример. Мој пријател не платил струја три мессеци и доаѓаат од ЕВН да го исклучат. Тој тогаш нуди пари и ги моли да не го исклучуваат - веднаш ќе плати. А тие велат: Не може, мора да те исклучиме ќе платиш казна и за неколку дена повторно ќе те вклучиме
Чоек пропатен од ЕВН и електро-енергетските компаниии...:D
Примеров е комедичен. Тоа што некој не плаќа за електрична енергија не ги амнестира ЕВН да ја платат енергијата која ја набавуваат за да ги снабдат талентите ко овој што „молел“. Шо не отишол да моли да биде три месеци у претплата така што ЕВН ќе биде поликвидна?
И повторен приклучок не е за неколку дена, туку во зависност од изборот итно приклучување е во истиот ден, а неитно е во тек на утрешниот ден.

Цените за повторно приклучување се набилдани, т.е. 2500 со 1500 денари, но во моментов се носи нов правилник во РКЕ со кој ќе се намалат овие суми на 1500 со 1000 денари.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Art. 2. Le but de toute association politique est la conservation des droits naturels et imprescriptibles de l'Homme. Ces droits sont la liberté, la propriété, la sûreté, et la résistance à l'oppression.
Цел на секое политичко здружување е запазување на природните и незастариви човекови права. Тие права се слободата, сопственоста, сигурноста и отпорот кон угнетувањето
Ова е вториот член на Декларацијата на правата на човекот и граѓанинот од 1789 година
А сега читам дека некои го жалат ЕВН
Не сакам да се впуштам во дискусии за правата на ЕВН, Топлификација и слични
Зборуваме за право на човекот да не биде мачен, понижуван, и кон него сурово и нечовечки да се постапува.
Основно начело на Христијанството е милосрдие. А што е замена за тоа во Владеењето на законите?
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јас би ги запалил и ЕВН и ТОПЛИФИКАЦИЈА и сите тие срања.
Тоа ние тоа што го плаќаме треба да биде на минимум!!!!
А околу уставот и околу судството - таму важи една формула: Се зависи од аголот на гледање.
Во тој систем би победил со добар адвокат или да си добро интелектуално набилдан да можеш на судијата да му всадиш честици од твојот ум така што би го демантирал со изјава.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Чоек пропатен од ЕВН и електро-енергетските компаниии...:D
Примеров е комедичен. Тоа што некој не плаќа за електрична енергија не ги амнестира ЕВН да ја платат енергијата која ја набавуваат за да ги снабдат талентите ко овој што „молел“. Шо не отишол да моли да биде три месеци у претплата така што ЕВН ќе биде поликвидна?
И повторен приклучок не е за неколку дена, туку во зависност од изборот итно приклучување е во истиот ден, а неитно е во тек на утрешниот ден.

Цените за повторно приклучување се набилдани, т.е. 2500 со 1500 денари, но во моментов се носи нов правилник во РКЕ со кој ќе се намалат овие суми на 1500 со 1000 денари.
Toj мој пријател од ЕВН го исклучија во петок околу 14 часот, за да се мачи цел викенд без струја или да плати за итно вклуување
А познато е дека ЕВН исклучува во петок за да ги мачи луѓето
Инаку ако касниш со плаќање, ЕВН наплатува казнени камати кои се каде каде повисоки од банкарските камати
Со еден збор ЕВН е мачител на луѓе
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Toj мој пријател од ЕВН го исклучија во петок околу 14 часот, за да се мачи цел викенд без струја или да плати за итно вклуување
А познато е дека ЕВН исклучува во петок за да ги мачи луѓето
Инаку ако касниш со плаќање, ЕВН наплатува казнени камати кои се каде каде повисоки од банкарските камати
Со еден збор ЕВН е мачител на луѓе
Убаво му направиле. Нареден пат кога нема да ги плаќа сметките со месеци нека се присети на тоа дека пак ќе го исклучат во петок на крај на работно време и пак нека не плаќа сметки!
Не разбирам зошто ЕВН е мачител за тоа што твојот пријател свесно не им плаќал три месеци и покрај опомените кои му доаѓале дека ќе го исклучат за неплаќање. Притоа им држел заробени пари за три месеци против воља на ЕВН. ЕВН покрај тоа што мора однапред да ја плати енергијата која пријател ти ја трошел во наредните три месеци, треба да даде плата на 2000 вработени и не знам колку фирми. Ако сите како твојот „намачен“ пријател не плаќаат со месеци, ниту ЕВН ќе може да купи енергија за да има со што да не снабди, ниту ќе можат тие 2000 вработени да земат плата, а ни вработените во не знам колку фирми кои имаат рамковни договори со ЕВН.
Па така ако некој е мачен во случајов тоа е ЕВН, а не неодговорниот плаќач!

А ако пријателот твој е социјален случај, тогаш на погрешна адреса бара милостиња. ЕВН не е ниту социјално, ниту државна компанија па да им бере гајле на социјалците.

Македонската елита ќе ти каже дека проблемот не е во компаниите, туку во твојот делокруг на луѓе.
Не знам кај се вбројуваш себе и што за тебе е елита, ама ај давај ми по 100 евра на заем секој месец без камата, ама ја ќе почнам да ти ги враќам по три месеци и ќе ти враќам по 100 евра месечно. Може?
Ако не ми дадеш тогаш ти си еден безобзирен, нечовечен мачител и едно безобразно и гнасно ѓубре невидено кое се нарекува себе си елита и ја угнетува и понижува не-елитната класа....
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не знам кај се вбројуваш себе и што за тебе е елита, ама ај давај ми по 100 евра на заем секој месец без камата, ама ја ќе почнам да ти ги враќам по три месеци и ќе ти враќам по 100 евра месечно. Може?
Ако не ми дадеш тогаш ти си еден безобзирен, нечовечен мачител и едно безобразно и гнасно ѓубре невидено кое се нарекува себе си елита и ја угнетува и понижува не-елитната класа....
(1) Имам доволно самопочит да не бидам дел од македонската елита. Македонската елита е изградена на искривени идеали и поддржува вредности кои се неприфатливи за моите лични убедувања и вредности.
(2) Ако зборуваме така, зошто ЕВН е попустлива кон 80% од комуналните претпријатија, државните институции, и сите други неплаќачи кои должат милионски суми? Да извадам статистика за долговите на јавните претпријатија и државни институции, па да направиме една корелација со елитата, должничката криза на јавните институции, и луѓето кои ги водат.
(3) Не е срамота човек да побара помош. Не е срамота човек да пружи помош. Ако ти требаат 100 евра, ќе ти помогнам. И не ти ги барам назад.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
(1) Имам доволно самопочит да не бидам дел од македонската елита. Македонската елита е изградена на искривени идеали и поддржува вредности кои се неприфатливи за моите лични убедувања и вредности.
Значи тоа елита го кажуваш во иронија, мислејќи за некаков шљам кој не е елита...Јас па мислев зборуваш за елита...

(2) Ако зборуваме така, зошто ЕВН е попустлива кон 80% од комуналните претпријатија, државните институции, и сите други неплаќачи кои должат милионски суми? Да извадам статистика за долговите на јавните претпријатија и државни институции, па да направиме една корелација со елитата, должничката криза на јавните институции, и луѓето кои ги водат.
Да проверам да не има исклучок, но буквално сите комунални претпријатија се на отворен пазар и ниту едно не е снабдувано од ЕВН Македонија. Но дури и да е така како што викаш, има милион причини зошто ЕВН Македонија не смее и нема да ги гаси комуналните претпријатија. Прво е затоа што не е дозволено со законот и подзаконските акти. Ако не се лажам во Член 32 од Правила за Снабдување и во уште некој друг член некаде беа наброени и дефинирани кои субјекти не смеат да останат без напојување. Замисли да го изгасат водовод? Ќе се бањаш во Вардар?
Па дури и да не беше тоа така, ЕВН Македонија има некаква гаранција дека комуналните претпријатија ќе и ги платат евентуалните долгови. Комуналните претпријатија се во државна сопственост, а државата има и 10% споственост во ЕВН Македонија. За овој „мачеников“, ЕВН нема никаква гаранција дека ќе им плати.

(3) Не е срамота човек да побара помош. Не е срамота човек да пружи помош. Ако ти требаат 100 евра, ќе ти помогнам. И не ти ги барам назад.
ЕВН и ниедна друга фирма не се социјално и не можат ниту имаат намера да решаваат социјални случаи.
Не ти барам 100 евра, туку 300. Со тоа што ќе ти дужам цело време за три месеци по 100 евра е исто ко да си ми дал 300 евра кои никогаш нема да ги добиеш назад. Но не сум јас сам, имам уште 100 души кои ги познавам и на кои им треба да им позајмуваш исто ко на мене со 3 месеци грејс период без камата.

И ако веќе сакаш да ми помогнеш и да ми дадеш 100 евра без да ми ги бараш, еве уплати ги овде:
210501672422057
NLB TUTUNSKA BANKA
Na ime Zorica Levajkovska

http://forum.kajgana.com/threads/Апел-за-помош-на-една-самохрана-мајка-со-две-мали-деца.77156/

Благодарам за несебичната помош. ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom