Мачено и одрано куче во Чаир

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.781
И за крај еве ќе ти поставам едно прашање,сакаш одговори сакаш не...што корист или функција би имале домашните животни ако не се храниме со нив и што корист има ако ги чуваме?
Мислев крајот веќе беше во предходниот пост?
Документарецот горе е одраз на правата состојба во индустријата, ако нашата индустрија е различна (за што признавам не знам) тогаш таа е неконкурентна на светскиот пазар -ова не го спомнувам како лоша работа, туку затоа што во тој случај секако претстојат измени кон она што е покажано во документарецот.
Освен тоа, голем дел од храната во нашите продавници е увозна.

Нејсе, очигледно ние за различни работи пишуваме. Целата дискусија почна од непобитниот факт, дека неметнувањето на идејата дека едни животни е оправдано да се колат и дерат но некои други животни никако, е лицемерно гледање на работите.
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 21:32 ---
Кога ти ќе видиш краварска фарма во Швајцарија, тогаш ќе разговарам со тебе. :) А слободно те поканувам да го посетиш професорот Проданов на ФВМ, тој има повеќе да ти каже од мене :)
Пошто ние исклучиво швицарско месо увезуваме?
Поздрави го професорот и препорачај му го документарецот. (y)
 
Л

Лигеја

Гостин
Мислев крајот веќе беше во предходниот пост?
Документарецот горе е одраз на правата состојба во индустријата, ако нашата индустрија е различна (за што признавам не знам) тогаш таа е неконкурентна на светскиот пазар -ова не го спомнувам како лоша работа, туку затоа што во тој случај секако претстојат измени кон она што е покажано во документарецот.
Освен тоа, голем дел од храната во нашите продавници е увозна.

Нејсе, очигледно ние за различни работи пишуваме. Целата дискусија почна од непобитниот факт, дека неметнувањето на идејата дека едни животни е оправдано да се колат и дерат но некои други животни никако, е лицемерно гледање на работите.
Се согласувам.Но не се согласувам дека е идеја.Станува збор за вкус и избор.Ти кажав дека и кај нас можеш да си убиеш куче и да си го изедеш,нема закон кој би те спречил во тоа затоа што тоа го правиш од глад.Изеди го,слободно ако си гладен јас верувам дека многумина би гледале со гадење но потсвесно би го оправдале факторот ''глад''.Никој не те спречува да ловиш и да јадеш.Разбираш? Ние ги јадеме фармските животни,за задоволување на потреба се и една од основите на исхраната.Јас не си задоволувам потреба ако истепам невино кученце.Тепањето,мачењето и користењето на животните садистички за забава тоа е веќе нечовечност и нехуманост еднаква на злоставувањето на луѓето.За тоа зборуваме а ова за кое ми зборуваш ти во индустријата веќе е далечно минато.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.782
Поени од реакции
21.188
Колку што знам случкава со кучето се случила во нашава земја и компарирав во постот на кој му одговорив на претходниот член со домашните животни кои ние ги јадеме во нашата земја.За Кина и компанија воопшто не ме интересира што јадат,ако гледаме од тој аспект во некои сиромашни земји јадат и стаорци.
.
Тоа е небитно исто како и што е небитна претпоставката дека животното( намерно не нагласувам куче) е мачено и некој се има изживувано врз него. А цела работа почна од таа претпоставка и се зеде здраво за готово дека прво е куче и дека сигурно е мачено и дека тој или тие што го направиле тоа се шовинисти и го направиле тоа за своја лична сатисфакција и кеф без никаква материјална корист.
Ако се докаже дека е тоа стварно така дека тоа е мачено и некој се има изживувано врз него само за свој личен хир тогаш да и јас сум да се осудат затоа што нормален човек не го прави тоа од забава. Но доколку работата излезе поинаку тогаш што правиме?
И се разбира од цела приказна сега засега за осуда е само начинот на одлагањето на лешот и тука сте сосема во право.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.991
Поени од реакции
6.240
Нема што многу да се објаснува, во тексот пишува дека е најдено кај зградите... еве ги зградите на сликата (малце е постара ама нема врска). Сигурен сум дека кучето е убиено од чиста мира. Во Чаир не се остава заканувачка порачка, ако некому му должиш нешто директно со калашот ти влегува :icon_lol:

Крсте Асенов е две-три згради позади стадионот на Слога, односно една зграда од лево кај Тинексот. Леле, ич не ме бива за објаснување на вакви работи... :X3:
видов за Чаир, мислев да каже некок чаирчанец од форумов да не е оставено до некој дуќан, продавница, што знам што, широк поим е Чаир и карши стадионот :)

двете згради се водат на крсте асенов а кучето е најдено кај белата. ова е многу сериозна работа. во тој дел од чаир имаше доста деца нападнати од улични кучиња но кој живеел таму знае како ги решаваа земчовците овие работи. никогаш на овој начин ... ова е дело на психички пореметена личност и мора да се најде сторителот зошто постои опасност и за луѓето таму.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Се прашувам само каде е ''Анима Mунда'' кога пријавуваш регистрација од автомобил со кој ти е прегазен домашниот миленик? Изгледа тоа не е интересна приказна околу која може да се крене фама, па е небитно.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Сликата и актот на дерење на кучево е грозна дефинитивно , но дали сум јас едниоствениот што можам да го разберам вршителот на дејството ? Љубител сум на кучиња особено некои помали и слатки , ама кога одам негде и ќе почне да ми лае некоја џукела по улица се вадам од такт и само посакувам моторна пила да имам до мене ! Еднаш ми се има случено и да ме брка улично куче , многу глупа работа , а ако ми се случи некогаш да бидам гризнат нема со насмевка да си отидам како ништо да не се случило!Убиство на кучето и нема да ме задоволи до крај- Ќе тужам некого!. А што доколку на мое место е некој кој има фобија од кучиња? Можеби тој што го убил кучето , тоа го направил заради одмазда, што ако бил каснат од истото , или неговото дете ? Што ако човечки живот завршел летално ?
Ќе повторам дека не го подржувам дерењево , но сепак треба сите околности да се разгледаат пред да се донесат заклучоци . А , за да не се повтори вакво нешто , треба градов да си превземе мерки , да се соберат уличните кучиња да се вакцинираат , дел да се вдомат останатите бар да се кастрираат да нема разможување . Во послениве месеци има премногу кучиња низ градов , нема да ме чуди ако утре видиме уште една ваква слика .
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.991
Поени од реакции
6.240
Чисто информативно нека ги проверат локалните месари. Или сендвичарите во Шутка. Ако сакаат да го најдат кривецот.
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
135
Поени од реакции
201
Пред некој ден во Куманово во касни сати се враќам накај дома од кај еден пријател и кој живее во Куманово сигурно знае каде е пекарата што работи 24 часа на Моша Пијаде пред да се заврти лево према спортската сала, проаѓам со колата и гледам еден од пекарите излегол надвор и гази едно мало маче, прво помислив дека брка глушец кога го видов почнав да му свирам тој па ми дига рака мисли го поздравувам, гледам дека внатре беше полно со негови колеги па попаметно ми беше да не излегувам, но муабетот ми беше како може бе да ти смета мало маче за така да го убиеш со газење, ова нема везе дали се албанци, македонци или срби, ако се јас прашувам ова веднаш би испратил на голи оток па нека крши камења, инаку најверојатно јас повеќе во таа пекара нема шансе да пазарам.
Јас би те замолил да го пријавиш случајот.Пробај во "анима мунди" или "срце за животните".Или пак во "агенција за храна и ветеринарство" во оделот за животни кај Димитар Терзиевски.Еве ти линк.
http://fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=104&Itemid=79&lang=en
Јас еднаш пријавив ваков случај кај горенаведениот и изенаден сум од тоа како постапи.За разлика од неговите подредени кои несакаа ни телефонот да го подигнат, он се заангажира и ги натера да го истераат случајот до крај.Твојот идентитет нема да биде дознаен а тој што газел маче ке се покае стопати.Мислам дека сепак треба да им пишеш мејл на анима мунди или срце за животните.Еве ти мејл:
info@srcezazivotnite.org.mk

anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Имаш и телефони на интернет.Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

На врв Bottom