Мачено и одрано куче во Чаир

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Бруталностите и насилството врз било кое животно без намена треба да бидат казнувани затоа што се граничат со нечовечност и примитивно однесување како во случајов со кучето.
Без навреда, ама сите тие прописи и техникалии се лицемерни. Пак се се сведува на тоа дека е лицемерие да игнорираш милијарди одрани животни во излогот на секоја месарница а да се филмаш за само едно такво животно, и само затоа што истото не е твојата листа на животни кои се за таа намена.

Дури и така технички гледано, во нашите закони нема пропис каде се кажува кои животни се за јадење и за дерење кожа, а кои не се (ОК со забележан исклучок на homo sapiens).
Oд тој легален аспект, во случајов од насловот на темата, прекршени се само прописите за хигиена и фрлање одпад. Освен ако кучето не е сопственост на власник што не дал согласност за употреба на кучето, поточно ако истото му било украдено.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Свињите,кокошките,телињата,говедата и рибите се храна на човештвото од памтивек.Месото мора да се конзумира за да се снабди организмот со здрави количини на протеини а точно месото од овие животни кои ги набројав е најпогодно за конзумација од многу причини кои припаѓаат во друга дебата како нивното одгледување или еве попрецизна да бидам брзото размножување на свињите.Молзењето на кравите,козите и овците исто така не снабдува со млечни производи кои ни се потребни за здраво да функционираме а сепак молзењето е процес на малтретирање на животното чие млеко е наменето за младенчето.Секое животно си има своја намена а кучињата не се за јадење или пак друга употреба.Тоа е таа логика како што не можеш жирафа да си чуваш дома на пример туку си чуваш кученце.
Кој ти рече дека не се јадење. Ај провери уште еднаш дека баш напротив ги сметаат за деликатес во некои земји.
Тоа дека ти се грозиш од самата помисла на тоа е од моралните и обичајните норми каде што живееш но тоа не значи дека е апсолутна вистина секаде на светот.
 
L

Lu

Гостин

Точно, но во овој случај очигледно кучето не е искористено за таа намена.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Од каде знаеме дека кожата не вибрира сега на тарабуки, на неколку свадби низ градов?
Или дека месото „случајно„ не им испаднало од отворената врата од комбето, одамна има приказни за сендвичари и кафани низ градов каде месото има... одреден чуден вкус.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Точно, но во овој случај очигледно кучето не е искористено за таа намена.
А од каде сте толку сигурни дека било искористено само за нечиј хир или забава, и од каде сте сигурни дека е куче како прво.
Тука според мене најверојатно се работи за кожата или крзното.
Дека не е во ред што така било фрлено, не е. Но ајде да речеме дека се работело за кожата, дали тогаш ке ја оправдавме ова постапка.Ете и ке претпоставиме дека се работи за лисица или волк. Тогаш како би гледале на оваа работа не земајки во предвид дека беше оставено на неприкладно место. Ајде да видиме колку сме реални за некој работи и колку некој мисли дека месото во продавниците , кожните јакни и нараквици, бундите и се што е од животинско потекло се прави во некоја фабрика во Кина и дека ниедно животно не е убиено во процесот туку така растат на дрвата и овде само ги берат и ги паковаат за ние да можиме да уживаме.
 
Л

Лигеја

Гостин
Кој ти рече дека не се јадење. Ај провери уште еднаш дека баш напротив ги сметаат за деликатес во некои земји.
Тоа дека ти се грозиш од самата помисла на тоа е од моралните и обичајните норми каде што живееш но тоа не значи дека е апсолутна вистина секаде на светот.
Колку што знам случкава со кучето се случила во нашава земја и компарирав во постот на кој му одговорив на претходниот член со домашните животни кои ние ги јадеме во нашата земја.За Кина и компанија воопшто не ме интересира што јадат,ако гледаме од тој аспект во некои сиромашни земји јадат и стаорци.
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 17:31 ---
Без навреда, ама сите тие прописи и техникалии се лицемерни. Пак се се сведува на тоа дека е лицемерие да игнорираш милијарди одрани животни во излогот на секоја месарница а да се филмаш за само едно такво животно, и само затоа што истото не е твојата листа на животни кои се за таа намена.

Дури и така технички гледано, во нашите закони нема пропис каде се кажува кои животни се за јадење и за дерење кожа, а кои не се (ОК со забележан исклучок на homo sapiens).
Oд тој легален аспект, во случајов од насловот на темата, прекршени се само прописите за хигиена и фрлање одпад. Освен ако кучето не е сопственост на власник што не дал согласност за употреба на кучето, поточно ако истото му било украдено.
Ти си посетил некогаш фарма?Си згазил некогаш во животински измет? Знаеш колку труд е вложено за да лапаш здраво месо и да конзумираш здраво млеко? Ме нервирате вака неинформирани да влегувате во дискусија со мене.Има бре дечко,се има.И прописи и регулативи и хасап системи и пари се плаќаат огромни за да се зачува таканаречениот ланец од фарма до трпеза.Знаеш колку пари се трошат на вакцини,на лекови,на храна и премикси за животните за да се одгледа убаво животно за исхрана?Ако не според твојата логика,да ги пуштиме маторици од по 200-300 кила на отворено да пасат заедно со нерезите од по 400 кила или пак крави и кози да ги уништуваат земјоделските поседи.Немој молимте.Сме ги игнорирале животните.
Луѓе лебот си го вадат од фармите и преживуваат така со децении...лицемерие било.Се знае миленик си е миленик.Во нашата земја не се јадат кучиња и не постои закон кој забранува некој да си убие куче и да си го изеде,ако си гладен и верверица ќе отепаш.
Во ловството исто така постои закон за кој можеш кожата како трофеј да си ја земеш.Имам книга со посебно поглавје ТРОФЕИ и како се дерат правилно животните за да се извади кожата.
Затоа ме нервираат овие организацииве за заштита.Не значи дека ако не јадеш месо треба да им кењаш на другите да не јадат и дека одгледувањето на животни за исхрана е огромно ѕверство.Јади си треви,твој избор и никој не ти се меша во него.Само да ти кажам дека постојат и групи кои сметаат дека берењето на растенијата исто било сквернавење затоа што биле живи организми и било грев против природата.И според логикава на кој како му текне од што ќе живееме? Од воздух?
Злостортво е тепање на животното,мачење,изживување,борби,гладување и несоодветно одгледување.За СЕ ова што набројав треба да се суди и да се казнува според закон.Тоа што немаме вештаци,што луѓе ми се смеат кога покренувам иницијатива за специјален оддел во полиција кој ќе работи со вакви случаи е друга работа и тоа што вакви психопати шетаат на улица не е моја вина.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
На темава прочитав дека кожата е употребена да се направат дајриња,тарабуки,а може некој кожата ја употребиле за гајда да направи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
...не постои закон кој забранува некој да си убие куче и да си го изеде,ако си гладен и верверица ќе отепаш.
Ова е факт.

Не значи дека ако не јадеш месо треба да им кењаш на другите да не јадат и дека одгледувањето на животни за исхрана е огромно ѕверство...

Злостортво е тепање на животното,мачење,изживување,борби,гладување и несоодветно одгледување.
А ова тука е лицемерието, не само твое туку и на еден куп други тука на темава. Кркате месо од „мачени и одрани„ животни (како што кажува насловот) кои во излог на продавници се продаваат закачени на ченгел... а тука во несвест паѓате заради материјал за тарабуки кој некој од х причини не успеал да го продаде во ресторани/сендвичари...

На никој не му кажувам да не јаде месо, и самиот конзумирам. Но тоа погоре спомнатото „кењање„ е присутно тука, само што се врши од изненадените увредени и згрозени снегулки... мислите хамбургерите ги берат на дрво и се е розово, но ако некој сака тарабука од кучешка кожа, тогаш се паѓа во несвест и се дава награда за злочинецот.

Ти си посетил некогаш фарма?Си згазил некогаш во животински измет? Знаеш колку труд е вложено за да лапаш здраво месо и да конзумираш здраво млеко? Ме нервирате вака неинформирани да влегувате во дискусија со мене.Има бре дечко,се има.И прописи и регулативи и хасап системи и пари се плаќаат огромни за да се зачува таканаречениот ланец од фарма до трпеза.Знаеш колку пари се трошат на вакцини,на лекови,на храна и премикси за животните за да се одгледа убаво животно за исхрана?Ако не според твојата логика,да ги пуштиме маторици од по 200-300 кила на отворено да пасат заедно со нерезите од по 400 кила или пак крави и кози да ги уништуваат земјоделските поседи.Немој молимте.Сме ги игнорирале животните.
Луѓе лебот си го вадат од фармите и преживуваат така со децении...лицемерие било....
Уф извини што те нервираме.
Ти можеш да ја браниш индустријата колку сакаш, ама она што ги одржува работите како што се сега, е незнаењето на луѓето што всушност се случува денес со животните во оваа индустрија.

Јас сметам дека треба да се употребува месо во исхраната, ама исто така мислам дека тоа што денес се случува со животните во индустрија со храна е злосторство. Една работа е животот на едно животно на фарма, а сосема друга работа кога тоа животно е одгледувано во погоните на индустријата.
Да не пишувам тука реферати, еве еден болно вистинит документарец кој целата работа ја покажува многу подобро одколку што можам јас да ја напишам.

Ова вреди да се погледа, и барем на 9 од 10темина ќе ви ги смени размислувањата и начинот на кој гледате на индустријата за храна. Ви поставувам онлајн видео заради леснотија на гледање но ви препорачувам да го симнете филмот во ХД затоа што документарецов има прекрасна фотографија.

Еве ви линк со мал фајл од 550Мб но солиден квалитет:
http://thepiratebay.sx/torrent/7046438/Food_Inc_(2008)_720p_BrRip_x264_-_550MB_-_YIFY

За тие со големи телевизори еве ви линк со голем фајл од 4.4Гб и бескомпромисен квалитет:
http://thepiratebay.sx/torrent/6245315/_Food_Inc._720p_x264_DTS_Multisubs_Lilmjkl

Линковите не се пиратерија, документарецот е бесплатен за гледање и достапен и онлајн, но ќе мора да кликнете на линкот за да го одгледате на Вимео:
 
Л

Лигеја

Гостин
Ова е факт.

А ова тука е лицемерието, не само твое туку и на еден куп други тука на темава. Кркате месо од „мачени и одрани„ животни (како што кажува насловот) кои во излог на продавници се продаваат закачени на ченгел... а тука во несвест паѓате заради материјал за тарабуки кој некој од х причини не успеал да го продаде во ресторани/сендвичари...

На никој не му кажувам да не јаде месо, и самиот конзумирам. Но тоа погоре спомнатото „кењање„ е присутно тука, само што се врши од изненадените увредени и згрозени снегулки... мислите хамбургерите ги берат на дрво и се е розово, но ако некој сака тарабука од кучешка кожа, тогаш се паѓа во несвест и се дава награда за злочинецот.

Уф извини што те нервираме.
Ти можеш да ја браниш индустријата колку сакаш, ама она што ги одржува работите како што се сега, е незнаењето на луѓето што всушност се случува денес со животните во оваа индустрија.

Јас сметам дека треба да се употребува месо во исхраната, ама исто така мислам дека тоа што денес се случува со животните во индустрија со храна е злосторство. Една работа е животот на едно животно на фарма, а сосема друга работа кога тоа животно е одгледувано во погоните на индустријата.
Да не пишувам тука реферати, еве еден болно вистинит документарец кој целата работа ја покажува многу подобро одколку што можам јас да ја напишам.

Ова вреди да се погледа, и барем на 9 од 10темина ќе ви ги смени размислувањата и начинот на кој гледате на индустријата за храна. Ви поставувам онлајн видео заради леснотија на гледање но ви препорачувам да го симнете филмот во ХД затоа што документарецов има прекрасна фотографија.

Еве ви линк со мал фајл од 550Мб но солиден квалитет:
http://thepiratebay.sx/torrent/7046438/Food_Inc_(2008)_720p_BrRip_x264_-_550MB_-_YIFY

За тие со големи телевизори еве ви линк со голем фајл од 4.4Гб и бескомпромисен квалитет:
http://thepiratebay.sx/torrent/6245315/_Food_Inc._720p_x264_DTS_Multisubs_Lilmjkl

Линковите не се пиратерија, документарецот е бесплатен за гледање и достапен и онлајн, но ќе мора да кликнете на линкот и да го одгледате на Вимео:
И тука завршува мојата дискусија со тебе.За да ти докажам дека грешиш,треба цела книга да напишам овде и да заокружам на еволуции,човечка природа,животинска генетика,дивина,развој на индустријата,начин на одгледување на стада,селекција на стадата,закони за одгледување и производство,ветеринарна заштита,заразни болести,популација на животните во сооднос со популацијата на луѓето и глупостите што ги тресат организациите за наводна заштита на животните а сите донирани пари си ги ставаат в џеб или ги трошат на конзерви како наводна грижа за напуштените животни додека во меѓувреме шират лоша пропаганда за не знам какви злосторства во индустријата а не мрднуваат со малиот прст за да се потегне иницијатива на правилен начин: со воведување на вакцинации против беснило и други заразни болести кои ги шират скитниците на луѓето,градење шинтерници,организирање на соодветни едуцирани ветеринарни лица за вештачење при смртност и уште милион други работи кои се шпанско село во државава.За индустријата гледам дека тотално немаш познавање па ќе прекратам.Да се навратиме на кучето од Чаир.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
И тука завршува мојата дискусија со тебе...За индустријата гледам дека тотално немаш познавање па ќе прекратам.
Кул, како што сакаш.
Само, направи си услуга и погледај го документарецот. Во него има повеќе релевантна вистина од сите учебници што си морала да ги учиш.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Кул, како што сакаш.
Само, направи си услуга и погледај го документарецот. Во него има повеќе релевантна вистина од сите учебници што си морала да ги учиш.
А дали има нешто порелевантно од праксата што ја видела?
 
Л

Лигеја

Гостин
Кул, како што сакаш.
Само, направи си услуга и погледај го документарецот. Во него има повеќе релевантна вистина од сите учебници што си морала да ги учиш.
Јас не учам,јас работам со индустријата.Мислев дека ќе ме бомбардираш со примери од нашата месна индустрија и ќе ми ставиш спрепка со некој факт но ти ми приложуваш документарци од пред децении и филмови кои можеби се платени токму за антикампања и маркетинг саботажа.Ајде сеќавам дека ќе не банираат или ќе не избришат од тема но морам да ти објаснам.
По најнови методи,една свињарска или еве краварска фарма треба да биде опремена со соодветен објект во кој треба да се инсталира вентилација,греење,да се одреди како му одговара на животното во сооднос со неговата температура и начин на одгледување.Потоа се делат објектите кои мораат да се перат,дезифинцираат,да бидат суви и погодни за одгледување.Конкретно свињите,не треба да бидат подложени ни на најмал стрес не пак да бидат тепани или не знам ти ѕверски осакатувани,напротив им се пушта музика,се работи во мирна атмосфера за да не бидат вознемирувани бидејќи при најмал стрес се случуваат абортуси.Прасенцата се чуваат како бисери,бидејќи едно прасе кошта еве кај нас пример ќе ти ја кажам цената е 3000 ден па ти удри ја математиката на 30.000 прасиња или теле кое не кошта под 5000 ден и дали се исплати да го тепаш и измачуваш.Отстранувањето на тестисите на малите прасенца и на опавчињата се прави затоа што тие се сештојади и се појавува канибализам меѓу нив.Кога цицаат и се исхрануваат се јадат меѓусебе.Товените свињи да не разговарам како се чуваат,се вакцинираат и им се стои над глава постојано.Краварските фарми на современ начин обрнуваат највисоко внимание на хигиената и исто огромно внимание на кравите затоа што малтретирана крава дава помалку млеко или не дава ич.Да преминам на кланиците.Секоја свиња или теле или јунец или говедо кое ќе стигне во кланица според прописи и во согласност со законот за благосостојба на животните и европските лиценци треба да се усмрти на најбезболен и најхуман начин.На ова влијае и квалитетот на месото,па исто ќе ти речам кој има бенефит од малтретирање овде? Месото е водликаво и невкусно ако го усмртиш животното на брутален начин.Овде доаѓаат ветеринарните инспектори овластени кои мораат да внимаваат како се постапува со животните и како се одвива процесот во кланиците.Казната не сакаш да знаеш колку е голема за кршење на законот.И за крај еве ќе ти поставам едно прашање,сакаш одговори сакаш не...што корист или функција би имале домашните животни ако не се храниме со нив и што корист има ако ги чуваме? Јас го знам бенефитот од нивното одгледување и исхрана.Ме интересира кој е исходот ако еве ги пуштиме сите.Ако сакаш да посвоиш еве бик од 600 кила или нерез кој е голем два пати колку тебе и да си го однесеш дома како миленик слободно обрати ми се.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Погледај го документарецот горе па може да разговараме потоа.
Кога ти ќе видиш краварска фарма во Швајцарија, тогаш ќе разговарам со тебе. :) А слободно те поканувам да го посетиш професорот Проданов на ФВМ, тој има повеќе да ти каже од мене :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom