Мафијата може да го одложи влегувањето на Бугарија во ЕУ

Член од
17 април 2006
Мислења
8
Поени од реакции
0
Мафијата може да го одложи влегувањето на Бугарија во ЕУ
Макфакс


24.04.2006
Корупцијата и организираниот криминал се толку многу разгранети во Бугарија што нејзиното членство во ЕУ може а се одложи.

Ова, како што јави агенцијата Бгнес, го пишува денеска лондонскиот весник „Сандеј Телеграф“, цитирајќи судски и полициски експерти на Европската комисија (ЕК).

Европските експерти, наведува весникот, оценуваат дека бугарскиот судски систем е „хаотичен“ додека примената на законите е „далеку од европските стандарди“,

Експертите предупредуваат дека има причините поради кои може да се верува дека европските фондови што и се даваат на Бугарија веќе истекле до мафијашките структури, но нивните извештаи нема да бидат објавени пред ЕК подоцна годинава официјално да соопшти дали Бугарија и Романија ќе станат членки на Унијата од 1 јануари 2007 година, пишува весникот.

Според Клаус Јансен, претседател на Германскиот сојуз за криминалистички истраги, многу веројатно е да се потврдат обвинувањата дека клучни официјални раководители имаат врски со организираниот криминал во Бугарија.

Јансен смета дека тоа се крие од него за да не биде прикажана вистинската состојба.

„Стравувам дека откако Бугарија ќе влезе во ЕУ, нејзината соработка со институциите на Унијата ќе биде многу тешка поради опасноста доверливите информации до бугарските власти да истекуваат кон мафијашките структури“, изјави Јансен за Сандеј телеграф.

Според него, „нема сомнение дека Бугарија не е подготвена за членство во ЕУ што се однесува до полицијата и примената на законите“.
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
чуваш, случувања и вести од светот тука:
http://forum.kajgana.com/forumdisplay.php?f=17
Ако некого воопшто го интересира шо се случува у отпадот наречен болгарстан!
 
B

BushMan

Гостин
Бугарски теми на бугарски форум.Ова е Македонија, а не Бугарија
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
e ako de bushman бугарија е една од малкуте земји кој ни помагаат на некој начин
 
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
BushMan напиша:
Бугарски теми на бугарски форум.Ова е Македонија, а не Бугарија

Во право си бугарски наслови на бугарски форум а не на кајгана, те подржувам. :kajg:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Нека ги де, комшии ни се, не пречат се додека не почнат да се трескаат од земја со измиените чувашки мозочиња:)
-Искрени да бидеме, и се очекуваше дека ова може да биде главна пречка за влез на Бугарија во ЕУ. Мафијата буквално хара по Бугарија, убиства на бизнисмени, уцени, прење пари...невозможно е во една земја во која просечен личен доход е помал одколку во Македонија да има отворено толку шопинг центри од страна на „представништва” на странски, пред се западноевропски компании во кои за да купуваш треб да имаш и примања на европско ниво. Сигурно дека не се отворени затоа што е предвидено во нив да има некој промет кој ќе го оправда нивното постоење туку за да исперат некои валкани пари, а валкани пари најлесно се перат преку трговијата на мало, односно таму каде што единствено може легално д се плаќа во кеш. Тоа само ја потврдува констатацијата дека во Бугарија мафијата контролира значителен дел од економијата и на тој начин ги контролира и сите стопански и политички текови во државата. Сосема исправна констатација на Клаус Јансен!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Интересно како повеќето македонци си ја замислуваат Европската Заебница како Исус Христос, или Господ Бог, безгрешно суштество кое дели правда според апсолутни мерила, секому според кармата.

За потсетување:

- Таканаречениот “кум на руската мафија“, човекот што ги соголи ВАЗ, Аерофлот, СибНефт итн за повеќе милијарди долари, Борис Березовски, има политички азил во Британија;

- Еден од кумовите на чеченската мафија, Ахмед Закаев, има исто така политички азил во Британија;

- За благонаклоноста на Заебницата кон ситните кумчиња од балканската мафија, специјално албанската, не мислам дека некому му е потребно потсетување.

Се на се, ако изгланцаните и култивирани мафиози од Лондон и Брисел решиле да ги приклучат во својата банда тазе испилените, сурови и недоделкани бугарски борци, така и ќе биде. Дали нас ни е пријатно или не, не мислам дека ќе бидеме прашани. Написот во лондонскиот весник е веројатно некој пробен балон, ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom