1. Која е најстарата опсерваторија во Македонија ?
- Кокино
2. Што значат старомакедонските зборови макос и дон ?
- Голема земја
3. Кои биле најстарите племиња во древна Македонија ?
- Бригите, Пајонците, Пелагонците, Едонците
4. Кој е основачот на Античката Македонска држава ?
- Пердика 1
5. Која била прва престолнина на Античка Македонија ?
- Ајга
6. Кој македонски крал и владетел учествувал на олимписките игри ?
- Александар 1 Филхилен
7. Кој македонски владетел прв почнал да кова македонски монети ?
- Александар 1 Филхилен
8. Какви реформи направил Филип 2 ?
- Воени и финансиски
9. Кој македонски владетел ја направил македонската фаланга ?
- Филип 2
10. На колку години Александар 3 Македонски застанал на чело на македонската држава ?
- 20
11. Кој хеленски филозоф му бил учител на Александар 3 Македонски ?
- Аристотел
12. Каде Александар 3 Македонски ја извојувал првата победа против Персија и кога ?
- реката Граник, 334 година П.Н.Е.
13. Каде Александар 3 Македонски ја извојувал втората победа против Персија и кога ?
- градот Ис, 333 година П.Н.Е.
14. Од кога до кога владеел Александар 3 Македонски ?
- од 336 до 323 година П.Н.Е.
15. Која година Филип 2 ги поразил Хелените и каде ?
- 338 година П.Н.Е., кај Гавгамела
16. Кој индиски крал бил поразен од Александар 3 Македонски ?
- Пор
17. До каде на исток стигнал Александар 3 Македонски со своето освојување ?
- до реката Инд
18. Која македонска династија владее на територијата на Македонија по смртта на Александар 3 Македонски, која во Египет, а која во Азија ?
- Антигониди во Македонија
- Селевкиди во Азија
- Птоломеи во Египет
19. Колку војни се воделе помеѓу Рим и Македонија ?
- 4 Македонско-римски војни
20 Колку војни се воделе помеѓу Рим и Македонија, до потпаѓањето на Македонија под Римска власт ?
- 3 Македонско-римски војни
21. Кој бил последниот македонски владетел или крал од антигонидско потекло ?
- Персеј
22. Која година се случила битката кај Пидна, и која македонски владетел бил поразен во неа ?
- 168 година П.Н.Е. и бил поразен Персеј
23. Која е најпозната битка на Филип 5 и која година се случила ?
- Киноксефале во 197 година П.Н.Е.
24. Колку години владеел македонскиот владетел Филип 5 ?
- од 221 до 179 години П.Н.Е. или 42 години
25. Кој словенски племиња ја населиле Македонија ?
- Сагудати, Ринхини, Струмјани, Берзити, Драговити и Смолјани
26. Кои се трите престолнини на Античка Македонија ?
- Ајга, Пела и Вавилон
27. Со колку војници, бродови и коњаници тргнал Александар 3 Македонски кон Персија ?
- 30000 пешаци (војници), 160 бродови и 5000 коњаници
28. Како се викала девојката од Македонија што прва го примила христијанството ?
- Лидија
29. Од колку реда се состоела македонската фаланга, како се викало оружјето што го носеле и колку било долго ?
- 16 реда, Сариса (копје) и било долго од 3 до 7 метри, али најточно кажано го сметаат над 6 метри.
30. Како се викал коњот на Александар 3 Македонски ?
- Букефал
31. Кои се творците на словенската писменост и култура ?
- Браќата Кирил и Методиј
32. Кој ја создал словенската азбука глаголица ?
- Кирил
33. Која била најзначајната мисија на Кирил и Методиј и кога се случила ?
- Моравската мисија во 863 година
34. Кој го создал Охридскиот книжевен центар ?
- Климент Охридски и Наум Охридски
35. Во која епархија Климент бил назначен за епископ ?
- Величката епархија
36. Кога и каде било крената востанието на комитопулите ?
- Во 969 година во Берзитија
37. Против кого комитопулите го кренале востанието во 976 година ?
- против Византија
38. Кои биле комитопулите ?
- Браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил
39. Кога се случила битката на Беласица ?
- 29 Јули 1014 година
40. Кога умрел цар Самуил ?
- 6 Октомври 1014 година
41. Која година биле убиени тројцата браќа на Самуил ?
- 976 година
42. Каде и од кого биле убиени тројцата браќа на Самуил ?
- Во Преспа, Убави Дабови бил убиен Давид од Власи скитници, Мојсеј бил убиен од Византијци кај градот Серез, а Арон бил убиен од Самуил.
43. Кога пропаднала средновековната македонска држава ?
- 1018 година
44. Кој управувал со македонската држава се до пропаѓањето во 1018 година ?
- Гаврило Радомир
45. Кога се случило востанието на Петар Делјан ?
- 1040 година
46. Кога се случило востанието на Ѓорѓи Војтех ?
- 1072 година
47. Кои феудалци се осамостоиле во Македонија во 12 век ?
- Добромир Хрс, Добромир Стрез и Алексиј Слав
48. Каде и кога српскиот цар Душан се крунисал за цар ?
- 1346 година во Скопје
49. Кој бил владетел на Прилепското кралство ?
- Волкашин
50. Кој бил владетел на Серската држава ?
- Углеша
51. Кој бил владетел во Велбужд, по распањето на државата на царот Душан ?
- Константин Дејанов (Драгаш)
52. Кога се одржала битката на реката Марица позната како Маричка битка ?
- 26 Септември 1371 година
53. Кој застанал на чело на Прилепското кралство по смртта на Волкашин ?
- Кралот Марко
54. Кога и каде загинал Кралот Марко ?
- Кај Ровине во 1395 година
55. Како се викале исламизираните христијани во Македонија ?
- Торбеши
56. Кои се трите вида на отпор на Македонците против Османлиите ?
- Ајдутство, Бунт и Востание
57. Кој ги предводел ајдучките дружини ?
- Арамбаша
58. Која и кога се кренала првата буна против Османлиите во Македонија ?
- Прилепско-мариовска буна во 1564 година
59. Во која година се кренало востанието на Скендербег ?
- 1443 година
60. Која година било Карпошовото востание ?
- 1689 година
61. Која година била укината Охридската архиепископија ?
- 1767 година
62. Кој бил најтешкиот данок за време на османлиското владеење во Македонија ?
- Дефширме - данокот со крв
63. Помеѓу кои градови имало слободна територија за време на Карпошовото востание, и каде започнало Карпошовото востание ?
- Слободна територија имало помеѓу Скопје и Ќустендил а започнало во Крива Паланка
64. Кога започнало Негушкото востание ?
- 3 Март 1822 година
65. Кои биле водачите на Негушкото востание ?
- Ангел Гацо, Анастас Караташо - Постариот, Зафиракис Лотетет и Дијамандис
66. Каде и во чија чест македонците ги одржувале олимписките игри ?
- Во градот Дион, во чест на богот Диос
67. Која година се случила Брегалничката мисија на Кирил и Методиј ?
- 855 година
68. Која била престолнина на Добромир Хрс и Добромир Стрез ?
- Градот Просек
69. Кога се случило Разловечкото востание ?
- 8 Мај 1876 година
70. Кои биле водачи во Разловечкото востание ?
- Димитар Поп Георгиев Беровски и неговиот дедо Поп Стојан
71. Кога се случило Македонското Кресненско востание ?
- 5 Октомври 1878 година
72. Кои биле водачите во Македонското Кресненско востание ?
- Димитар Поп Георгиев Беровски и Стојан Карастоилов
73. Со колку востаници почнало Македонското Кресненско востание ?
- 400 востаници
74. Кога се одржал Сан-Стефанскиот мировен договор ?
- 3 Март 1878 година
75. Што било одлучено во Сан-Стефанскиот мировен договор за Македонија ?
- Таа да биде во составот на Голема Бугарија (Санстефанска Бугарија)
76. Од кога до кога траел Берлинскиот мировен договор ?
- од 13 Јуни до 13 Јули 1878 година
77. Што било одлучено во Берлинскиот мировен договор за Македонија ?
- Таа да остане во рамките на Османлиската империја
78. Кои биле најистакнатите македонски активисти во Санкт Петерсбург ?
- Димитрија Чуповски и Крсте Петков Мисирков
79. Кога била создадено МРО ?
- 23 Октомври 1893 година
80. Кои биле основачи на МРО ?
- Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Андон Димитров и Христо Батанџиев
81. Кој бил избран за главен секретар на МРО ?
- др. Христо Татарчев
82. Кога и на кој конгрес МРО го сменила името во ТМОРО ?
- Солунскиот конгрес во Јануари 1896 година
83. Кои биле првите задгранични претставници на ТМОРО ?
- Ѓорче Петров и Гоце Делчев
84. Кој го извршил грабнувањето на американската мисионерка мис Елен Стоун ?
- Јане Сандански
85. Која група ги извела Солунските атентати ?
- Гемиџиите
86. Кога се случиле Солунските атентати ?
- Од 28 до 1 Мај 1903 година
87. Кој војвода бил назначен како крал на Пирин ?
- Јане Сандански
88. Кога и каде е роден и загинат Гоце Делчев ?
- роден е во Кукуш на 4 Февруари 1872 година, а загинал на 4 Мај 1903 во селото Баница
89. Кога било одлучено да се крене Илинденското востание ?
- На Солунскиот Јануарски конгрес во 1903 година
90 Кога се одржал Смилевскиот конгрес и кој го свикал ?
- Од 2 до 7 Мај 1903 година, а го свикал Даме Груев
91. Кога започнало Илинденското востание ?
- 2 Август 1903 година
92. Колку дена траела Крушевската Република ?
- 10 дена
93. Кој бил претседател на Крушевската Република ?
- Никола Карев
94. Кое име го добила ТМОРО на Рилскиот конгрес ?
- ВМОРО
95. Кога,каде и кој ја отворил првата печатница во Македонија ?
- Теодосија Синаетски во 1838 година во Солун
96. Кога започнала Првата балканска војна ?
- Октомври 1912 година
97. Кога и со кој мировен договор завршила Првата балканска војна ?
- 30 Мај 1913 година, Лондонски мировен договор
98. Кога и со кој мировен договор завршила Втората балканска војна ?
- 10 Август 1913 година, Букурешки мировен договор
99. Кои држави влегле во Балканскиот сојуз во 1912 година ?
- Црна Гора, Србија, Бугарија и Грција
100. Кога Македонија била поделена помеѓу Балкаснките земји ?
- По Првата балканска војна
101. Кога бил создаден македонскиот фронт и од кога до кога траел ?
- Создаден е 1915 година, и траел до 1918 година
102. Од каде до каде се протел Македонскиот фронт ?
- Од Охрид до Орфанскиот залив на Егејското море
103. Кои три вооружени пропаганди дејствувале во Македонија по Илинденското востание ?
- Грчката, Српската и Бугарската пропаганда
104. Како била поделена Македонија во Првата светска војна ?
- На окупациони зони на Антантата и Централните сили
105. Кој стоел најпрво на чело на ВМРО Автономистичка ?
- Тодор Александров
106. Кој биле во ЦК комитет на ВМРО Автономистичка ?
- Тодор Александров, Петар Чаулев и Александар Протогеров
107.Кој бил раководител на ВМРО Автономистичка по смртта на Тодор Александров ?
- Ванчо Михајлов
108. Која година била создадена ВМРО Обединета ?
- 1925 година
109. Кои биле најистакнати раководители на ВМРО Обединета ?
- Димитар Влахов, Панко Брашнаров, Методија Шаторов Шарло
110. Кога и каде е формирана КПМ ?
- 19 Март 1943 година во Тетово
111. Кои личности биле во ЦК на КПМ по формирањето ?
- Лазар Колишевски, Мара Нацева, Бане Андреев, Страхил Гигов, Кузман Јосифовски-Питу
112. Кој бил секретар на ЦК на КПЈ во Македонија ?
- Методија Шаторов Шарло
113. Кога се одржало првото заседание на АСНОМ ?
- 2 Август 1944 година
114. Кој бил избран за главен секретар на КПМ ?
- Лазар Колишевски
115. Кој бил избран за прв претседал на Народна Република Македонија ?
- Лазар Колишевски
116. Кој бил избран за претседател на АСНОМ ?
- Методија Андонов Ченто
117. Кој претседавал на првото заседание на АСНОМ ?
- Панко Брашнаров
118. Кога и каде бил формиран првиот баталјон на НОВ ,,Мирче Ацев'' ?
- На планината Славеј, на 18 Август 1943 година
119. Кога и каде било одржано Преспанското советување ?
- 2 Август 1943 година
120. Кога е формиран Скопскиот партизански одред ?
- 22 Август 1941 година
121. Кога започнало востанието на македонскиот народ против фашизмот ?
- 11 Октомври 1941 година
122. Со кој одред започнало востанието на македонскиот народ против фашизмот ?
- Прилепски партизански одред - Гоце Делчев
123. Кога бил донесен првиот устав на Народна Република Македонија ?
- 31 Декември 1946 година
124. Кога биле првите слободни избори во Народна Република Македонија ?
- 16 Април 1945 година
125. Кога биле формирани Козјачкиот и Карадачкиот партизански одред ?
- 12 Октомври 1941 година
126. Кој стоел на ГШ на НОПОМ ?
- Михајло Апостолски
127. Кога Република Македонија прогласува независност ?
- 8 Септември 1991 година
128. Кога е првиот устав на Независна Република Македонија ?
- 17 Ноември 1991 година
129. Кога Република Македонија е примена во ООН ?
- 8 Април 1993 година
130. Која година е основана МАНУ ?
- 1976 година
131. Кој е првиот претседател на Република Македонија ?
- Ќиро Глигоров
132. Кој е првиот претседател на владата на Република Македонија ?
- Никола Кљусев
133. Која година МПЦ прогласила автокефалност ?
- 1967 година
134. Со кои соседи граничела Античка Македонија ?
- На север со Пајонците, југ со Хелените, југозапад со Илирите и југоисток со Тракијците
135. Кој апостол го ширел христијанството во Македонија ?
- Апостол Павле
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 04:45 ---
Признавам дека се многу, али намерно ги пишав во пост за да не му ги праќам на секој посебно. А и во главно сите прашања се за Македонија.