Ист резултат како тебе и јас имам добиено по македонски јазик, но не планирам да поднесувам приговор бидејќи се' уште немам видено случај како тебе (и да видам не би приговарала). Точно е дека е сомнително на прв поглед со оглед на тоа што некои со перцентилен ранг 60 имаат 4-ка, а јас со 86.35 пак 4-ка; други пак со 88 - 5-ка. Малку е неправедно, ама знаеме дека перцентилниот ранг се одредува просечно, на ниво на сите матуранти кои полагале така да и логично е да постои различна разлика меѓу различни оценки.
Ако размислиме од страна на тоа дека најмногу може да се освојат 10 поени, исто логично би било за секоја оценка соодветно да се освојуваат по два поена. Јас имам освоено заокружено 7 поена и имам 4-ка.
(Е1 x 2) x Пр/100
(4 x 2) x 86.35/100 = 6.9 (заокружено 7)
(5 x 2) x 88/100 =8.8 (заокружено 9)
1-2 (1)
3-4 (2)
5-6 (3)
7-8 (4)
9-10 (5)
Ова е според некоја моја логика.
Се извинувам немам видено со 60, туку 69 (моја грешка).