Масони во Македонската политика

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Е видиш од тебе веќе добив конкретен доказ дека си пацер и немаш појма од темава. Се` што кажав се проверуе лесно. А вакви прашања се својствени за селски курнази како тебе кои со чачкалица у уста, надлкатени на фрижидер у кооперација пуштаат јадачки.:drk:Ама за такви селски курназлаци ќе си надеш селски партнер за муабет.
Чим лесно се проверува, ајде чекаме докажи дека си бил на масонска церемонија, покажи слики, докажи дека навистина знаеш масони и нека потврди некој од масоните дека зборел со тебе, но првин се разбира треба да докаже дека е масон. :)
Твојот селски нарав се познава по нервозата која навира кога неможеш да се одбраниш, затоа знам каде да те пецнам.

Ти си типичен пример за “знаење“ од жута штампа, а се расфрлаш со обвинувања божем во рака држиш сертификат за виши курс по масонерија.

Време е да оладиш од темава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Ако од друга страна го браниме ставот -не, ниеден од нив не учествувал во вакви организации, ниту бил под нивно влијание- тогаш што добиваме. Со оваа изјава се доведуваме до шпекулација, а не факт дека нема масони кои и штетеле и ја разнебитувале Македонија и нејзините духовни и световни богатства. Значи во тој случај можно е да имаме 2 страни со засебни шпекулативни вистини, а која е вистинската? онаа која истите тие друштва ќе ја филтрираат низ своите медиуми.
Од сите имиња што се набројани во текстот само тројца се масони, значи дискутираме за конкретен текст и пак повторувам никој нетврди дека во власта во Македонија нема масони. Второ, незнам од каде ви е тоа мислење дека масоните сакаат да ја разнебитат Македонија и нејзините богатства.

Стварно мислите дека масоните би правеле конспирации, па организирање на меѓународно ниво, за да ги уништат македонските млекари и да заработат пази сега 5 милиони евра. Огромна сума, па еден тендер во помоќно министерство вреди 3 пати повеќе. За таа сума некој би ризикувал да ја доведе цела организација во ризик. Смешно.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Пази Бранко и Киро не биле масони, и Љубчо исто така :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. И дури Бранко е на чело на СДСМ оваа партија немало целосно да потпадне под влијание таму масонско :pos::pos::pos::pos:.
Еми толку од текстот се гледа на што цели владата Вмровска е масонска, па се разбира дека е, ама Бранко дека не е кукла марионетска глобалистичка тие приказни на друг...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Од сите имиња што се набројани во текстот само тројца се масони, значи дискутираме за конкретен текст и пак повторувам никој нетврди дека во власта во Македонија нема масони. Второ, незнам од каде ви е тоа мислење дека масоните сакаат да ја разнебитат Македонија и нејзините богатства.

Стварно мислите дека масоните би правеле конспирации, па организирање на меѓународно ниво, за да ги уништат македонските млекари и да заработат пази сега 5 милиони евра. Огромна сума, па еден тендер во помоќно министерство вреди 3 пати повеќе. За таа сума некој би ризикувал да ја доведе цела организација во ризик. Смешно.
Главницата од имотот и парите (во вредност од повеќе милијарди) се однесени многу пред да се случи Сведмилк. Што ако работите ги поставиме од обратна страна, т.е. да не се работи за тие 5 милиони како богатство за швеѓаните туку како помали и поголеми удари врз одредена гранка во Македонија, испумпување на средства од нашето земјоделие, а заради зависност од странски пазари. За некои структури дури и најмалите држави имаат своја улога. Со самото тоа што кај нас земјоделството и преработувачката индустрија учествуваат со негде 20-22% од бдп, мислам дека со контрола на неколкуте монополи и земјоделството во било кој момент повторно да се доведе Македонија во незавидна ситуација. Да се запрашаме дали впрочем само заради инфраструктурата не инвестираат и зошто воопшто досега не се прекрои таа инфраструктура. Мислам дека зависноста на секое поле од надвор е главната поента. А зошто тоа се случува...да знаев или досега ќе ме немаше или ќе бев дел од нивните структури. Тоа што го прочитав што вели Вилсон (поранешен САД претседател) за нив, малку ме замисли "Постои сила, така организирана, толку препредена, будна, толку блокирачка и комплетна, толку перверзна што подобро тие што зборуваат со осудување за неа, да не зборуваат погласно од шепот".
 
За првата реченица вината треба да си ја бараме во нашите инстант-тајкуни и наивноста на работниците во тој период а не во масоните. Доколку масоните сакаат да ја уништат Македонија би ја уништиле веднаш, ама работата е малку поразлична. Кога сме кај Сведмилк ако сакале да испумпаат пари од македонските земјоделци за да не направат зависни, не би оставиле парите да завршат во Миа Бевириџ на Велија, а за потоа пази иронија, А1 се залага дека ги брани земјоделците.:) Или и Велија е масон. И не е баш толку опасно да знаеш повеќе за масоните. Тоа е уште еден мит.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Од „проверени“ извори!;)
"Sometimes, truth isn't good enough, sometimes people deserve more. Sometimes people deserve to have their faith rewarded.....even with fairytales."

Ама ако прочепкаме малку низ историските извори ќе видиме дека тие масони ја основале македоската револуционерна организација и во 90-тите ја поддржале идејата за независна Македонија, но сепак...
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:34 PM ---
И Ефтов е масон.
Ефтов е доброинформиран новинар.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Ги сакам Македонска Искра и не мислам дека теориите на заговор се сосема без основа, меѓутоа ретко кој од обработувачите на овие теми не претерува.
Навистина и во овој текст е така. Едиствена врска што може да се земе во предвид е тоа дека тој Ал Завахири шо му е зет на Фрчко и што ја уништил СведМилк е претседател на Ротари клубот тука. И дека роднина на Груевски е исто член на тој клуб.
Тоа може да се земе како факт, но не како факт врз кој авторот ќе тврди дека Груевски, Иванов и скоро сите што ги глеаме на телевизија се Масони. Стварно нема никаква логика, овој текст полн со паушални тврдења, нафрлани без никаква поткрепа, да го земеме здраво за готово. Па повеќе докази има у било кое рандом ЈуТјуб-заговор-видео.
Текстот на Братот е ок, али како што рече Тапетарот Петар, нема никаква поврзаност со тврдењата во првичниот текст на Македонска Искра.
Дали има вистина во тврдењата за масонска вмешаност во глобалната политика (а и во домашната)?
Можеби, но далеку е од "фактите" во текстот.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
"Sometimes, truth isn't good enough, sometimes people deserve more. Sometimes people deserve to have their faith rewarded.....even with fairytales."

Ама ако прочепкаме малку низ историските извори ќе видиме дека тие масони ја основале македоската револуционерна организација и во 90-тите ја поддржале идејата за независна Македонија, но сепак...
Еве здрава дискусија. Така е -- за ова постојат документи. Манифестот на Крушевската република е во голема мерка дело на македонски масони. Кога се анализира улогата на масоните во Македонија, добро е да се дебатира со факти и да се анализира нивната улога внимателно и во одреден контекст. Масонеријата има одиграно позитивна улога за осамостојувањето на Македонија и ГЛМ е признаена во регуларната масонерија под уставното име, за разлика од, да речеме македонските витези темплари и куп други организации кои „голтаа кнедли“ поради Грците, па ги прекрстуваа во ФИРОМ. На поширок план, интеграцијата во ЕУ на сите поранешни комунистички земји е во директна корелација со активноста на масонеријата. Ложите во сите тие комунистички земји силно лобираа нивните држави да се најдат во ЕУ. Тоа „лобирање“ не беше/е некоја масонска завера или политичка платформа, едноставно е дел од заложбите на слободното ѕидарство -- отворено, демократско општество и промовирање на граѓански права и слободи. Инаку, има неколку битни работи кои мене лично ми пречат во масонеријата и за нив се имам искажано на темата Масони, но тоа е надвор од темава.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ефтов е доброинформиран новинар.
Ефтов ти е жолта штампа забава за народот, тој е тука како противтежа или лева опција наспроти Миленко педерот и Јанкобурекојадачот. Сите тие се во исти кош и работат за иста цел замјување на народ масовна хипноза и работат за нечија агенда сигурно не за доброто за тебе и мене.
--- надополнето: Jul 13, 2011 6:09 AM ---
Ги сакам Македонска Искра и не мислам дека теориите на заговор се сосема без основа, меѓутоа ретко кој од обработувачите на овие теми не претерува.
Навистина и во овој текст е така. Едиствена врска што може да се земе во предвид е тоа дека тој Ал Завахири шо му е зет на Фрчко и што ја уништил СведМилк е претседател на Ротари клубот тука. И дека роднина на Груевски е исто член на тој клуб.
Сведмилк и таму поврзаност со не знам што, сето тоа е ситна игра и ситни играчи. Ако има потреба за жртви тие се потрошен материјал пиони во играта на шахот.
Тоа доаѓа во пакет со продажбата на душата нивна на ѓаволот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Ефтов ти е жолта штампа забава за народот, тој е тука како противтежа или лева опција наспроти Миленко педерот и Јанкобурекојадачот. Сите тие се во исти кош и работат за иста цел замјување на народ масовна хипноза и работат за нечија агенда сигурно не за доброто за тебе и мене.
Не мислев да го фалам Ефтов како личност, сакам да кажам дека за темава ги знае имињата на политичариве што членуваат во ложите, иако незнае многу за масонството и меша поими. Инаку и тој си тера агенда како и сите други новинари во Македонија, за тоа се согласуваме. А и на крајот на краиштата никој не треба да работи за нас, најдобро да си сработиме сами, нив ако им е добро нека си продолжат.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Не можат вошкари да бидат масони.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Да не претерувам, но кај ВМРО-ДПМНЕ доминира масонското крило за Балканот и јас лично во масонството не гледам ништо лошо. Кај СДСМ е видливо влијанието на Илуминатите кои не можат да се пофалат со добри дела за човештвото. Нивната тесна врска со Џорџ Сорос преку неговото лево маде за Македонија - Милчин, јасно кажува кои се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom