Масло од канабис

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.540
Здраво , ја барав темава но не сретнав ништо конкретно. Доколку има слична ќе ве молам да ме упатите таму и слободно затворете ја:)
Дали имате користено цбд, масло од канабис, неговите бенефити при анксиозност, епилепсија, канцер и други дијагнози.. Дали е лесно да се најде квалитетно масло во Македонија? Секој што е заинтересиран за масло од канабис има потреба од него или може да помогне нека се јави.

CBD значи канабидиол - растително соединение кое изобилно се наоѓа во растенијата од коноп.
Со генерации, конопот се користи како ботаничка централа за помагање на луѓето со нивното здравје. Во последниве години, повторно се појави употребата на коноп поради неговите природни терапевтски својства.

Канабис Сатива е ботаничко растение за коноп, кој е член на фамилијата на растенијата Cannabaceae. Канабидиолот е само едно од над 80 природни растителни соединенија пронајдени во овој вид канабис.Канабидиолот е главната активна состојка во популарните CBD производи, каде моќните природни екстракти се извлекуваат од конопот и се користат за создавање масла, капсули, јадења, инфузирана нега на кожата и многу повеќе.
Научниците сметаат дека соединението канабидиол има потенцијал да помогне во одржувањето на рамнотежата во телото, преку интеракција со вашиот внатрешен ендоканабиноиден систем. Овој систем помага да се контролираат телесните функции како што се апетитот, расположението, имунолошкиот одговор, болката и режимот на спиење.
Придобивките од маслово ги знаеш, но мене ме интересира дали знаеш кои се контра ефектите од употребата, кои се можни нуспојави?
Познавам петорица, бог да ги прости, кои не видоа аир од тоа уље, можеби само тоа што не чувствувале болка, веројатно од предозирање, а има и случај на такво шизофрено искуство и некоја преголема чудна еуфорија, па у до желба за скок преку прозор од четврти спрат.
Знам само дека многу пари се фрлија бадијала.
Ако е толку делотворно тоа масло од канабис, оти не го ставија во борба против пандемијава со вирусов?
 
J

joli1

Гостин

Точно, можно е да предизвика канабис индуцирана психоза или пак шизофренија доколку личноста има предиспозиција за тоа. Секој кој што дува, користи масло или пак користи некои други психотропни супстанци (особено стимуланси - кокаин, амфетамин и слични дизајнер дроги) мора да ја знае фамилијарна историја на психички пореметувања.

Баш поради ова и сум за едукација за психотропни супстанци, наместо нивно стигматизирање.

У врска со предозирање, не е возможно да се предозираш на канабис, колку и да користиш уље дневно. Тоа што не чуствувале болка не е резултат на предозирање туку на одредени канабиноиди кои што ја ублажуваат значително болката. Јас прв пат слушам дека некој напушен или пак на уље дека сакал да скокне преку прозор. Баш контра, знам многу луѓе кои што пушат трава или пак земаат уље за да ублажат симптоми на депресија, анксиозност или слични психички пореметувања.

Еве ти неколку студии како канабиноидите помагаат при справување со ковид, ама нажалост не им одговара на ниту една фармацевска компанија (кои што патем свртеа билионски профит у периодов на пандемијава) да имаш такво растение во двор.

Cannabidiol Inhibits SARS-CoV-2 Replication and Promotes the Host Innate Immune Response (nih.gov)

Малку ме загрижува колку немате познавање од оваа тема, а работите како медицински лица (без никаква навреда). Марихуаната е далеку подобар антидепресив од сертралин, флуоксетин и било што што досега излегло од фармацевските компании.

Да видиме у споредба со марихуаната:

SSRI т.е антидепресивите можат личноста да ја направат екстремно суицидална до тој степен каде што може да посегне сама по себе (затоа и се препорачува набљудување на личноста од страна на неговите блиски на почетокот), предизвикува еректилна дисфункција, губење коса, намален тестостерон, гинекомастија, манични епизоди, долгогодишни симптоми на умор, можност за предизвикување на психоза (поготово оние постимулирачки антидепресиви од типот на флуоксетин), намален број на сперматозоиди и можност за неплодност, агресивност. Скоро сите school shooter-и во Америка биле на антидепресиви, не е тоа некоја случајност.

Пак ќе кажам, на некои луѓе им одговара, на некои па не. Се е индивидуално, но сепак вреди да се проба доколку од истото има потреба. Пак ќе кажам, едукација - не стигматизација на психотропни супстанци. Ништо кога ќе истражиш претходно и го користиш привремено и умерено не е штетно.
 
Воинот од Северџан

An Orc among Hobbits
Член од
3 март 2021
Мислења
101
Поени од реакции
111
Уље во МК нема сеуште, но за среќа има ганџа и таа навистина е божествена билка. Доколку, барем пола од зависниците од алкохол, лотарија и насилство би го сфатиле ова, општо ние би станале многу поубаво општество.
 
Член од
11 март 2022
Мислења
8
Поени од реакции
1

ima
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Проблемот со канабис базирани препарати е што се инфериорни во споредба со други хербални масла - екстракти, така да не гледам поента.
 
Воинот од Северџан

An Orc among Hobbits
Член од
3 март 2021
Мислења
101
Поени од реакции
111
Ја читам претпоследната страна и полеќа сфаќам дека оваа Андока воствари да ти продавала некакви ЦБД производи под бренд Ендока :sekc::sekc::sekc::ајнапиво::zver::oleee:

Срце, ЦБД може да се нарача дури од Канада и тоа цело кило за 30-40 долари, така да оди лажи некои баби со овој производ, а не нас начитаните на форумов ;)
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
881
Поени од реакции
1.403
Уље во МК нема сеуште, но за среќа има ганџа и таа навистина е божествена билка. Доколку, барем пола од зависниците од алкохол, лотарија и насилство би го сфатиле ова, општо ние би станале многу поубаво општество.
Јас каноил користам од најслабиот, и ми врши работа колку толку - ме намирува (хипохондрија, анкс, напади).

Како мислиш нема?
 
Член од
11 март 2022
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ја читам претпоследната страна и полеќа сфаќам дека оваа Андока воствари да ти продавала некакви ЦБД производи под бренд Ендока :sekc::sekc::sekc::ајнапиво::zver::oleee:

Срце, ЦБД може да се нарача дури од Канада и тоа цело кило за 30-40 долари, така да оди лажи некои баби со овој производ, а не нас начитаните на форумов ;)
ja nisto ne prodavam, samo koristam i e top :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom