Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Првиот пат на 192 се јавил човек околу 22:15. На полицајците им соопштил дека видел луѓе како лежат во близина на езерото и дека полицијата можеби треба да провери дали се пијани или им треба помош.
Петнаесет минути подоцна следува вториот повик, тројца рибари налетале на телата на момчињата и во 22:30 пријавиле дека станува збор за убиство. Првите полицајци пристигнале многу скоро, бидејќи по првиот повик веќе се упатиле кон езерото.
Првата вест за убиството е објавена на 00:04 на Press24, стави минус пола час за да се разнесе информацијата и да дојде до медиумите, значи околу 23:00-23:30 ги пронашле.
Околу дест и пол полицијата пристигнала на местото на злосторот. Потврдено, нема потреба за нагаѓање.
 
Член од
27 август 2008
Мислења
299
Поени од реакции
49
Па нели имаше шпекулација дека некој родител ги нашол?
шпекулации има еден куп. мене ме интересира кое беше официјалното соопштение на МВР за тоа кој ги нашол.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Првиот пат на 192 се јавил човек околу 22:15. На полицајците им соопштил дека видел луѓе како лежат во близина на езерото и дека полицијата можеби треба да провери дали се пијани или им треба помош.
Петнаесет минути подоцна следува вториот повик, тројца рибари налетале на телата на момчињата и во 22:30 пријавиле дека станува збор за убиство. Првите полицајци пристигнале многу скоро, бидејќи по првиот повик веќе се упатиле кон езерото.
Првата вест за убиството е објавена на 00:04 на Press24, стави минус пола час за да се разнесе информацијата и да дојде до медиумите, значи околу 23:00-23:30 ги пронашле.
http://maps.google.com/maps?saddr=Бутелска&daddr=M4&hl=en&ie=UTF8&ll=42.037692,21.47398&spn=0.031937,0.084543&sll=42.038361,21.451685&sspn=0.007984,0.021136&geocode=Fc5xgQIdqkBHAQ;Fe1cgQIdltJHAQ&oq=skopje&mra=mift&mrsp=0&sz=16&t=m&z=14

Три минути се потребни да се стигне до местото од полициската станица во Бутел, ете и 5 да им требаат додека влезат во кола, некако мене не ми се поклопуваат коцкиве кога станува збор за ова.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
http://maps.google.com/maps?saddr=Бутелска&daddr=M4&hl=en&ie=UTF8&ll=42.037692,21.47398&spn=0.031937,0.084543&sll=42.038361,21.451685&sspn=0.007984,0.021136&geocode=Fc5xgQIdqkBHAQ;Fe1cgQIdltJHAQ&oq=skopje&mra=mift&mrsp=0&sz=16&t=m&z=14

Три минути се потребни да се стигне до местото од полициската станица во Бутел, ете и 5 да им требаат додека влезат во кола, некако мене не ми се поклопуваат коцкиве кога станува збор за ова.
Сигурно стигнале за 3 минути, што не ти е јасно?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
47
Поени од реакции
21
http://maps.google.com/maps?saddr=Бутелска&daddr=M4&hl=en&ie=UTF8&ll=42.037692,21.47398&spn=0.031937,0.084543&sll=42.038361,21.451685&sspn=0.007984,0.021136&geocode=Fc5xgQIdqkBHAQ;Fe1cgQIdltJHAQ&oq=skopje&mra=mift&mrsp=0&sz=16&t=m&z=14

Три минути се потребни да се стигне до местото од полициската станица во Бутел, ете и 5 да им требаат додека влезат во кола, некако мене не ми се поклопуваат коцкиве кога станува збор за ова.
А на убијците би им требало 12 мин до косовска граница,ај нека се 20
http://maps.google.com/maps?saddr=Бутелска&daddr=M4&hl=en&ie=UTF8&ll=42.037692,21.47398&spn=0.031937,0.084543&sll=42.038361,21.451685&sspn=0.007984,0.021136&geocode=Fc5xgQIdqkBHAQ;Fe1cgQIdltJHAQ&oq=skopje&mra=mift&mrsp=0&sz=16&t=m&z=14
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Сигурно стигнале за 3 минути, што не ти е јасно?
Од кај знаеш?
--- надополнето: 20 април 2012 во 23:21 ---
Роднина на Борче Стефковски како што разбрав јас.
А?
--- надополнето: 20 април 2012 во 23:21 ---
Убијците можеле џоинт на раат да испушат, не па да стигнат до некоја граница. До Грција можеле да стигнат со добра кола, не пак до косовска граница.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
http://maps.google.com/maps?saddr=Бутелска&daddr=M4&hl=en&ie=UTF8&ll=42.037692,21.47398&spn=0.031937,0.084543&sll=42.038361,21.451685&sspn=0.007984,0.021136&geocode=Fc5xgQIdqkBHAQ;Fe1cgQIdltJHAQ&oq=skopje&mra=mift&mrsp=0&sz=16&t=m&z=14

Три минути се потребни да се стигне до местото од полициската станица во Бутел, ете и 5 да им требаат додека влезат во кола, некако мене не ми се поклопуваат коцкиве кога станува збор за ова.
А ти мислиш они чекале у кола.Сигурно биле задремани тоа време.Човекот врти на 192 пријавува во 22:15,две три минути раскажувал што видел.Од 192 се јавуваат до најблиската станица (во случајов Бутел) и им ја пренесуваат пријавата.Надлежниот повикува 2ца џаболебари им кажува да седнат у кола и да го проверат пријавеното.Мало негодување - ејјјј кај мене ме најде сега,прати го Рајко,Петко они цел ден прчат ку*.После малце се спремаат тука палто,пиштол,пендрак,радиостаница и одат позади на паркинг.Палат крајслерот и од тука имаат околу 5 мин до местото.Така да според мене стигнале негде 22:40 - 22:50. со триста маки :D
 
Член од
16 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Killers in Smiljkovci were trained professionals

Убијците кај Смиљковци биле истренирани професионалци

Според тоа што наши психијатри и психолози можат да го заклучат за сторителите на убиството кај Смиљковци, станува збор за психопати, за бездушни луѓе што имаат нарушена личност, но луѓе што се пресметливи, кои точно занеле што прават и кои се кривично одговорни

Психолошки профил на злосторниците

Убијците на петте рибари кај скопско Смиљковци се психопати, кои се лесно сугестибилни, па лесно може и се инструираат, не фатиле првпат оружје во рака, професионално се истренирани да пукаат и знаат каде да го сторат тоа кога сакаат или треба да убијат, а секако не пукале во афект, туку со цел. Вака психијатри и психолози со кои разговаравме се обидоа да го искројат психолошкиот профил на убијците кај Железарско Езеро, врз основа на информациите што досега и се познати на пошироката јавност.
- Згрозен сум како и сите. Тоа се луѓе што немаат морал, совест, немаат сочувство или, пак, се нелуѓе. И ѕверот не убива ако не е гладен. Кај нив недостига суперего, корективниот елемент од личноста - вели проф. д-р Антони Новотни, директор на Клиниката за психијатрија во Скопје.



Искусни убијци

Психијатарот д-р Зора Митиќ објаснува дека од официјалните информации што стигнаа до јавноста може да се заклучи дека не станува збор за психички болен или психички болни луѓе, туку за психопати.
- Психопатијата е нарушување во структурата на личноста при нејзиното формирање и тоа се случува поради различни фактори. Прво може да биде поради генетичка предиспозиција, потоа поради услови во семејството, а и поради социјалната средина. Психопатите имаат недостиг од емоции или проблеми со нив. Тие имаат извртена слика за тоа каков треба да се биде - рече д-р Митиќ.

Таа објаснува дека тие немаат чувство за сомилост, топлина, човечност, етичност, морал, љубов и кај нив на прво место преовладува личниот интерес.

- Моја претпоставка за овој случај е дека се работи за психопати кај кои на некој начин структурата на личноста соодветствува со начинот на кој живеат и функционираат. Она што досега официјално го знаеме наведува на помисла дека овие луѓе имаат искуство за вакви акти, дејства - додава д-р Митиќ.

И психологот и психотерапевт Милка Ололоска смета дека личноста на убиецот или убијците има психопатска или социопатска структура. Тоа не значи дека тие се непресметливи. Нив, вели таа, ги гони законот, а психијатриското третирање и ресоцијализацијата не даваат резултати или, пак, тие се многу мали.

- Не може да е здрава личност некој што убива луѓе што си фаќаат риба. Но тоа се личности што не може да се стават на место на жртвата, немаат ниту најмал процент на емпатија, а интелигенцијата не им е ограничена, свесни се за делото - вели Ололоска.

Може да бидат секаде

Делото, објаснува Ололоска, е позната цел за нив и не се грижат што тоа ќе побуди кај средината. Единствена цел им е да му нанесат зло на оној што ќе го одредат како жртва.

- Овие луѓе не се грижат за последиците од нивните постапки. Казната не ги тангира и таа може да им биде работа на престиж. Едноставно, казната кај нив нема ефект, па ресоцијализацијата кај ваквите луѓе или не функционира или многу малку функционира - изјави нашата соговорничка.
Ололоска објаснува дека се работи за многу сугестибилни луѓе.

- Лесно потпаѓаат под туѓа сугестија, што значи дека може да бидат лесно инструирани. Или да функционираат како роботи по наредба „оди направи го тоа“ - вели таа.

Според неа, официјално потврдените информации за убиството наведуваат на заклучок дека се работи за луѓе што имаат искуство со оружје.

- Прво, имале оружје. Ако држиш оружје, значи дека имаш цел. Второ, знаеле како да пукаат. Тие точно центрирале во горните делови на телата. Значи, не фатиле пиштол во рака првпат во животот. Трето, лаик не пука на ист начин кај четворица или петмина. Потоа, овде не се работи за афект. Затоа што тој што е во афект, би пукал многу истрели, па еден ќе погоди. Овде, по сѐ изгледа, се работи за обучени и истренирани убијци што имаат искуство со оружје. Звучи стравотно, особено за семејствата на жртвите, но по стореното дело овие луѓе може да си седнат и на мир да ручаат, па дури и да запеат некоја песна - објаснува нашата соговорничка.

Психолошкиот профил што таа го опиша вели дека не може лесно да се препознае во околината.

- Тоа ви е лотарија. Може да седат и до вас во автобус. Со такви, подобро да имате среќа да не влезете во кавга - заклучува Ололоска.

Инаку, според последните информации од МВР, убијците оставиле многу траги, а на десетина километри од местото на злосторството пронајден е автомобил „опел омега“, за кој постојат индиции дека бил користен за време на злосторството. „Опелот“ имал регистарски таблички од друго возило, најверојатно од постар модел на „мерцедес“.

Она што досега се знае, а го изнесе министерката Гордана Јанкуловска, е дека момчињата се убиени од три видови оружје и во нив било пукано од три страни. Досега, според Јанкуловска, се сослушани над сто лица, но никој не бил уапсен. Министерката патем ја отфрли шпекулацијата дека убиените биле сведоци на некакво кривично дело поради што биле убиени.

Има извесни шпекулации дека, наводно, близу местото каде што се убиени Цветан, Филип, Александар, Кире и Борче имало уште еден очевидец, кого убијците не го забележале и дека полицијата во тајност го чува неговиот идентитет. Но таквите сознанија никој не ги потврдува.

- Во интерес на истрагата во моментов не можеме да поделиме повеќе детали со јавноста - велат од МВР.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Не сум партиски определена личност, ама зад се ова стои политика. А ние сме ко робови во сопствената држава и што сакаат тоа си прават со нас.
Зарем не треба да има ден на жалост? Малку од малку да се даде почит.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
464
Поени од реакции
285
Стевковски: Убијците на брат ми не се Македонци или Албанци, тие се само убијци
За Цветан Стевковски, брат на убиениот Борче од Црешево, убијците на брат му носат само едно име „Убијци“. Според него, тие не се ниту Албанци, ниту Македонци, туку се само убијци. Во изјава за весникот Лајм, братот на убиениот Стевковски тврди дека неговото семејство секогаш имало добри односи со Албанците.


- Од наша страна не постои омраза кон Албанците. Имам пријатели Албанци и мојот покоен брат имаше пријатели Албанци. Ние сè уште контактираме со нив и на погребот на мојот брат дојдоа и Албанци. Имам пријатели од сите националности и омразата не преовладува кај мене. Омразата кај мене е само кон убијците. Убијците на брат ми не се ниту Албанци, ниту Македонци, ниту Турци, ниту Срби, ниту на Роми. Тие имаат само едно име - убиец - изјавил Стевковски.

Тој е револтиран од начинот на пласирање на информациите за убиството во српските медиуми. Смета дека сакаат да предизвикаат тензија и да пропагираат етничка омрза.

- Не сакам да се шири омраза меѓу нас луѓето. Сакам соработка, заедничко инсистирање убијците да бидат фатени и казнети, без разлика од која националност се. Тоа се убијци, убија невин човек. Убија петмина невини - вели Стевковски.

Рибарот Борче Стевковски, заедно со уште четирите момчиња рибари, Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Филип Славковски и Александар Наќевски беше убиен во четврток пред Велигденските празници на Железарското езеро кај Смиљковци.--- надополнето: 21 април 2012 во 11:35 ---
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Одминувањето на времето еден од факторите што можат негативно да влијаат врз исходот на истрагата, вели Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање

Дали сметате дека во случајот „Смилковци“ затаија разузнавачките служби?
- Безбедносните служби во Македонија, во согласност со законските надлежности, имаат обврска да прибираат податоци и сознанија, со цел навреме да ги идентификуваат можните закани за безбедноста и сигурноста на граѓаните. Притоа, тие преземаат многубројни мерки и активности, кои се регулирани со подзаконските акти поради превенција, предупредување и неутрализирање на конкретни безбедносни закани. Во зависност од тоа дали изворот на заканите, односно потенцијалните извршители дејствуваат од земјата или од странство, се дефинирани конкретните надлежности на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Од особено значење е меѓусебната координација на овие сервиси внатре во земјата, но и нивната соработка и размена на информации со релевантните партнери во странство. За сите сознанија поврзани со можни закани од безбедносен карактер овие служби се обврзани редовно и навремено да го информираат државното раководство. Имајќи го предвид наведеното, станува очигледно дека во последниот настан со убиството во близина на село Смилковци македонските безбедносни служби затаиле. Конкретна последица на потфрлањето, наместо навреме да се превенира, предупреди и неутрализира заканата, се петте одземени животи на наши граѓани.

За жал, петте невини човечки жртви не беа доволен повод ниту за вообичаените чекори во вакви ситуации од страна на највисокото државно раководство, како што е свикување на Советот за безбедност, каде што ќе можеше да се констатира зошто и каде потфрлиле безбедносните служби, како најповикани за спречување вакви случаи, и да се утврдат натамошните конкретни чекори што треба да се преземат.



Дали сметате дека од оваа дистанца е можно да се дојде до точни разузнавачки податоци за тоа што навистина се случило?
- Кога ќе затаи превенцијата, останува обврската на надлежните служби да преземат се' за пронаоѓање на сторителите, а прв чекор во вакви околности е обезбедување на трагите, а веднаш потоа е можна поверодостојна реконструкција на настанот. Од особена важност е временската дистанца, затоа што опстојувањето на дел од трагите е поврзано со временскиот фактор. Ако сето ова е благовремено и квалитетно направено, би можело да води до можните сторители. Гледано од овој аспект, одминувањето на времето е еден од факторите кои, за жал, можат негативно да влијаат на позитивниот исход на истрагата.



Во јавноста се појавија информации за прегрупирање на групи во Кумановскиот регион, што беше подоцна демантирано од државните институции. Колку е можно разузнавачките служби да ги спречат евентулните прегрупирања?
- Ваквите сознанија, доколку се покаже дека се веродостојни, може да бидат загрижувачки. Оттука, одговорноста на безбедносните служби за следење и сериозна проверка на ваквите информации е огромна. Според законските надлежности, овие служби, доколку утврдат постоење и функционирање на какви било нелегални формации, треба да преземат соодветни активности за нивно неутрализирање. Капацитетот за соодветна реакција во таа насока првенствено е прашање за оние кои стојат на чело на безбедносните сервиси.



Дали се согласувате со процените во јавноста дека станува збор за терористички акт и колку се сериозни заканите што преку интернет стигнуваат од Косово?
- Во овој момент и врз основа на досегашните информации, сметам дека е се' уште рано да се даваат дефинитивни квалификации. Од досегашните медиумски информации може да се заклучи дека повеќекратното убиство е извршено од повеќе лица, кои користеле три различни оружја и кои презеле активности за прикривање на трагите. Сето ова, вклучувајќи ги и веројатните подготвителни активности, како и изборот на местото, времето и жртвите, упатува на постоење на одредено професионално знаење и искуство. Меѓутоа, за да се зборува за тероризам, и покрај присуството на одредени елементи, потребно е да се имаат и други информации, вклучително и мотивацијата на извршителите. Во овој случај, неоспорна е употребата на сурово насилство, поради што е и очигледно присуството на страв во јавноста, но се' уште нема или не се уверливо декларирани сериозни намери за постигнување одредени цели, било да се работи за идеолошки, политички или религиозни.

Инаку, кога станува збор за безбедноста, која било закана и од каде било да доаѓа, треба да се земе со целосна сериозност и да се преземат сите неопходни мерки за проверка на релевантноста.



Може ли да се повтори 2001 и повторна дестабилизација во земјава?
За жал, асоцијациите на настаните од 2001 се наметнуваат секогаш кога се соочуваме со сериозни безбедносни закани, а воедно недостигаат уверливи одговори на оние кои се најодговорни за безбедноста на земјата. Затоа, во дадената ситуација нормално е да се очекува промптна, сериозна и успешна акција на безбедносните служби за затворање на случајот.

Но, кога разговараме за прашањата поврзани со можноста за евентуална дестабилизација, на сите треба да ни биде јасно дека брза интеграција во евроатлантските и европските структури е најдобра заштита од потенцијалните безбедносни закани за нашата земја. Оттука, ваквите сериозни предизвици со кои повремено се соочуваме можеби треба да бидат повод да се запрашаме и за причините поради кои 11 години по конфликтот нашата земја се' уште тапка во место, како се случи сега да им гледаме во грб на некои од земјите кои не беа ни формирани во времето кога ние го отпочнувавме одот по патот на интеграциските процеси и, конечно, кои се причините Македонија, наместо во НАТО и Европската унија, се' уште да стои на слеп колосек?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E69C2DC80F58174387C69AD6874F19D5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom