Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.065
ФАТИМЕ ФЕТАИ ГИ РАСПЛАКА РОДНИНИТЕ НА УБИЕНИТЕ ДЕЦА КАЈ СМИЛКОВСКO ЕЗЕРО
https://sdk.mk/index.php/naslovna/fatime-fetai-gi-rasplaka-rodninite-na-ubienite-detsa-kaj-smilkovski-ezero/

Судијата Огнен Ставрев како претседател на советот и колегата Осман Шабани го почнаа повтореното судење во Кривичниот суд за случајот „Монструм“.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, кое го презеде случајот откако Врховниот суд ги укина пресудите против шестемина обвинети, го читаше првин старото обвинение и ги расплака во судницата родителите на убиените деца.

Потоа за убиството на децата: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски на Смилковското езеро на 12 април 2012 година, обвинението на СЈО со мала измена, го прочита обвинителот Гаврил Бубевски.

СЈО останува на речиси истото обвинение од организиран криминал за извршен тероризам против обвинетите, од кои двајца 6 години се недостапни. Но, претходно Фетаи најави дека на повтореното судење СЈО ќе изведе нови докази, досега неизведени.

Во тек е сослушувањето на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Речиси истото обвинение за тероризам.... Да ги прашам оние што мантраа: син му на Трајко, операција на Орце Камчев и местенка, фалс флаг глупости.... дали можеби се осеќаат насамарени....

7-ми обвинет треба да е Зоран Заев, за пуштање на обвинетите од затвор, прикривање на докази и така натаму...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Македонија може сега да побара екстрадитиција на овие од Косово, пошто причината да бегаат таму, на нив самите, им беше тоа што има режим кој нема праведно да им суди.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.065
Македонија може сега да побара екстрадитиција на овие од Косово, пошто причината да бегаат таму, на нив самите, им беше тоа што има режим кој нема праведно да им суди.
Кад би се зајебавали...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Македонија може сега да побара екстрадитиција на овие од Косово, пошто причината да бегаат таму, на нив самите, им беше тоа што има режим кој нема праведно да им суди.
Nad 80 lica što se baraat so poternica na MVR vo momentov se naogjaat na teritorijata na Kosovo
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Све нешто некому се слошуе на рочиштата.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Нели рибарот е убиен? имало и втор рибар?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.065
Нели рибарот е убиен? имало и втор рибар?
Рибарите кои биле Муслимани, иако сведоци, не биле убиени, туку само избркани под закана на оружје ...
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
https://plusinfo.mk/обвинет-во-монструм-пред-шест-години/
По сведочењето на двајцата рибари, во судница на рочиштето за случајот „Монструм“, се гледа видео снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири пред истражен судија даден пред околу шест години во време кога тој се откажува од статусот загрозен сведок.

– Мојата улога беше да ги пречекам Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Требаше да ги пречекам на обиколница на Качанички пат зашто претходно имале нерасчистени сметки со некого. Со Алил Демири се слушнав на 11 април 2012 околу 23 часот за да се видиме утредента кај него околу 12 часот. Се видовме утредента кај него и отидовме кај Африм. Таму Африм ми рече дека ќе направат нешто зашто имале нерасчистени сметки. Ми рече да го земам брат му Агим Исмаиловиќ околу 18 часот. После тоа го однесов Агим во Топанско поле на паркинг за да го земе возилото опел омега. Јас потоа отидов на местото каде требаше да ги чекам околу 19.20. Чекав и околу 20 часот опел омегата дојде и застана позади моето возило. Не видов кој излезе од возилото, но тогаш Агим и Африм Исмаиловиќ дојдоа во моето возило, немаа оружје, беа во тренерки и црни капи и ракавици – изјавил тогаш Азири пред истражниот судија.

Според тогашниот исказ, тој ги прашал што се случило и тие му одговориле:


,,Направивме гомнарија, убивме човек. Му рекле да вози кај него дома.

– Откако ми рекоа дека убиле човек ја само возев и ништо не прашав и не гледав ниту лево ниту десно – зборувал обвинетиот пред пред околу шест години.

Подоцна тој видел на Интернет дека имало петкратно убиство, а два дена покасно на порталите го видел возилото опел омега.

Кога тој бил повикан во полиција и му ги покажале доказите, на Азири му станало јасно дека тоа кога ги чекал браќата Исмаиловиќ на Качанички пат е всушност дел од петкратното убиство.

– Јас да знаев дека се работи за тоа никогаш не би прифатил да одам таму и да ги чекам- рекол Азири пред шест години.

Тој кажа дека од каење и кошмари во тој период ослабел 20 килограми.
Како тоа преку лешеви се гази за да се стигне до премиерскиот трон.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ако збориме за тоа, и на обајцата што не искрадоа и што не крадат треба да им се опне еден јак стап, да ги пикнат у затвор да скапат да видат како е.
By the way, има ли тема за политика? Сакам и ја да се уфрлам да пишам нешто бидејки ова више не се трпи...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Ако збориме за тоа, и на обајцата што не искрадоа и што не крадат треба да им се опне еден јак стап, да ги пикнат у затвор да скапат да видат како е.
By the way, има ли тема за политика? Сакам и ја да се уфрлам да пишам нешто бидејки ова више не се трпи...
Нема!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Moжно е Смилковско да беше искористено од Заев на изборите за албански гласови.

Има проблеми во истрагата (бомби и др.), тоа го кажа тој во предизборие, па се запалија Албанциве во контекст на нивниот шовинизам - "не се криви!" и слични патетики кои ги слушаме од нив за секој ебан чин на религијско и етничко насилство.
И гласаа за Заев (секако и поради други причини)

И стварно може така да биде - имало пропусти во истрагата, процесот...а сега ќе иде тоа одпоново и пропустите ќе ги нема овој пат, али исходот ќе биде истиот.

Ова е една од можните разврски, која ќе ги разочара нашите пријатели сожители муслимани, али дел од нив ќе мислат дека штом новата власт на Заев така истражила и дошла до тој заклучок, гарант е така.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom