Не е “зошто се онолку пукања/масовни убиства“ туку е “ќути може и бетер“, знаејќи како се однесуваат со работниците на работа, посебно оваа пошколуваната популација што работи на биро во канцеларија цел ден- до гуша се во долгови од студентски кредити (меѓу другото), додека добијат работа одат на 3-4 интервјуа, поминат низ корпоративното сито и решето после месец-два ги отпуштаат, по социјалните мрежи има сведоштва од помладата популација како ги зафркаваат “вработен си- отпуштен си“... за време Ковид пландемијата за било какво вработување во нивната сојузна влада (од биро работа до одење во војска) вакцинацијата ја направија задолжителна без исклучоци... на многу повеќе луѓе им пука филмот одошто само на востаниците што се фатиле за пушка.
Едно време имав теорија дека пуканцијата се случува оти оружјето се сфаќа здраво за готово, погрешно се рекламира, безмалку како да си купил нов мобилен или лаптоп иако оружјето го бива само за една работа- не можеш со пукалото и да опнеш слика на Инста итн... дека проблемот би се решил со задолжителен воен рок, дај им на момците да се издуваат и испукаат од сѐ што има американската војска како пешадиско оружје, ама и да го чистат оружјето после секоја употреба па да видиме како брзо ќе им помине меракот... изгледа дека е само дел од решението, многу мал.
Највеќе е заради тенка кожа на модерниве генерации, сите се вреѓаат од сѐ, или се преправаат дека се вреѓаат заради општествениот статус што го носи титулата “жртва“, не знаат да се откажат/одминат од конфликт (што е модус операнди на женската популација, не можеш од конфликт да ги тргнеш оти знаат дека некаде некое маже ќе рипне да ги брани дали оти е симпатизер или по службена должност). Е сега зошто е кожата тенка, кој ги формира новиве генерации: погледни го образовниот систем, не само во Америка, насекаде низ западните земји... млади момци на возраст од 0 до 18 години се под стопостотна контрола на феминистичките канџи, присети се кога последен пат си видел учител во основно школо, мажите во образованието се длабоко малцинство а младите момци поминуваат многу повеќе време со учителки/професорки отколку дома со мајка им. Таткото во најмалку 50% случаеви е надвор од животот на момчето, или мајката го развела или минува вечност на работа за да покрие долгови и хирови на неговата/“неговата“ сопруга или е во затвор, има случаеви (во незанемарлива бројка) мајката да го даде малиот син на тестирање за АДХД, аутизам итн. за да би можела и од владата да приграби помош освен од алиментацијата од таткото на нејзиното дете без разлика дали тоа дете е навистина болно или не. Младичот скоро сите свои клучни години кога се формира личноста е опкружен со возрасни татини принцези кои имаат апсолутен и неоспорен од никого авторитет врз него, тој ги гледа како се со тенка кожа и како тоа совршено лесно им поминува и добиваат секоја битка па мисли дека тенкокожието е нормално.
Трагично од една и само една партија, партијата на Сорос, Бил Гејтс, Фаучи и Обама, форсираат забрана на цивилно поседување на огнено оружје како решение на проблемот- а токму таа партија е творец на проблемот на несакани деца, владеење на феминизмот во образовниот систем, креирањето војни насекаде низ светот и јасно е дека тие се ппоследните кои би сакале овој проблем да го решат во корен. И другата партија не е нешто посебно заинтересирана да го реши проблемот во корен- цели се во некои компромиси додека играат ситно оро околу нервите на гласачите кои се членови на сојузното здружение на иматели на огнено оружје (НРА).
Има ли крај на микро-востанијата... нема, ќе стане уште полошо. Ниеден сериозен политички субјект нема ама баш никаква волја да им застане на пат на феминистичкиот посед врз образовниот систем, на злоупотребата на семејното право од страна на жените, на воените профитери во обете партии, на неоколонијалистичката елита која го жртвува мнозинството за опстанок на сопствениот елитен статус...
Легално во Америка може да се купи југословенско оружје и соодветна муниција, како е тоа дојдено од арсеналите на бившојугословенските републики е интересно прашање, во истите тие републики иако рокот на употреба на тоа оружје е близу истекување не можеш ни да примирисаш...