Маркетите стануваат производители (Трговските синџири „произведуваат“ најевтино)

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
МАРKЕТИТЕ СТАНУВААТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
Трговските синџири „произведуваат“ најевтино

Според неофицијалните податоци, производите наменети за одреден маркет, со неговото лого, се најпродавани во последниве две години
Ајвар, краставички, слатко пакувано за познат синџир маркети со негово лого, но и шеќер, брашно, леб. Производителот е од Македонија, производите се добро познати, со препознатлив вкус, но цената е од 10 до 30 отсто пониска ако производот го купите со логото на трговската марка. Според неофицијалните податоци, токму производите што се наменски произведени за одреден маркет, со неговото лого, се најпродаваните во последниве две години. Според истата статистика, нивната продажба секој месец се зголемува, па тоа е причината поради која и производството на овие артикли се проширува. Граѓаните што ги затекнавме вчера меѓу рафтовите на маркетите велат дека с` почесто се одлучуваат за овие производи.

- Ако порано со резерва гледав на производите што се продаваа со логото на маркетот, сега с` почесто ги купувам. Еве, гледате дека во кошничката имам шеќер, брашно и колачи кои се произведени со логото на маркетов. Шеќерот е 41 денар, а следната цена по која може да го купите е 44 денари за истата количина. Нивното брашно тип 400 е 40 денари, а она слично по квалитет од друг производител е 46 денари за килограм. Денар по денар, ако соберете с`, ќе видите дека се исплати - вели скопјанката Јасмина Трајкова.

Во големите маркети не сакаат официјално да зборуваат за производите што се продаваат под нивно лого. Неофицијално потврдуваат дека тоа се најпродаваните производи. Ако прошетате по рафтовите, може да забележите дека со логото на маркетот се продава речиси с`. Од леб, преку тестенини, до конзервирани производи, шампони, омекнувач за алишта за перење, па и чепкалки за уши.

Лебот е поевтин за 2 денара, „смоките“ за 3 денари, кексите со желе од портокал за 10 денари (бидејќи немаат картонска амбалажа), омекнувачот за алишта за 20 денари, сирењето за 30, а ајварот за цели 40 денари.

Ако го видите производителот, ќе сфатите дека е добро познат и дека ги има истите производи со свое лого. Вака гледано, излегува дека тој сам на себе си прави конкуренција. Но, според производителите, економската логика во производство за познат синџир е во количината што ја нарачуваат.

- Производите што ги правиме за маркетите со нивно лого не се со послаб квалитет, ниту пак им недостига нешто. Цената е пониска бидејќи количината што ја произведуваме за нив е поголема, а тие додаваат и пониска маржа. Од друга страна, пакувањето е различно и малку од купувачите се интересираат за производителот, па не прават споредба дека истите колачи ги има и под друго име. На сите во последно време им е битна цената - велат некои од производителите на кондиторски производи што работат за трговските синџири.

Експертите сметаат дека ова е светска практика.

- Ако пред неколку години на граѓаните им беше битно да купат познат бренд на прашок за перење или сакаа да се засладат со колачи чие име значеше квалитет, сега бараат што е поевтино. Не е ни чудно што најпродавани се производите со лого на маркетите, бидејќи имаат пониска цена. Се надевам дека за неа купуваат квалитет и дека на тие производи ништо не им недостига - велат економистите.

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека досега никој не се пожалил за овие производи. Дури граѓаните имаат пофални зборови кога е цената во прашање.

Производителите велат дека ако се раководат по светските трендови, кои во последно време ги практикуваат големите синџири маркети, не е далеку денот кога од трговските синџири ќе им стигнат нарачки за производство на шампон за едно миење или прашок за едно перење.
Валентина Ангеловска

Извор: Дневник
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Тоа се private label има специјализирани фирми кој ти прават производи со твој label. Обично тие производи се поконкуренти во маркетите со тој лајбел. Така да секогаш купувам такви. Ова долго време го има во странство и е добра практика. Мислам дека КАМ маркет прв почна со тоа пред 6-7 години. Производителот заштедува на маркетинг и пробување на пазар а има сигурен пласма и може полесно да планира идно производство. Маркетот има поефтин производ со ист квалитет и плус е бесплатна реклама. Во основа сите добиваат и производител и маркет и потрошувач.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Уште редовно да им плаќаат на производителите и приказнава ќе биде совршена. Наместо да даваат пари за „туѓи“ производи кој не им ги даваат на одложено ако е увозна роба они си наоѓаат домашни замени и си ги вртат нивните пари по 90 дена. Му доаѓа слично на кредитирање без камата. Секоја чест за големите маркети така се станува богаташ.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Овоа не е практика само тука . И у Европа е исто.
Само ме интересира квалитетот на храната дали е ист како и оној на конкуренцијата ?
Не е само цената и вкусот , туку што се внесува во организамот.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.311
Овоа не е практика само тука . И у Европа е исто.
Само ме интересира квалитетот на храната дали е ист како и оној на конкуренцијата ?
Не е само цената и вкусот , туку што се внесува во организамот.
Па највероватно квалитетот е ист, во други земји и ефтините производи добро се проценети во разни тестово но некојпат на пример на прехрамбени производи може да се разликува малце рецептурата и тука малце да се штеди но тоа не значи дека производите се лоши или второкласни во квалитетот.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Уште редовно да им плаќаат на производителите и приказнава ќе биде совршена. Наместо да даваат пари за „туѓи“ производи кој не им ги даваат на одложено ако е увозна роба они си наоѓаат домашни замени и си ги вртат нивните пари по 90 дена. Му доаѓа слично на кредитирање без камата. Секоја чест за големите маркети така се станува богаташ.
Ај ми го зеде муабетот.Тинекс на пример пропадна една фирма во Кавадарци пред неколку години на оваа ‘трговија‘.
Единствено ‘маркет производител‘ би бил Тедико со сувомеснатите, од времето кога МИС Глобус стана газда на Тедико...

Тоа се private label има специјализирани фирми кој ти прават производи со твој label..
Мајонезот/кечапот во Тинекс е од КИМ.Тестото за пица во КАМ е од Трио Прилеп или Жито Леб.Печурките од Бонум исто, смрзнат зеленчук од Цермат...
Витаминка работат најголем дел од нивните производи за словенечки Меркатор и нешто за КАМ по ваков принцип.
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Уште редовно да им плаќаат на производителите и приказнава ќе биде совршена. Наместо да даваат пари за „туѓи“ производи кој не им ги даваат на одложено ако е увозна роба они си наоѓаат домашни замени и си ги вртат нивните пари по 90 дена. Му доаѓа слично на кредитирање без камата. Секоја чест за големите маркети така се станува богаташ.
Од ова не разбрав ама баш ништо.
--- надополнето: 24 септември 2012 во 00:43 ---
Ам да видите Карфур ак се отворат во новиот мол. На секој вид на продукт има замена Марка 1 или со неовото лого. Имаат ист или мн сличен вкус со другите производи а се многу поефтини. Јас во Романија на пример го купувам кашкавалот Марка 1 што чини околу 260 денари/кило а е многу повкусен од другите со цена 300-350. Купив од истата фирма што го произведува за проба, вкусот беше ист ама цената беше околу 450 денари.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од ова не разбрав ама баш ништо.
Ние како земја шеќер не произведуваме, од како се затвори Шеќерана во Битола. Женава во маркет го купила 41кг. Наместо маркетов да се поврзе со Панчево (Србија) од каде го носат шеќерот, се поврзува со локална фирма (Скопска) од каде го набавува шеќерот. Ако маркетов го купи директно од Панчево шеќерот ќе им биде со пониска цена, али за да го купи мора да плати однапред пари за да го земе. Затоа маркетов наместо да си ги затвора своите пари во продукти, ја наоѓа фирмата во Скопје која им го препакува шеќерот и и плаќа на 90 дена. Фирмата од Скопје „живее“ од таа разлика на цена која што се добива но ги затвора своите пари во маркетот. Просто кажано им дава пари на маркетот за 90 дена, а маркетот со тие пари си купува на пример да речеме Германски производи. Ако Скопската фирма капитално е јака ќе го издржи маркетот, ако и се појави еден најмал проблем ќе банкротира оти неможе да наплати од маркетот пред 90 дена.
Од друга страна маркетот наплаќа во кеш од граѓаните и маркетот ги има и парите од граѓаните и парите од производителите и на тој начин газдата на маркетот рецимо си гради трговски центар.
Го земав шеќерот како пример, бидејќи е вистинска случка. Од кога се појавија овие големи маркети банкротираше една многу голема компанија за увоз-извоз што се бавеше токму се разнесување на шеќер низ Македонија. Речиси редовно беше и во топ 100 Македонски фирми.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Но има и една друга негативна работа
Ваквите супер маркети, посебно со ваков начин на работа ги уништуваат малите продавници и ситните трговците по пазарите. А тоа значи зголемување на невработеноста.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Но има и една друга негативна работа
Ваквите супер маркети, посебно со ваков начин на работа ги уништуваат малите продавници и ситните трговците по пазарите. А тоа значи зголемување на невработеноста.
Не вработеноста се зголемува. Се отварат нови работни места во маркетите. Плус потрошувачите имаат повеќе пари кои или ги трошат или инвестираат на друго место се што резултира со нови работни места. Плус имаш нови работни места во фирми посредници кој ги пакуваат и средуваат брендовите на маркетот.
 
F

FARANG

Гостин
Во светот постојат осигураувања против вакви работи а треба и правниот систем да те штити. Во Македонија очигледно важат други правила :(



Ние како земја шеќер не произведуваме, од како се затвори Шеќерана во Битола. Женава во маркет го купила 41кг. Наместо маркетов да се поврзе со Панчево (Србија) од каде го носат шеќерот, се поврзува со локална фирма (Скопска) од каде го набавува шеќерот. Ако маркетов го купи директно од Панчево шеќерот ќе им биде со пониска цена, али за да го купи мора да плати однапред пари за да го земе. Затоа маркетов наместо да си ги затвора своите пари во продукти, ја наоѓа фирмата во Скопје која им го препакува шеќерот и и плаќа на 90 дена. Фирмата од Скопје „живее“ од таа разлика на цена која што се добива но ги затвора своите пари во маркетот. Просто кажано им дава пари на маркетот за 90 дена, а маркетот со тие пари си купува на пример да речеме Германски производи. Ако Скопската фирма капитално е јака ќе го издржи маркетот, ако и се појави еден најмал проблем ќе банкротира оти неможе да наплати од маркетот пред 90 дена.
Од друга страна маркетот наплаќа во кеш од граѓаните и маркетот ги има и парите од граѓаните и парите од производителите и на тој начин газдата на маркетот рецимо си гради трговски центар.
Го земав шеќерот како пример, бидејќи е вистинска случка. Од кога се појавија овие големи маркети банкротираше една многу голема компанија за увоз-извоз што се бавеше токму се разнесување на шеќер низ Македонија. Речиси редовно беше и во топ 100 Македонски фирми.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Типичен пример е Sainsbury во Британија
имаат чоколади од скоро сите производители, но имаат и свои чоколади што чинат многу малку
cadbury чоколада чини една фунта, а онаа од Sainsbury 0.3 фунти за 100 грама
cadbury е марка, и е повкусна,10/10, но и онаа од Sainsbury не е лоша, 8/10

Истото е и со корнфлејкс, оној од марката К чини 1.7 фунти, а од Sainsbury е 0.3

Квалитетот е сличен, но огромна разлика во цената
 
F

FARANG

Гостин
Фирмите кој прават private label/home brand се специјализирани за призоводство на големо. Не ги користат само маркетите него и многу други фирми како на пример Несле, Кока Кола итн. Најдобар пример во Македонија е скопска пивара која полни кока кола или прилепска со пепсито. Јас сега преговарам со една таква компанија да ми произведува чоколадо кое е популарно на балканот само ребрендирано и малце сменета формула (адекватна за тој пазар) наместо да се заебавам да отварам фабрика. На овој начин имам многу помалку трошоци за почеток и помал ризик ако понатака е успешно или ќе отворам фабрика или поверојатно само ќе го продадам брендот.

Тоа се private label има специјализирани фирми кој ти прават производи со твој label. Обично тие производи се поконкуренти во маркетите со тој лајбел. Така да секогаш купувам такви. Ова долго време го има во странство и е добра практика. Мислам дека КАМ маркет прв почна со тоа пред 6-7 години. Производителот заштедува на маркетинг и пробување на пазар а има сигурен пласма и може полесно да планира идно производство. Маркетот има поефтин производ со ист квалитет и плус е бесплатна реклама. Во основа сите добиваат и производител и маркет и потрошувач.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom